vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Еден американски гинеколог тврди дека ја пронашок Г-точката – центарот на задоволство која се наоѓа на предниот надворешен дел на вагината – иако многумина сметаат дека станува збор за непостоечки, фантомски дел на женската анатомија.
Во студијата објавена во “Журнал на сексуалната медицина”, Адам Острженски тврди дека го потврдил присуството на Г-точката, откако од трупот на 83-годишна жена извадил малечка “ќесеста избраздена структура”
“Студијата го потврдува анатомското постоење на Г-точката, што би можело да доведе до подобро разбирање и подобрување на женската сексуална функција”, рече Острженски кој работи на Институтот за гинекологија во Сан Петербург на Флорида.
Уредникот на журналот Ирвин Голдстајн рекол дека ова откритие допринесува во се' поголемата литература за сексуалната анатомија и физиологија на жената.
Г-точката, наречена по германскиот гинеколог Ернст Графенберг,кој прв го спомена нејзиното постоење во 1950.година, наводно е исклучително осетлив дел од вагината, кој кога е стимулиран и овозможува на жената да доживее силен оргазам, пренесува АФП.
Точната локација на Г-точката до скоро беше тема на контрадикторности и шпекулации, а многумина и понатаму се сомневаат во нејзиното постоење.
Критичарите сметаат дека ни последното откритие не докажува ништо и дека Г-точката им овозможува задоволство на само некои жени, а најголема важност и даваат производителите на сексуални помагала.
“Станува збор за дисекција на телото на една жена, чии сексуални искуства се непознати за нас. Дали ужувала во вагиналната пенетрација? Дали сметала дека стимулацијата на Г-точката е пријатна, еротска и сигурен пат до оргазам? Не знаеме”, наведува Хербеник.
Истиот журнал во 2008.година објавил статија на еден италијански стручњак кој со помош на ултразвук ги скенирал вагините на 9 жени кои тврделе дека доживуваат вагинален оргазам и 11 кои не доживувале вагинален оргазам.
Студијата заклучила дека постои извесна анатомска структура, но дека ја немаат сите жени. Критичарите тогаш рекоа дека не е јасно дали Г-точката е нова структура, или само продолжеток на клиторисот.
“Деловите на телото не се означени за да знаеме за што служат – а нарекувајќи ја оваа структура Г-точка, не значи дека таа е баш тоа”, додаде Хербеник.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Дали прекумерната тежина го отежнува забременувањето?
Доколку планирате бременост, можеби се прашувате дали телесната тежина...
Напитоци за порамен стомак. Што може да помогне?
Подуеноста и задржувањето течности понекогаш прават стомакот да изглед...
Навики на позитивните и смирените луѓе
Дали познавате луѓе кои и во стресни ситуации успеваат да останат приб...
Колку често треба да се бања бебето?
Бањањето е важен дел од негата на бебето, но не мора да биде секојднев...
Разговорот за проширување на семејството е еден од најважните чекори в...