|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Најпопуларните природни афродизијаци

www.doktori.mk, 2.9.2013
Постојат и афродизијаци кои се исклучително опасни, особено ако се внесуваат во поголеми количини. Во оваа статија ќе продолжиме со набројување на светски најпознатите растенија и животни за кои се смета дека имаат афродизијачка моќ

image
/11


Aлкохол

Пред да обрнеме внимание на старите древни растенија за кои се верува дека имаат афродизијачка способност, да застанеме малку кај алкохолот. Се верува дека е исклучително добар афродизијак поради тоа што неколку чаши алкохол (особено бело или црвено вино) влијаат врз подигнувањето на сексуалниот нагон, самодовербата и расположението и кај мажите и кај жените. За жал, повеќето луѓе не знаат да го искористат благодетот на внесувањето на мали количини алкохол во телото и се склони кон предозирање. Алкохолот во мали количини може да има значително добар удел во подобрувањето на сексуалниот нагон. Но, преголемото количество на алкохол носи ризици: освен зголемениот ризик од развој на депресија, лесно може да ве остави засрамени пред самиот сексуален чин, односно да предизвика моментална еректилна дисфункција. Ве советувам, доколку не сте тип на човек кој може да остане само на чашка до две алкохол, подобро воопшто не го користете.

 

 

Шпанска мушичка

Афродизијак кој е особено опасен. За разлика од некои други овој афродизијак има докажано дејство. Сепак овој афродизијак се смета за исклучително опасен, бидејќи супстанцата која ја содржи (kantaridin) освен што има влијание како надразнувач на гениталната слузокожа има и исклучително опасно влијание врз целиот организам. Истражувањата покажале дека кантаридинот може да предизвика значителни гастроинтестинални крварења како и застој во работата на бубрезите. Поради ова шпанската мушичка не ја препорачувам за употреба, штетата што може да ви ја направи е значително поголема од придобивката која што ќе ви ја даде. Доколу сепак се одлучите да ја пробате бидете внимателни со дозирањето, многу истражувања покажале дека користењето на шпанската мушичка создава зависност.

 

 

Гениталии од животни

Уште од древните времиња се консумирале гениталиите од многу животни. Освен како подигнувачи на сексуалниот нагон, се верувало дека гениталиите од многу животни служат како репаратори на нашиот генитален систем, односно дека со консумација на гениталии од животни се поправаат оштетувањата на човечките генитални органи.
Ова секако не е точно, а афродизијачкото дејство на животинските генитални органи врз човекот не е докажано.

 

 

Ginseng

Oва е препарат кој се добива од коренот на истоименото растение. Ова растение се одгледува во Кина, а може да опстане во секое годишно време. Во ова растение докажано е дека постојат многу супстанци, а особено важен е гинденосидот, кој претставува супстанца за која се верува дека го поттикнува лачењето на тестостеронот, а со тоа ја зголемува и сексуалната желба. Овој напиток мора да се конзумира контролирано, бидејќи предозирањето со препаратот од ова растение може да претставува опасност од зголемен крвен притисок, алергии и потешкотии во дишењето.

 

 

Yohimbe

Овој афродизијак се смета како најстар афродизијак со докажано дејство. Се добива од кората на истоименото тропско дрво кое достигнува многу голема висина, и кое најчесто го има во Афричките прашуми. Екстрактот од ова дрво ја подига сексуалната желба(во Германија е познат лек против импотенција). Ова растение уште се нарекува и природна вијагра, бидејќи неговиот ефект е добро истражен. Функционира така што ги шири крвните садови и овозможува подобра циркулација во пределот на карличниот појас. Воедно влијае и врз нервниот систем поттикнувајќи го лачењето на хормоните и со тоа ја зголемува сексуалната желба. Некои научници тврдат дека поради големите количини на аминокиселината arginin која се наоѓа во ова дрво во голема мера помага при лекувањето на еректилната дисфункција. Напоменуваме дека голема среќа е тоа што аргининот во големи количини не му штети на организмот, а со тоа го прави овој екстракт безбеден за употреба.

 

 

Ginko Biloba

Ова е добро познато растение. Тоа функционира така што ги опушта крвните садови и ја зголемува циркулацијата на целото тело, а со тоа и на половите органи. Една од ретките студии направени за ова растение укажува на тоа дека 50 % од мажите кои учествувале во истражувањето шест месеци откако земале секојдневно по 60 милиграма екстракт од ова растение почнале да имаат нормални сексуални способности. Ова растение нема некои посебни нус појави освен можни повремени стомачни болки.

 

 

Muira Puama

Ова е исклучително популарно афродизијачко растение кај старите индијански племиња. Делува на централниот нервен систем и го стимулира либидото. Ова дрво се наоѓа во Јужна Америка, а е познато уште и како дрвото на машкоста. Од страна на доморотците уште од многу одамна се користи за лечење на фригидност, импотенција и сите други типови на неплодност. Нус појави од користењето на екстрактот од ова дрво не се познати.

 

 

Еднорог (Aletris ferinosa)

Oвој афродизијак како и повеќето други е растение. Екстрактот од неговиот корен делува слично на женскиот полов хормон естроген. Како и сите други растенија и ова во старите времиња, па и денес се користи за лекување на стерилност.

 

 

Мандрагора

Слично како еднорогот и мандрагората е растение од кое се прави екстракт кој служи како афродизијак и како лек против неплодност. Од ова растение се користи само коренот кој наликува на долен дел на женското тело.

 

 

Најдобриот афродизијак

Некои од овие афродизијаци можеби сте ги пробале, или имате намера да ги пробате.
Некој ќе биде задоволен од нивниот ефект некој можеби не, тоа е како што реков во зависност од тоа колку верувате во нивниот ефект. Како и да е само ќе напоменам дека не постои подобар афродизијак од возбуденоста на вашиот партнер...

 

 

Роберт Николовски

студент по медицина

 

doktori.mk.logo

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Поддржуваме мали бизниси: Дора Мода
Еден Инстаграм профил го привлече нашето внимание. Станува збор за doramodahandmade и нејзините хеклани приказни
4
Излечете ја кандидата со лук?!
На сите ни е познато дека лукот е волшебник кога се во прашање лекови од природата. Но дали знаевте дека лукот е феномен...
3
Тибетански еликсир на младост и долговечност
Тибетанскиот еликсир на младост и долговечност е многу едноставен за подготовка, а многу тибетански лекари и стручњаци г...
3
Идеи за фризури за долга коса
Немате идеја што да правите со Вашата долга коса? Чест проблем на многу жени!
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?