namesp во 10:12
Интервју со Александар Белов
Маја Иванова, nadica, 16.2.2011
Маја Иванова, за Рингераја.мк:
Што за тебе претставува семејството?
Александар Белов: За мене семејството претставува “СЕ”. Од една страна како поддршка, од друга страна како катче каде што секогаш ја црпам мојата позитивна енергија.
Маја Иванова, за Рингераја.мк:
Kолку ти беше важна поддршката од семејството во твоите почетоци?
Александар Белов: Поддршката од семејството и најблиските е најважна, тие се оние кои што се секогаш со мене, знаат да ме пофалат, но знаат и да ме критикуваат. Но знам дека тоа е секогаш од душа и со искрени намери.
Маја Иванова, за Рингераја.мк:
Како се снајде без најблиските во ОТ?
Александар Белов: ОТ е едно големо искуство за мене, реално шоу во кое контактот со најблиските за жал беше забранет, но со оглед на тоа што секој понеделник бев во публиката, а тие беа блиску до мене, ја гледав нивната желба и поддршка за да продолжам понатаму и да издржам. Тие беа горди на мене и на моите успеси.
Маја Иванова, за Рингераја.мк:
Дали комуницираш со сите од ОТ? Кој од нив ти остана најблизок и по завршување на шоуто?
Александар Белов: Нормално е тоа дека комуницираме сите, со некого повеќе, со некого помалку...Јас, како и во самото шоу, се дружам со сите, а би ги издвоил Нина, Ана, Соња, Никола, П.Даниел.
Маја Иванова, за Рингераја.мк:
Како мал со што најмногу сакаше да си играш? Која ти беше омилена книга, омилена приказна? Со што заспиваше?
Александар Белов: Ќе почнам со тоа што е последно, а тоа е со што заспивав. Секогаш, од мал, сум заспивал со музика, така ми било полесно... А омилени приказни ми се македонските народни приказни, живеев за тие моменти и бев среќен, а како малку помал се воодушевував на приказните на моите баби и дедовци. Пред се сакав да си играм со другарите друштвени игри...
Маја Иванова, за Рингераја.мк:
Што најмногу ти недостасува од детството?
Александар Белов: Ми недостасуваат деновите поминати со другарите, деновите поминати на училиште, тоа е период што за мене е еден од најубавите во мојот живот.
Маја Иванова, за Рингераја.мк:
Каков ученик беше? Дали се сеќаваш на средношколските лудории и што можеш да ни издвоиш како посебно што засекогаш ќе остане во твоето сеќавање?
Александар Белов: Бев секогаш одличен ученик, не дозволував никаков кикс, а на средношколските денови се сеќавам многу. Завршив средно музичко училиште во Битола, тоа за мене беше нова средина, но брзо се прилагодив. Случка што ќе ја паметам е што уште првиот ден кога се вселив во интернат го направив најголемиот кикс, а тоа е дека си ги заклучив клучевите во шкафот и не можев да си отклучам
Маја Иванова, за Рингераја.мк:
Дали се сеќаваш на првата симпатија,првата љубов?
Александар Белов: Секако дека се сеќавам, тоа беше некаде многу одамна, некаде во основно училиште и се сеќавам дека бев многу возбуден и заљубен.
Маја Иванова, за Рингераја.мк:
Од каде талентот за музика?
Александар Белов: Па можеби ми е наследен од татко ми, тој се занимавал долго време со музика, а крушата под круша паѓа. Секој ден, од мал, пеев и знаев дека еден ден ќе дојде вистинскиот момент да го докажам својот талент...
Маја Иванова, за Рингераја.мк:
Какви беа твоите родители? Што те научија што ќе ти остане за цел живот? За што си им благодарен, а за што им замеруваш?
Александар Белов: Не им замерувам за ништо, тие секогаш биле на моја страна и ме поддржувале во секоја идеја. Она што ќе ми остане цел живот од нив е тоа да останам секогаш таков каков што сум, секогаш искрен.
Маја Иванова, за Рингераја.мк:
Што би им порачал на сите сегашни и идни млади родители?
Александар Белов: Би им препорачал да го уживаат секој момент заедно со нивното семејство, да имаат што повеќе деца, бидејќи децата се вистинска радост.
Маја Иванова, за Рингераја.мк:
Што да очекуваме од тебе во наредниов период на приватен а што на професионален план?
Александар Белов: Па веќе во месец март е планирано да излезе мојот деби албум, наскоро ќе излезе и мој нов видео запис, а на приватен план засега нема да се случи ништо спектакуларно.
Маја Иванова, за Рингераја.мк:
Што претставува за тебе успешна жена?
Александар Белов: Успешна жена е жена која истовремено е успешна деловна жена, добра сопруга и нежна мајка.
Маја Иванова, за Рингераја.мк:
Дали размислуваш за оформување на сопствено семејство?
Александар Белов: Да бидам искрен, не размислувам баш по многу, од причина што мислам дека сеуште ми е рано. Но сакам еден ден да имам свое семејство и две деца, по можност момче и девојче и ветувам дека ќе бидам добар родител.
Маја Иванова, за Рингераја.мк:
Дали некогаш си слушнал за РР?
Александар Белов: Сум слушнал за Рингераја. Ако е тоа одговорот тогаш сум среќен што го имам вистинскиот одговор.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Од децата често се бара да седат мирни – на училиште, за време на некоја приказна, за време на оброците, и кога тие не с...

Интервју со Дипл. бизнис економист (БА) Тристан-Себастијан Ниче, извршен директор на Daumling Kinderschuhfabrik GmbH

Ако сте средно дете или имате брат или сестра што е средно дете,или пак сте родители на три или повеќе деца, сигурно ќе ...

Посветено на сите жени кои ги даваат своите животи за доброто на семејството
