|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
моја волшебничке со големи очи, срце и душа која го прегрнува светот. Би сакала со ова да те научам, но не знам колку можам, бидејќи ни сама не го знаев тоа, туку низ животот со растење и будење го откриваме. Би сакала да имаш на ум дека:
Клучни зборови:

image
/11


 

Мое преубаво девојче,

моја волшебничке со големи очи, срце и душа која го прегрнува светот. Би сакала со ова да те научам, но не знам колку можам, бидејќи ни сама не го знаев тоа, туку низ животот со растење и будење го откриваме. Би сакала да имаш на ум дека:

Ништо не мораш, а се можеш.

Не е важно да си подобра од другите, туку да си најдобра за себе.

Дека ништо не мораш да трпиш, да поднесуваш, да молчиш и да голташ и дека ништо од тоа не треба да правиш. Дека животот не е трпење, туку пронаоѓање на среќата.

Дека секогаш постои начин. И дека можеш, навистина можеш се што ќе посакаш. Но дека желбата доаѓа од срцето, а не од потреба.

Дека е најважно да си среќна, а не со кого, каде и како си среќна.

Дека можеш да сакаш кого сакаш и како сакаш – да се препознаат душите, а не телата, статусите, годините. И кога така сакаш, ќе се случи се за таа љубов да успее и ќе се отворат сите патишта.

Дека луѓето се несреќни бидејќи живеат како што мислат дека треба, а не како што чувствуваат и заради тоа се повредуваат меѓусебно. Кога живееш во согласност со себе, што и да биде – никој не може да те повреди, бидејќи ќе знаеш и чувствуваш дека твојот живот е твој успех, а не успехот твој живот.

Дека љубовта не е страдање, бол, мака, дека кога сте во врска не треба добро да се поднесувате, туку заедно да патувате.

Дека е во ред да се откажеш и да застанеш. И да кажеш дека си згрешила.

Дека секогаш можеш да почнеш одново и дека тоа не е пропуст туку сила.

Да не ги браниш своите избори во минатото, туку својата надеж во иднината.

Слободно да викаш, трчаш, да си играш, да се радуваш, да јадеш како сакаш, да зборуваш како сакаш, да мислиш како што умееш. Не биди како другите и допушти им на другите да бидат тоа што се. Сите сме различни додека спиеме – зошто им пречи што сме различни кога сме будни?

Дека никој не умира, дека се душите бесмртни и секаде околу нас. Да не се плашиш од смртта, бидејќи таа е само пат за понатаму.

Дека Господ, универзумот, космосот – како и да избереш да веруваш – не казнува, туку не' сака. Се што се случува – сами себе си го правиме. Нашите болести се нашите заклучени емоции, нашите негативни мисли – енергии пренесени од колено на колено заради несреќите, болките кои им ги пренесуваме на своите деца. Господ не' сака и ни помага и верувај во него. Бидејќи со вербата кон него никој не ти може ништо, со светло во срцето го осветлуваш патот кон својата душа.

Испружи ги рацете, широко отворени, бидејќи само раширени раце можат да примат прегратка.

Плачи слободно, горко, бидејќи солзите чистат. Кога не ги пуштаме, паѓаат во нашата душа, се таложат и градат бедеми кои потоа никој не може да ги сруши.

Самотијата не е страшна, можеш и сам да бидеш среќен. И подобро е да се биде сам, отколку во лошо друштво.

Несреќата нема степени. Не можеш да чекаш да бидеш многу несреќна или малку несреќна. Не може да постои мала причина, или голема причина за несреќа. Не постои причина за несреќа. Ако си тажна – менувај, почни отпочеток, врати се назад, направи се што е потребно во себе да ја вратиш радоста и среќата.

Не можеш да ги менуваш другите. Не можеш да се менуваш себе – можеш само да растеш, да се развиваш, да учиш и да станеш најдобра верзија на своето битие.

Сакај се себеси. Почитувај се себеси. Слушај се себеси. Кога си веруваш себеси, ќе ти веруваат и другите.

Постојат вили, волшебници, еднорози, анѓели и можеш да ги видиш. Отвореното срце е најјаката космичка сила, портал низ кој поминуваат световите и со кои можеш да се сретнеш, да зборуваш, да се дружиш. Не давај некој некогаш да те увери во спротивното.

Стравот не постои, стравот е илузија. Сето она што доаѓа по твојата одлука е помало од самиот страв со кој се гледаш во очи. Замени го стравот со љубов и сето она што те плашело ќе исчезне. Љубовта раѓа љубов.

Не им верувај на моите забрани – демантирај ги со храброст, со желба за живот, волја и задоволство, како што правиш и сега.

Не се споредувај со другите – ти си совршена во се што правиш баш таква каква што си. Не е важна ниту оцената, ни училиштето, ни успехот, ни работата. Во се што ќе работиш од срце ќе бидеш најсреќна и со самото тоа најуспешна.

Грижата не е љубов. Не дозволувај со грижа да те уценуваат и да те контролираат. Дури ниту ние, најблиските.

Ти си чудо, создадено од чудо кое треба да создава чуда. Ти имаш моќ и снага да водиш живот каков што сакаш, колку и да е спротивен од тоа што го замислуваат другите, па и ние. Ние сме ти родители, но не те поседуваме, само те чуваме.

Ти благодарам што постоиш моја преубава волшебничке и фала што ме учиш  за се што не сум знаела. Можеш да леташ. Јас само сега не знам како. Не умеам да те научам. Можеби ти ќе ме научиш мене. Се радувам на се што ќе дознаам од тебе.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу напорна работа бидејќи тие се премногу мали за да ...
6
Дете и телевизија
Разбирливо е колку децата денес сакаат да гледаат телевизија, но родителите се тие кои мораат да ги надгледуваат и до од...
4
МЕНСА препорачува: пуштете ги децата да ск...
Др. Ранко Рајовиќ, член на Управниот одбор на MENSA International препорачува: пуштете ги децата да се вртат додека им е...
4
Нова епизода на „Кој кого расте“
Недела на 26.05.2013 во 10.20 часот повторно на Телма телевизија, следете ја новата епизода на тема: Деца и миленичиња
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?