Свадбениот танц на Рајан и Френки Ван Хорн стана глобален хит. Па, покажувајќи го својот весел дух, ги изненадија гостите со забавна кореографија на „Sing Sing Sing“. Луда забава!
За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Свадбениот танц на Рајан и Френки Ван Хорн стана глобален хит. Среќните младоженци не сакале првиот танц да им биде традиционален и предвидлив, изведен на бавна романтична музика, како што избираат повеќето парови кои влегуваат во брачните води. Па, покажувајќи го својот весел дух, ги изненадија гостите со забавна кореографија на „Sing Sing Sing“.
Освен што акробатскиот танц ги воодушеви гостите на свадбата, ги воодушеви и гледачите низ цел свет и многумина се прашуваа дали Рајан и Френки се танчари или надарени аматери.
Во интервју за Ninemsn, Рајан споделил дека тие не се танчари и дека неодамна започнале да посетуваат часови по танцување. Кореографијата ја научиле за два месеца на 14 часови, бидејќи имале одлична учителка која знаела да се справи со почетници.
„Френки обожава џез музика и никогаш не сакала традиционален свадбен танц. Исто така, сакавме да направиме нешто со кое би поминувале повеќе време заедно пред свадбата“ – изјавил Рајан и признал дека не го загрижувало ништо околу свадбата, само се плашел како ќе помине танцот.
„Ова беше најдобриот свадбен танц кој сум го видел досега“ – напишал фотографот кој го објавил видеото на интернет.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Природни трикови за мазна и природна коса
Дали сакате мазна и уредна коса, или пак да и дадете природен изглед на косата, но без да ја изложувате на високи темпер...
3
Борба против акните – чекор по чекор до чи...
Акните не се само проблем со кој се соочуваат тинејџерите. Тие се еден од најчестите кожни проблеми, кои можат да се пој...
3
Што целулитот навистина е? Ова ќе ве шокира!
Целулитот често се нарекува проклетство на жените, бидејќи толку многу жени страдаат од вознемирувачката кора на портока...
3
Др.Хаус се повлекува од ТВ екраните
Лоша вест за обожавателите на Hugh Laurie - кога "Др. Хаус", серијата која му донесе најголема слава, ќе заврши, а...
3