namesp во 10:11
Матични клетки
Cryo Save, Bi-MEK, 4.5.2010Матични клетки - почетокот на животот
Во мигот кога јајце клетка и сперматозоид ќе се спојат, сe зачнува новиот живот. Оплодената јајце клетка започнува да се дели, формирајќи двоклеточен ембрион. Овие две клетки натаму непрекинато се делат, така што по неколку недели ќе создадат зародишни пупки/зачетоци на органите на новиот фетус.
Зачудувачки е фактот, дека една единствена оплодена јајце клетка, ќе се развива и преку последователни непрекинати делби, ќе ги создаде различните типови на клетки и ткива, кои го изградуваат човековото тело. Природата го овозможила тоа, благодарение на присуството на матичните клетки. Откривањето на матичните клетки беше едно од најголемите достигнувања на модерната медицина.
Што се всушност матични клетки?
Тоа се неспецијализирани, незрели, таканаречени “наивни” клетки, кои поседуваат две суштински важни карактеристики:
- способност да се диференцираат во позрели типови на клетки и
- способност, преку постојани делби да се самообновуваат.
Така, при секоја нивна делба, како потомство ќе се добие една нова матична клетка и една специјализирана клетка (како на пр.: клетка на нервно ткиво, кожа, црн дроб итн). Матичните клетки се „прародителите“ на нашите зрели клетки.
Човековото тело се состои од повеќе од 200 зрели типови на клетки. Независно од тоа дали станува збор за клетка на срцев мускул, која работи ритмички или црвени крвни зрнца кои носат кислород до секој дел од човечкото тело, сите специјализирани клетки имаат своја одредена функција. Но, колку е една клетка поспецијализирана, толку повеќе таа ја губи способноста понатаму да се размножува. Така, бројот на специјализирани клетки со тек на време се намалува, како резултат на нивното постепено стареење, оштетување и изумирање.
За среќа, матичните клетки не исчезнуваат целосно кога организмот целосно ќе се развие. Некои остануваат во организмот како „резерва“ и се од голема важност во обновувањето на оштетени или постари ткива.
Но, бројот на матични клетки присутни во телото на возрасен човек е далеку помал во споредба со нивниот број кај помлади, заради тоа што дел од нив веќе се диференцирале и размножиле, а дел изумреле.
Ова исклучително ја отежнува изолацијата на матични клетки од возрасни лица.
Значи, некои матични клетки се “попластични” од другите, т.е. способни да создадат поширок спектар на специјализирани клетки и ткива. Нивната способност, под дејство на специфични стимули да произведат различни типови на специјализирани клетки, ги прави толку единствени и погодни за медицински третмани.
Кои типови на матични клетки постојат?
Постојат три различни типови на матични клетки, во зависност од нивното потекло и нивната “пластичност” т.е. типови на специјализирани клетки што тие ги создаваат:
Ембрионални матични клетки - се употребуваат во лабораторија како средство за истражување, со цел да се разбере развојот на клетките генерално, но истите не се достапни за третмани. Тие може да се развијат во повеќето клетки на човечкиот организам но, за да се добијат овие клетки, ембрионот мора претходно да биде уништен. Ова покренува важни етички прашања.
Возрасни (адултни) матични клетки - како што и самото име сугерира, може да се најдат кај возрасни, но и кај деца. Возрасните матични клетки уште се нарекуваат и диференцирани матични клетки, со оглед на тоа дека тие се со поограничен опсег во однос на продукцијата на специјализирани клетки. Со тек на време тие исто така ја губат виталноста.
Матичните клетки од папочна врвца - се "неонатални матични клетки" и се едни од најнаивните типови на клетки во организмот. Создадени уште во најраните фази на развој, тие имаат поголем потенцијал да станат специјализирани клетки, како на пр. црвени или бели крвни зрнца, во споредба со матичните клетки кои се наоѓаат во коскената срж. Овие клетки се сметаат за најдобар извор за клеточна терапија заради нивната потентност за создавање на голем број различни специјализирани ткива и нивната докажана безбедност за употреба.
Рингераја партнер за рубриката матични клетки е Би-МЕК, ексклузивен преставник на Cryo Save. Cryo-Save е водечка европска банка за матични клетки. Cryo-Save гарантира највисок квалитет на услуга во поглед на транспорт, подготовка и сигурност на матични клетки од папочна врвца на Вашето дете. Со Cryo-Save имате можност да одберете помеѓу две различни услуги за зачувување на матичните клетки од Вашето дете:
Доколку сакате да знаете повеќе за криопрезервацијата на матичните клетки и Cryo-Save како Ваш потенцијален сервис провајдер, Ве молиме Вашите контакт информации, име, презиме, емаил и поштенска адреса да ни ги пратите на емаил mk@cryo-save.com или cryo-save@bimek.com.mk . Информативниот пакет ќе Ви биде доставен на посочената адреса. Доклку сакате да прочитате повеќе за Cryo Save и Би-МЕК на интернет, тоа може да го направите на Рингераја, или на веб страницата на Би-МЕК и Cryo Save. |
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
...Твојата мудрост е безгранична. Оној, кој Ти го љубиш, Ти неповреден ќе го сочуваш преку твојот ангел од секакви напад...

Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...

Сигурно многу од вас се запрашале како порано жените правеле тест за бременост? Многумина од вас сигурно сметаат дека то...

Дали сум бремена? Кога да направам тест за бременост? Кој тест за бременост е најточен?
