vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Без разлика на тоа колку се стари вашите деца, облекувањето, како и исхраната, секогаш доведува до војна. Најдобар пристап на овој проблем е јасно да ги поставите границите и да одлучите, каде може да попуштите, а каде не. Бидете упорни таму каде што тоа е навистина потребно (на пр. задолжително облекување на хулахопки и капа во зима, гумени чизми на дожд, шеширчиња преку лето...), а на детето оставете му да одлучи за работите со кои може да живее (на пр. карирана маичка и панталони со цветчиња, или шарени патики наместо кафени...). Навикнете се да го прифатите неговиот избор затоа што така заштедувате нерви, и кој знае колку време.
Можеби добро ќе ви дојде некој совет:
- Секоја вечер заедно подготвувајте ја гардеробата која детето утредента ќе ја облече. Така нема да трошите време и нерви наутро.
- Уште при купување внимавајте на тоа што вашето дете сака да облече, а што не. Почитувајте го неговиот вкус и желби и така ќе спречите расправии.
- Секое дете има свое омилено парче на гардероба за кое секогаш се врзува. Ако детето и дење, и ноќе ја носи истата маица, дури и кога е нечиста, или веќе му е мала, побрзајте во продавница и купете му иста таква, и уште една поголема! Победата е гарантирана! Нечистата маица ќе ја замени со чиста, а премалата со поголема.
- Детскиот избор на гардероба кој не е соодветен со времето или приликата (местото), спречете го така што ќе ја одвоите облеката - по годишни времиња, како за во градинка, т.е. за училиште, за посети и за дома.
- Модна катастрофа ќе избегнете ако на детето му купувате гардероба од иста марка, каде што боите и моделите се дополнуваат и така ќе успеете со својата комбинација да го задоволи и вашиот вкус.
- И на крај, на тие проблемчиња гледајте со хумор. Немате врска што ве чека кога ќе влезе во пубертет!
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто е важно да влезете во бременоста со здрава тежина
Тежината пред бременоста може да влијае врз плодноста, текот на бремен...
Новороденчињата поминуваат голем дел од денот во сон, но нивниот ритам...
Преминот од пелени кон нокшир е важен чекор во развојот на детето. ...
Причини за вагинална сувост во бременоста
Бременоста носи бројни хормонални промени што влијаат врз целото тело,...
Природни начини за ублажување на настинка и грип
Топлите напивки, одморот и доволниот внес на течности можат да помогна...