vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Проектот е реализиран од Министерството за труд и социјална политика на РМ и ова претставува историски момент за нашата држава бидејќи ова е прв центар од ваков тип конкретно наменет за деца со аутизам, но и прв чекор кон отварањето на повеќе центри од ваков тип во РМ. Локацијата на Центарот е во Топанско поле во Скопје, на улица Втора македонска бригада бб, а истиот е при Заводот за рехабилитација на деца и младинци. Почетниот капацитет на Центарот е до 25 лица со кои во опремените простории работат стручни кадри (негувателка, логопед, дефектолог и психолог). Дневниот центар веќе е ставен во функција и е формирана првата група од 5 дечиња со кои секојдневно се работи. За дечињата Министерството обезбеди по 2 оброка дневно, а термините за прием и работа со децата се од 07:30 до 15:30 и вториот од 08:30 до 16:30 часот, зависно од потребите и можностите на семејствата. Министерството за труд и социјална политика и здружението ВО МОЈОТ СВЕТ и понатаму ќе работат на унапредување на условите и работата со дечињата со цел за поуспешно функционирање на Центарот. Заинтересираните родители за повеќе информации можат да се обратат на контакт телефоните на Дневниот Центар: 02/3297-709 и 02/3297-711 или по меил: licaprecki.sk@mtsp.gov.mk
Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ го изразува своето задоволство од реализацијата на овој проект и отпочнувањето со работа на Дневниот центар и посакува успешна работа.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како физичката форма влијае на зачнувањето?
Кога се зборува за плодноста, често се мисли на хормоните, овулацијата...
Навики што е добро да ги промените пред бременост
Подготовката за бременост не започнува дури откако ќе се појават двете...
Што значи кога ќе пукне водењакот?
„Пукна водењакот“. Реченица која многу идни мајки ја замислуваат како ...
Кога детето треба правилно да ги изговара сите букви?
„Дали е нормално моето дете сe уште да не го изговара правилно Р?“ или...
Невидливиот товар на чекањето бременост
За некои парови, желбата за бебе започнува со возбуда, планови и убави...