vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Кога сум останала бремена со Георгина, Анамариа имаше 5 ипол месеци, а дознав дури кога бев 3 ипол месеци бремена и Анамариа имаше 8 ипол месеци.
Тој период од тие 3 ипол месеци Анамариа нон стоп, после секое доење обилно повраќаше и плус така измеѓу и се случуваше пак.
Нон стоп подисправено ја држевме, ставав перница под душек на спиењето и ништо не помагаше, плус и на килажа стагнираше.
Истото се случуваше и кога почнав да давам цврста храна, ситуацијата не се промени.
Кога веќе дознав дека сум бремена, по препорака на гинеколог поради ризична бременост, затоа што бев царски и по препорака од педијатар, Анамариа ја одбив на 8ипол месеци.
Одма после тоа, Анамариа престана на повраќа.
Никој не може да ми каже дека не е до тоа, затоа што сум 100 % сигурна и осетив на своја кожа, а која е поврзаноста и како се вика ова стручно, ако воопшто постои, не би знаела да кажам.
Да не би била ситуацијата таква каква што беше, сигурно ќе сум продолжела да ја дојам Анамариа, потоа тандем, ама нејзиното доење беше "малтретирање" за детето.
Сепак доење од 8 ипол месеци и потоа од 21 месец мислам дека не е малку и сум благодарна што ја имав таа можност да го осетам тоа чувство.
Сите оние кои нема да имате никаков проблем во бременост, никаков проблем со детето што цица и ако сте доволно силни, не се откажувајте и доете ги тандем.
5
5
5
4
забава Бремените
Автор: bobik
Како функционира апликацијата за следење на овулацијата
Апликациите за следење на овулацијата им помагаат на жените подобро да...
Зошто е важно да ги препознавате сигналите на телото?
Нашето тело постојано ни испраќа сигнали. Понекогаш тие се суптилни ка...
Односот на детето кон храната се гради уште од најрана возраст, а роди...
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...