vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Кога само би можела на глас да кажам колку моето срце тажи некогаш!? Кога би можело во тој момент да има некој покрај мене ,силно да ме гушне и утеши! Срцето ме боли, ме стега, безгласно плаче, но зошто? Зошто постојано го хранам срцево со тага и гнев, зошто луѓето потајно ги комплицираат животите на луѓето што се среќни??
Некогаш срцето ми е преполно, треба да се испразни за повторно да се наполни со гнев!!! Понекогаш толку многу посакувам да ме нема, на момент да избегам и да дојдам кај тебе силно да ме гушнеш и да ти раскажам за моите таканаречени маки!!! Колку и да изгледам среќно срцето ми тажи, не можам да објаснам зошто, но тажи секогаш кога не си до мене!! А колку време ми требаше да сфатам дека ти си ми единствена која што ме теши, која ме сака најмногу, која ме учеше на се во животот, а јас тоа го игнорирав. Зошто сега плачам и мислам на тебе додека пишувам, толку многу ми недостигаш, толку многу ТЕ САКАМ! Секогаш си позитивна, иако знам дека длабоко во себе си тажна, твоите тажни очи те оддаваат. Сама, секогаш сама.
Колку ли време помина додека јас да станам мајка и да сфатам дека мајката е дар од Бога, дека нема нешто со што би те заменила. Ти си мојот храм , мојата утеха, ти и моето мало ангелче!
Ах моја драга мајчице, времето тече, брзо денови минат, години проаѓаат, јас сеуште созревам и сфаќам колку значиш и колку значам и јас за ова мое мало суштество од мене!Ти ми подари живот, јас подарив друг за кој јас ќе бидам незаменлива како ти што си за мене! Со тебе ги делиме сите наши успеси и падови. Ти благодарам што си ми најдобра другарка и што со тебе можев и сеуште можам да зборувам за се. Секогаш храбра за да го заштитиш нашето гнездо, ги следам твоите постапки и се трудам и јас да гонаправам истото за моето!
Ти си мојата инспирација,знаеш дека те сакам и секогаш ќе те сакам мила МАМО!!!
Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува... Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја |
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Недостаток на витамини во бременоста
Бременоста е период во кој потребите на организмот за одредени витамин...
Зголемување на телесната тежина во бременост
Зголемувањето на телесната тежина е природен дел од бременоста. Телото...
Грешки што жените ги прават пред бременост
Неколку навики и проверки пред зачнувањето можат да помогнат жената да...
Што е генетика и зошто е важна за здравјето?
Кога зборуваме за здравјето, често слушаме дека некоја состојба е насл...
Како физичката форма влијае на зачнувањето?
Кога се зборува за плодноста, често се мисли на хормоните, овулацијата...