AniJo во 19:13
на тема RE: Сурогат - мајка !?!
Кога ќе почнете да се обидувате да забремените, времето престанува да тече. Деновите ви се чинат како недели, бидејќи го чекате денот кога треба да направите тест. Но пред да отидете во аптека и да купите тест за бременост, прочитајте ја оваа статија во која е опфатено се' што треба да знаете за домашните тестови за бременост и на кој начин тие функционираат.
На кој принцип работи тестот за бременост?
Сите домашни тестови за бременост, независно од кој производител се, работат на ист принцип, со детектирање на хормоните за бременост во вашата урина. Хемиската лента на прачката го детектира хормонот - чевечки хорионски гонадотропин (hCG), кој телото почнува да го произведува по имплантација на ембрионот. Некои тестови, исто така, детектираат варијација на овој хормон, познат како hyperglycosylated hCG (H-hCG) кој започнува да се ослободува неколку часа по оплодувањето и може да се открие пред hCG, што укажува на бременост и пред да ви доцни менструација.
Кога да направите тест за бременост?
Сигурно сте гледале реклами кои ве уверуваат дека може да направите тест за бременост 5-6 дена пред вашиот период. Но, повеќето бремени жени нема да видат две цртички толку рано.
Ако сакате точен резултат, почекајте барем еден ден да ви доцни периодот. за најточни резултати, чекајте седум дена.
Како да го направите тестот за бременост?
Најдобар периот од денот за да направите тест за бременост е со првата утринска мокрача. Во повеќето тестови за бременост има упатство да го ставите врвот на тестот под млаз на првата мокрача, а потоа тестот да го оставите на сува површина и да чекате неколку минути. Во други тестови има упаство да ја соберете првата мокрача во стерилен сад и да го ставите врвот на тестот во него. Следете ги упатствата внимателно. Исто така проверете дали на тестот не му е истечен рокот на употреба, бидејќи тоа може да влијае на точноста на резултатот.
Негативен, по позитивен тест на бременост?
Стравот од спонтан абортус предизвикува многу жени повторно да направат тест, дури и ако првиот им бил позитивен, за да бидат сигурни. Ако добиете негативен тест по позитивниот веднаш одете на преглед кај вашиот гинеколог.
Ако резултатот е слабо видлив?
Што значи бледа втора линја на тестот за бременост? Лажна позитивна линија е реткост, додека дури и бледа втора линија значи дека сте бремена. Почекајте 2-3 дена и повторете го тестот.
Што ако тестот е позитивен?
Изгледа ќе станете МАМА – во раце ги држите вестите на векот! Почекајте 14 дена и јавете се кај својт гинеколог за преглед. Можете да направите и тест преку крвта за да се уверите дека навистина сте бремена. Исто така, почнете да пиете фолна киселина. Исто така смислете сладок начин како да му соопштите на сопругот и семејството.
Што да направите ако тестот е негативен?
Ако добивте негативен тест, а се уште ви доцни менструација, повторете го тестот за неколку дена. Можеби тоа значи дека инплантацијата се случила подоцна. А ако добиете менструација, држете се храбро и обидете се следниот месец.
Среќно!
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?