|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Од каде потекнува насмевката?

Редакција Рингераја, 19.5.2015
Жителите на земјата на насмевките се сосема млади - децата се насмевнаат 400 пати на ден, а возрасните - само 15 пати. Како настанува насмевката кај бебињата?
Клучни зборови:

image
/11


 

Во почетокот помагаат ангелите - рефлексна насмевка

Најубавата награда по раѓањето е да се гледа бебето како спие. Кога устата ќе му помести за насмевка, мама знае дека тоа е најскапоценото нешто! Се смета дека оваа "ангелска" насмевка во првите недели од животот се уште не е вистинска, а е само скратување на мускулите, па затоа често се нарекува рефлексна. Некои студии покажуваат дека во сонот на бебето се активираат истите мускули како при подоцнежната свесна насмевка.

Пред очите на тој што е отспротива - сончева насмевка

Насмевката станува посјајна, кога бебето ги стиска очите додека се смее. Ова се случува за прв пат во 6-8-та недела, кога и периодите на будност се продолжуваат. Таа блеска пред сè што има две очи - мама, тато, тета, а понекогаш и пред мечето. Тоа е т.н.. неспецифична насмевка. Пред неа сепак задолжително треба да има некој. Затоа бебето се насмевнува кога го облекувате, доите, при игра. И тоа се почесто ќе ви одговара со сончева насмевка.

Те познавам - специфичната насмевка

Вашето бебе веќе пораснало и има  6-8 месеци. Тоа може да разликува познати, помалку познати и непознати, но ги поздравува со насмевка претежно најблиските. Кои се тие, зависи од конкретната ситуација - мама и тато, братчето или сестрата, баба и дедо ... Понекогаш може да има и солзи, ако до бебето се приближи странец  - започнува периодот на страв од непознати.

Тоа е возбудливо - насмевка како знак на доверба

Кој е најголем доказ за довербата на вашето бебе? Јавање на колената на мама,  подрипнување во рацете на тато. Дури и да се чини дека секој момент ќе заплаче, штом опасноста помине, тоа се смее многу - тоа не било страшно, а убаво! Смеата и плачот се многу блиски во физиолошки однос. Прекрасно е да се лулкаш во сигурната прегратка на мама и тато.

Веќе е време - смеа во радосно исчекување

Кога детето остава да го залажат, тоа е знак на доверба и симпатија. Кон крајот на првата година детето може да поврзува луѓе и  дејствија со одредени последици - кога раката на мама лази нагоре по стомачето, тогаш знае дека таа ќе го скокотка. И насмевката  веќе е на неговото лице!


Дали смеата е вродена или стекната?

И двете тврдења се вистинити. Уште по раѓањето децата манифестираат знаци на насмевка.  Ако кај детето недостасува насмевка, можно е да има депресивна мајка? Тогаш постои опасност и бебето да стане депресивно. Експеримент на австриски психоаналитичар по Втората светска војна во установа за деца без родители го истражува одгледувањето на децата од сестри, кои носеле маски за да не им се гледа насмевката. Како резултат на тоа по неколку недели децата  престанале да се насмевнуваат. Научникот бил принуден веднаш да го прекине експериментот.

Може ли пропуштеното да се израмни?

И да и не. Мајки кои страдаат од постпородилна депресија и нивните деца во текот на неколку месеци се одгледуваат од таткото или бабата, не треба да се плашат дека врската со нивното дете ќе се наруши трајно. Ако сепак во текот на првите три години на детето целосно му недостасува средба со радосно лице, довербата  не може лесно да се формира. Бидејќи смеата е во тесна зависност со самодовербата на детето таа се постигнува преку безбедна врска.

Дали тоа значи дека при тажни настани е подобро родителите да се насмевнат сосила отколку да не се насмевнат воопшто?

Во никој случај, бидејќи насмевка треба да е вистинска! Децата чувствуваат кога смеата не е искрена и се збунети на што да веруваат – на чувството или на насмевката.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Компот – идеална замена за чај
Компотот претставува традиционален источно-европски безалкохолен чист џус, приготвен од овошје ставено во голема количин...
4
Лоша навика кај децата – цицање прсти
Цицањето прсти или цицањето на палецот е една од најчестите лоши навики за време на детството. Кои се причините и како д...
4
Спирулина
Мали количества на екстрактот од спирулина ја намалуваат вирусната репликација, додека големи концентрации целосно ја за...
4
Шакира со 3-месечното бебе на мечот на Бар...
Со долг бакнеж за добра среќа и со двете деца облечени во дресот на нивниот татко, Шакира му посака среќа на својот парт...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?