Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Иако секоја жена е различна, можат да се издвојат неколку заеднички елементи кои им помагаат на мајките да останат релаксирани. Тие:
Ги поедноставуваат своите обврски
Некои мајки на пример, купуваат исти продукти секоја втора недела, следејќи го составеното двонеделно мени. На тој начин си олеснуваат себеси и на семејството, бидејќи готват она што им се допаѓа на сите, штедејќи време и избегнувајќи фрлање на храна. Иако е здраво да се воведува ново и да им се нудат на децата различни јадења, во тоа не треба да се претерува. Ваквата организираност може да му помогне на многу мајки за да избегнат долготрајно размислување што да се готви.
Ги учат децата да бидат независни
Ова секако не значи да се пуштат децата да прават што сакаат. Мудрата мајка знае дека двегодишно дете може да ја стави својата чинја во машината за миење садови, четиригодишно дете може со помош на лажиче само да намачка мармалад на леб, или да стави шунка во сендвичот, а седумгодишно дете може да помогне во чистење на подот. Секако, не треба да очекувате совршено завршена работа. Доволно е да посматрате што може да направи вашето дете и кои задачи можете да му ги дадете. Наречете го тоа добра организираност.
Немаат комплекс на супер-мајки
Заедничка црта на задоволните мајки е да не се расправаат за секоја ситница со детето. Тие инсистираат на важните работи. Врзување во автомобил? Нема расправија, задолжително е. Кратки ракави сред зимо? Може – над блузата со долги ракави. Креативен договор.
Често велат: “И тоа ќе помине!”
Тоа не значи дека треба да се игнорира непослушното однесување. Предноста на овие мајки е што знаат дека поголем дел од “нецивилизираното однесување” едноставно ќе исчезне во текот на созревањето. Мудрите мајки се свесни за развојот на своето дете и од него не очекуваат ништо што е надвор од неговите можности.
Мислат на себе
Тие нема да го обвинуваат бебето за вишокот на килограми две години по породувањето. Мислат на здравата исхрана, се одмораат доволно и вежбаат. Знаат дека складната линија не паѓа од небо.
Уживаат во моментите
Задоволните мајки знаат дека денот е долг, а годината кратка. Ги спуштиле своите очекуваат и тука се кога работите ќе се искомплицираат. Кога детето е болно нема да им биде важно ваков неред има во куќата, па така лошиот ден ќе се претвори во убаво сеќавање ако цел ден лежите на каучот и се галите со бебето.
Не ги интересира што мислат другите
Било да се работи за госпоѓа која превртува очи во ред на касата или свекрва која е убедена дека детето гладува, задоволната мајка знае дека не треба да им придава значење на мислењето на луѓе кои не живеат во нејзината куќа.
Имаат и нешто екстра
Тоа може да биде некоја работа или хоби, бидејќи се свесни дека децата еден ден ќе пораснат и ќе ги остават сами.
Дали вие се сметате за задоволна мајка? Која е вашата стратегија?
забава Бремените
Автор: bobik
Летото е сезона на сандали, боси прошетки и сензуалност која почнува о...
Воведување цврста храна – кога и со што да почнете?
Први залчиња, први вкусови, први чекори кон самостојно јадење....
Афирмации за време на бременост
Бременоста е прекрасно, но и предизвикувачко патување. Со секој нов тр...
Први зборчиња: Како да го поттикнете бебето да зборува?
Збор по збор – така започнува светот на комуникацијата. ...
Храна што го подобрува варењето
Варењето е процес кој секојдневно се случува во нашето тело, но често ...
Миење на долниот дел.
пеперутка16
Дали твојот сопруг ја менува облеката на детето, мислам миење на долниот дел и менување на пелената?