Спијте, одморајте се, гледајте ТВ и одете на романтични вечери со вашиот партнер – тоа ќе ви кажат повеќето, пред да добиете бебе. Но јас сум овде за да ви кажам да НЕ ги правите овие работи пред породување. Еве што да правите...
За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Доколку само спиете, се одморате, шетате и се релаксирате, породувањето ќе биде преголем шок за вашиот организам. Наместо тоа, чекор по чекор навикнувајте се на екстремниот замор, стрес и хаос кој ве чека.
Еве неколку начини како да се подготвите за доаѓањето на бебето:
- Наместете го вашиот аларм да ѕвони на секој час меѓу 20 часот навечер и 8 часот наутро. Кога ќе го слушнете алармот веднаш вадете ја градата и оставете ја извадена 5-10 минути. Потоа станете и чудете се што да правите, држејќи во раце голема кукла. Играјте и пејте песни, се додека не ви се причини дека ќе паднете. Повторувајте го истото секоја вечер.
- Во текот на денот носете ја куклата во раце, каде и да одите низ куќата. Всушност најдобро е да не ја испуштате од раце. Морате да јадете, да пиете и да одите во тоалет, заедно со куклата.
- Не седнувајте. Никогаш.
- Консумирајте само ладна храна и напитоци. Само два пати на ден.
- Не одете сама во тоалет. Никогаш.
- Почнете да се навикнувате на новите мириси со кои ќе бидете опкружени. Истурете урина на креветот, истурете млеко и повратете. Исчистете откако ќе се исуши.
- Врзете си ја едната рака на грбот и извршувајте ги сите работни задачи само со една рака.
- Испразнете ја фиоката со чорапи, половина од нив фрлете ги во канта, а остатокот расфрлете го низ цела куќа.
- Ставете ги рацете целосно во мед. Потоа размачкајте го медот преку цел екран на ТВ.
- Себерете се' што имате убаво и вредно. Земете чекан и здробете го на парчиња.
- Заборавете туширање секој ден – научете се да го сакате природниот мирис на вашето тело.
- Купете уште една машина за перење за резерва.
- Научете се да го сакате кафето. Ќе ви стане најдобар пријател.
- Излепете го целиот намештај со налепници и сликчиња.
- Инвестирајте во количка за носење еднократни пелени и бебешки марамчиња.
- Фрлете ги сите книги кои ги имате за одгледување на бебе. Единствениот експерт во вашиот дом сте вие.
Со среќа!
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Слични содржини, кои ги читаат другите корисници
Што не треба да правите по породувањето?
Како нова мама, може да се чувствувате како да има многу правила за тоа што треба/не треба да правите по породувањето. Н...
5
Бледа линија на тестот за бременост
Користењето на домашен тест за бременост е многу едноставно. Две линии значат дека сте бремена, една дека не сте. Но што...
4
Како да се намали анксиозноста во бременост?
Бременоста е период исполнет со радост и очекување, но истовремено може да донесе и чувство на несигурност, страв и анкс...
4
Што не смеете да и кажете на бремена жена
Еве неколку работи кои ако Ви дојдат на ум да и ги кажете на бремена жена, најдобро би било да ги задржите за себе, биде...
4