namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Плусови и минуси
Дочекот на Новата Година во домашна атмосфера има свои добри и лоши страни. Од една страна во домот се' лежи на плеќите на жената – храната, украсите, организацијата и таа поминува многу време во подготовка. Додека трае празничната вечера нејзина обврска е да се грижи за другите и да следи дали нешто им недостасува. Следниот ден пак ја чека чистење и валкани садови.
Но дочекот на Новата Година во домашна атмосфера има и многу позитивни страни. Дома има се' што му е потребно на човек за да помине една убава, празнична вечер – комфор, удобност и спокојство. Трпезата е стилски украсена, новогодишното мени е избрано по вкус и секогаш може да побарате репете без да Ви се зголеми сметката. Празникот дочекан во домашна атмосфера ќе Ве чини многу поевтино, отколку во ресторан. Покрај тоа, нема да славите со непознати луѓе, да слушате музика која не Ви се допаѓа и да се грижите што ќе правите ако случајно Ви се приспие.
Направете празнична атмосфера
Огномет, конфети, новогодишни свирки, капи со натпис – тие ќе го направат празникот уште по весел.
Тоа што сте одлучиле да ја поминете Нова Година дома не треба да Ве натера да не се дотерате и да облечете нова облека. Напротив! Ќе почувствувате уште посилна возбуда во Новогодишната ноќ ако обрнете внимание на надворешниот изглед и ако се погрижите да изгледате убаво.
Празнична трпеза
Празничната трпеза игра важна улога во домашниот празничен момент. Ако на Бадник или Божиќ треба да ги приготвите традиционалните македонски јадења, за Нова Година имате потполна слобода да експериментирате со храната.
Пригответе дел од продуктите предвреме за да Ви остане повеќе време за релаксација откако ќе ја подготвите храната. Не избирајте претешки рецепти за да не се уморите и да ја преспиете Новогодишната ноќ. Пред да чукне дванаесет часот почестете се со неколку коктели за да го зголемите степенот на расположението.
Не чекајте го последниот момент за да ја украсите празничната трпеза. направете неколку венчиња од суви плодови, растурете конфети и ставете свеќи на масата, или искористете украси од детската Новогодишна работилница.
Идеи за Новогодишната ноќ
Забава
Поканете неколку блиски пријатели дома и направете новогодишна забава. Претходно договорете се секој да носи по некоја подготвена храна од дома. По желба изберете тема на забава според интересот на гостите – караоке, вечер на игрите или ретро стил.
Семејна вечера
Дочекајте ја Новата Година со семејството. Подгответе празнична вечера, поканете ги роднините и уживајте во новогодишната ноќ. Вечерта ќе помине брзо и забавно преку раскажување на интересните моменти од Вашите животи, а Вие нема да се грижите како сте се претставиле бидејќи тоа се вашите најблиски кои знаат да го ценат секој Ваш труд.
Романтична Нова Година
Една од можностите која стои пред љубовните двојки е да ја поминат новогодишната ноќ дома, уживајќи еден во друг. Направете го посебен празникот со тоа што ќе се погрижите за деталите – шампањско, свеќи, празнична атмосфера. Поминете една мирна ноќ без предолгите подготовки. И не заборавајте да ја завршите старата и почнете Новата Година со бакнеж, кога ќе се поклопат стрелките на часовникот.
Без разлика дали дочекот на Новата Година ќе го поминете дома или надвор, најважно е да се забавувате и да го направите празникот незаборавен.
Весел дочек на Новата Година!
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...