|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Летна или зимска бременост?

Редакција Рингераја, 26.5.2015
Постојат повеќе причини заради кои многу парови планираат кога да станат родители. Не е чудо што некои идни мајки пресметуваат и кога е подобро да бидат бремени. Што избирате - летна или зимска бременост?

image
/11


 

Предности и недостатоци на летната бременост

Многу идни мајки, на кои им претстои прва бременост, мислат дека напредната бременост во текот на летото е подобро отколку во зима. Од една страна, времето е убаво и удобно може да кружат по продавниците, за да се подготват за доаѓањето на детето.

Од друга - гардеробата за бремени е достапна. Освен што може да се носат некои од старите алишта како долги фустани или средно раскроени модели, во текот на летото има многу попусти, а и предлозите по продавниците се на пониски цени, споредено со оние во зима.

Летната бременост има и друга предност, имено разновидноста од свежо, сезонски овошје и зеленчук кои содржат целосен арсенал на витамини и минерали потребни за нормален развој на плодот.
Но всушност, летната бременоста има и сериозни недостатоци. Високите температури и убиствените горештини можат да бидат опасни за здравјето на идната мајка. Тие се виновни за променливиот крвен притисок. Во жешките летни ноќи, особено со голем стомак, е многу потешко да се спие, што доведува до замор.


Во лето нозете отекуваат  уште повеќе, па дури и со влечки, идната мајка се чувствува непријатно. Покрај тоа, многу бремени жени се срамат да одат на море, кога се во напредната бременост. Од една страна, се загрижени за патувањето, од друга - тешко го надминуваат менувањето на фигурата.


Предности и недостатоци на зимската бременост

За многу идни мајки зимската бременост звучи непривлечно, затоа првично ја отфрлаат, но потоа сфаќаат дека и таа има предности. Во зимските месеци температурите не се проблем. Кога надвор е многу студено, идната мајка може да одмара дома на топло, да лежи, кога не се чувствува добро или да си има омилено хоби, ако е во кондиција.
Покрај тоа, многу мајки сметаат дека зимската бременост е подобра опција, бидејќи породувањето е предвидено до крајот на март, а тоа значи дека додека бебето наполни 2-3 месеци, времето веќе е сончево и идеално за долги прошетки. По истата логика, некои мислат дека зимската бременоста и породувањето во оваа сезона се добар предуслов за полесно калење на детето.
 Зимската бременост има и недостатоци. На пример, лошото време ве врзува дома и прошетките на отворено се минимизираат. Ова автоматски значи и ограничена способност за движење, а и без тоа варијантите за спорт во зимските месеци се мали.

Многу идни мајки се загрижени дека месеците поминати на каучот дома ќе им се видат подолги, бидејќи ќе им стане досадно. Арсеналот од облека која треба да се облече, мрачното расположение и недостатокот на доволно свежо овошје и зеленчук дополнително ја прави зимата непријатно време за одвивање на напредната бременост.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Габички на кожа и нокти, природни начини v...
Габичките на кожа и нокти се честа појава и можат да бидат упорни. Од благите инфекции на прстите или стопалата, до посе...
5
Благи грчеви за време на бременоста
Благите грчеви се честа појава во текот на бременоста и најчесто се поврзани со природни промени во телото на жената.
4
Arijam: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
3
Породување: Постои ли нешто поубаво?
Погледнете ги најубавите фотографии настанати при раѓање на нов живот, собрани во неодоливо видео, кое допре многу срца
3




Анкета

mesovit brak
zelba

da li mislite deka dete vo mesovit brak treba da znae od vete religiji ili samo od edniot roditel vo konreten slucaj tatko Albanec-majka Makedonka

ve molam na odg vo komentar (97%)

ve molam vo konetar odg (3%)


Број на сите гласови: 36

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!