vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Овие меки и мирисни кекси се декоративни, но и многу вкусни. Во нивната подготовка и украсување ќе ужива целото семејство.
Потребно е (за околу 40 кекси):
1 јајце
750 гр. брашно
230 мл. меласа (може да ставите и мед)
220 гр. жолт шеќер
200 гр. путер
120 мл. вода
1 прашок за пециво
1 лажичка мелен ѓумбир
1/2 лажичка мелен цимет
1/2 лажичка рендано мускатно оревче
1/4 лажичка мелено каранфилче
неколку капки арома од ванила
За украсување
2 белки
250 гр. шеќер во прав
сок од половина лимон
прехранбена боја
Подготовка:
1. Брашното измешајте го добро со прашокот за пециво, ѓумбирот, циметот, оревчето и каранфилчето. Со миксер изматете го путерот, меласата, шеќерот, водата јајцата и неколкуте капки ванила. Полека додајте ја смесата од брашно и замесете тесто.
2. Добиеното тесто поделете го на три дела и секој дел завиткајте го во фолија. Оставете го во фрижидер 3 часа (може и подолго).
3. На работната маса ставете повеќе брашно и развлечете го тестото. Со калапи направете колачи и ставајте ги во плех обложен со хартија за печење. Напомена: Со брашно посипете го и тестото, оклагијата и калапите за да не Ви се залепи тестото.
4. Кексите печете ги на температура од 175 степени. Внимавајте да не бидат препечени бидејќи се повкусни кога се меки.
5. Пред украсување треба добро да се изладат.
Украсување:
Изматете ги белките и додадете им го шеќерот во прав и сокот од лимон. Разделете ја смесата и на секој дел додајте ја саканата боја. Ставете ја смесата во кесичка за замрзнување, одсечете мал отвор и украсете ги изладените кекси. За украсување може да користите прехранбени панделки и други украси.
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кои хормони се најважни за забременување?
Забременувањето е сложен процес во кој учествуваат повеќе хормони. ...
Дневната соба е едно од најважните места во домот. Тоа е просторот кад...
Либидо и планирање бременост. Што треба да знаете?
Либидото, односно сексуалната желба, е важен дел од интимниот живот, н...
Кога е најдобро време за патување во бременоста?
Патувањето во бременоста не мора да значи откажување од одморите и пла...
Развој на плодот во третото тромесечје
Третото тромесечје од бременоста е последната етапа од патувањето до з...