vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Можете да изберете сопруг, но не можете да ги изберете роднините, со кои ќе се поврзете од негова страна! Тоа е закон, од чија моќ страхуваат илјадици снаи во светот.
Некако се така се случува, односите снаа-свекрва да не можат да бидат идеални. Дури и ако односите се пријателски се јавуваат некои несогласувања, кои можат да ве натераат да си ги искубете косите.
Но што да се прави – ??дадовте завет да бидете заедно во добро или лошо!
Една американска новинарка на име Кејти Ринк направи интересни истражувања за типовите на свекрви, на кои снаите можат да налетаат. Истражувањата ги собра во хумористична книга, во која дава совети како да се справите со проблемот "Лоша свекрва", објавува Daily Mail.
Кои се главните типови во кои може да се препознае и вашата свекрва?
"Бура"
Таа пристигнува метеорски, очекува да и биде направено кафе, без дури да размислува дека ве прекинала во средината на учење со децата, пеглање или печење на колач. Да не зборуваме за останатите задолженија.
И брзо треба да ја сместите во каучот, пред да почне да ви отвора во кујната, божем да бара бисквити за кафето, за да утврди дали имате се' купено. Потоа ќе започнат забелешките дека децата се хранат со полуготови храни. Оттаму ќе помине на темата за погрешно воспитување.
Таквите свекрва се вистинска напаст. Тие напаѓаат без обзири. Нивните совети и нивните начини се единствено правилни и не вреди да се спори со нив.
"Советничка"
Овој тип на свекрви како цел живот да работеле како доилки, воспитувачки, учителки во основно училиште и психолози. Се во едно! Тие постојано ви се мешаат во воспитувањето и се расправаат кога не се согласувате со нив (а тоа се случува постојано).
"Дистанцирана"
Таа ги посетува децата еднаш неделно, или кога ќе ја замолите да ги почува, додека имате работа. Но чудно е што кога ќе стигнете бебето сеуште стои во кошот, нема расфрлани играчки и не наоѓате знак дека децата јаделе.
Се прашувате - да не биле децата врзани додека не сте биле дома?
"Манипулаторка"
Ова е можеби најчестиот тип на свекрва. Многу снаи ќе го потврдат тоа. Таа секогаш ги искривува работите низ нејзината призма и го тера синот да прави по нејзино. Оваа ужасна навика кај свекрвите разделила многу парови во текот на годините.
Ви посакуваме никогаш да не ви се падне таква свекрва!
"Сноб"
Таа никогаш нема да се извалка со фломастери или со каша од банана, додека ги чува децата. Едноставно нема да седи дома и да ги занимава децата на овој начин, туку на нејзин. Ќе ги изведе на прошетка, ќе ги вози низ продавници кои таа ги сака, ќе ги измори до несвестица и ќе ги врати дома полузаспани.
Ако одите на семеен собир, нема да престане да го критикува вашиот надворешен изглед, облеката која сте ја избрале, вратоврската на нејзиниот син и др.
"Незадоволна баба"
Таа ротира со очите, ако ја замолите да го почува вашето дете и секогаш прашува: "Мајка ти и овој пат не е слободна?". Со неа можете да си имате доста проблеми. Тоа не го прави од што не и се допаѓаат децата, напротив – тоа го прави намерно, за да се чувствувате обврзана и да и се заблагодарите на некој начин.
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Слатки или кисели јаболки, кое за што е најдобро?
Јаболката се едно од најздравите овошја и заслужено го носат епитетот ...
Вистинската паста за заби за вашето дете
Грижата за детските заби започнува уште со појавата на првото запче. ...
Бартолиновите жлезди се мали жлезди кои се наоѓаат во женскиот репроду...
Промената на улогите во семејството низ генерациите
Семејството отсекогаш било темел на општеството, но неговата структура...
Обезбедете си безбедна бременост
Бременоста е едно од најубавите, но и најодговорните животни искуства....
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?