|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Опасни методи за губење на телесната тежина

Редакција Рингераја, 19.5.2012
Одбирањето на најдобриот начин за да ја изгубите телесната тежина може да биде тешка одлука за Вас. Планот за губење на телесната тежина вклучува добро балансирана диета и физичка активност. Некои мерки на исхрана се опасни и треба да се избегнуваат

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Претерано вежбање


Физичката активност која ја поминува точката на исцрпување е нездрава за вашето тело. Ако прескокнувате обврски за да одите во вежбална, напуштате порано на работа или имате чувство дека треба да лажете или да се криете за да ја одржите вашата рутина на вежбање, тогаш треба да го промените вашето однесување. Вашето тело може да дехидрира ако претерано вежбате и да чувствувате дискомфорт и лошење.

Кога претерано вежбате ги оптоварувате вашите коски и зглобови, и се изложувате на поголем ризик од остеопороза, стрес фрактури и артритис. Друг ризик од прекумерното вежбање е аменореата или прекинот на менструалниот циклус.



Пилули за слабеење



Конзумирањето на пилули за слабеење може да ви дадат екстра енергија во текот на денот, но кофеинот и другите стимуланси кои ги содржат можат да бидат токсични за Вашиот нервен систем. Тие не треба да се земаат како замена за оброк. Консултирајте се со вашиот лекар за да се осигурате дека не се јавува интеракција помеѓу пилилите и некој друг лек што го земате.



Екстремно низок внес на калории

 

Вашето тело ги користи калориите што ги внесувате за основните функции како дигестијата, дишењето и циркулацијата. Намалувањето на внесот на калории може да предизвика сериозни здравствени проблеми и екстремен замор. Исхраната која содржи малку калории може да доведе до анемија поради дефицит на железо. Вашето тело го користи железото за пренос на кислород и за создавање на нови еритроцити. Неадекватните количини на железо во вашата крв може да ве направат да се чувствувате уморни.



Лаксативи и диуретици



Лаксативите и диуретиците се опасни кога несоодветно се користат. Конзумирањето на големи количини на лаксативи ќе предизвикаат интестинален дистрес, гасови и дијареа. Ова е неефективен начин да се намали телесната тежина. Лаксативите ќе ги форсираат цревата да ја повлечат водата од вашето тело за да се отстранат отпадните продукти што побргу. Вашето тело може да се опорави од употребата на лаксативите, но нивната злоупотреба може да предизвика трајно оштетување како на пример појава на хемороиди.

Диуретиците редовно се користат за да телото се ослободи од непотребната содржина на вода. Нивната злоупотреба може да доведе до иреверзибилно оштетување на бубрезите. Злоупотребата на било кои од овие супстанци ќе резултира со дехидратација.

 

 

 

 

zazdravje

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бремени, славни и голи
Постоеше време кога бремените жени ги криеја своите бремени тела и стомачиња под планини од облека. Но, за среќа, тоа в...
4
Што е себум и зошто и е потребен на кожата?
Кога ќе слушнеме „себум“, често помислуваме на мрсна кожа, сјај на лицето или акни.
3
Северина руши рекорди!
Полудеа за Севе! Песната Italiana на Youtube има 3 милиони прегледи во 7 дена. Изгледот на Северина е коментиран повеќе ...
3
Ќерко моја, не носи марки. Биди марка!
Кој би рекол дека ќе дојде време кога на жените ќе им биде поважно што носат на себе, отколку во себе. Не сум исклучок. ...
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali ste licnost sto docni?

Da (25%)

Ne (75%)


Број на сите гласови: 4

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!