|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Инстаграм фуд блогери ви препорачуваат за Валентајн - 2

Марина Кљајиќ Петковски, 12.2.2021
Во очи на денот поради кој февруари е наречен месецот на љубовта и виното, независно дали ќе го прославувајте Св. Валентајн или Св. Трифун, неколку македонски фуд блогери ви подготвија вкусни рецепти кои ќе ви помогнат при креирање на празнично мени

image
/11


@my_little_kitchen_stories

Чоколадни пралини полнети со црвено вино

Потребни состојки:

Подготовка:

Белата и црната чоколада ги растопувате посебно со по 3 лажици масло за јадење.

• 250 гр растопено црно чоколадо
• 200 гр растопено бело чоколадо
• 6 лажици масло за јадење
• црвена прехрамбена боја 
• ½ ќесичка желатин
• 150 мл црвено вино (може да користите и некој ликер или друг алкохол по желба)
• 2 лажици вода
Белата чоколада се дели на 3 дела. Доколку користите прехрамбена боја во гел тогаш нема потреба од растварање. Доколку е прашок тогаш е подобро да се раствори во 1 лажица вода па потоа да се додаде во белото чоколадо. Едниот дел останува бел, во другите два додавате боја онолку колку ви 
треба да ја добиете саканата нијанса на црвено или розево.
Потоа во калапчињата со помош на четка или чепкалка попрскувате доколку сакате да имате пралини со мешавина од бои, или пак ги премачкувате деловите кои сакате да се различна боја.
Оставате 10 мин. Во фрижидер да се стегне. Потоа со половина од растопеното црно чоколадо ги полните калапите, со помош на четка ги поминувате убаво краевите и остатокот од чоколадо го отстранувате вртејќи ги наопаку калапите се додека не се исцеди остатокот што не ви е потребен.
За полнењето е потребно да измешате ½ ќесичка желатин со 2 лажици топла вода и да го растворите желатинот. Потоа го додавате виното и мешате убаво. Од оваа смеса додавате во калапите по 1 лажичка и ги ставате во фрижидер да се стегнат. Наместо ова како полнење може да 
користите буквално било кое овошје, јатки, чоколадо со друга боја, едноставно препуштете и се на имагинацијата. Откако се стегнало полнењето, ги дополнувате калапите со останатото чоколадо и ги оставате во фрижидер најмалку 1час.
Декорирате по желба.
Уживајте со вашите љубени и наздравувајте за љубовта секој ден. Подарете насмевка и исполнете го нечие срце со радост!


little

@solenoblagiprikazni

За љубителите на италијанската кујна овој рецепт е полн погодок. Шпагети болоњезе....мммм
За тие што не сте знаеле овој сос потекнува од градот Болоња, Италија, а за негова припрема потребно е:
500 гр. мелено месо
1главица кромид
1 чешне лук
3 моркови
целер
1 чаша црвено вино
500 мл. доматен сос
500 гр. шпагети


На загреано тавче со масло се запржува кромидот, потоа се додава лукчето, морковот и целерот (јас практикувам сецкани на ситни коцки но може и рендани). Кога ке се пропржат се додава меленото месо и се заедно се меша(со вилушка подобро ке се оддели месото), се додава малку вода и се остава да повари околу 15 мин. Од како убаво ке извари се додаваат зачини(сол, бибер, вегета и оригано) и чаша црвено вино. На крајот се додава доматниот сос и се остава да вари уште 20 мин на тивок оган.
Откако ке се сварат шпагетите(стално практикувајте да ги варите во поголемо тенџере во веќе зовриена вода со малку сол, со почести мешања за да не се лепат меѓусебно) се процедуваат и се запржуваат со малку масло. Потоа се сервираат и се преливаат со веќе готовиот болоњезе сос. Се декорира по желба, јас обожавам со пармезан.
Добар апетит!


soleno

@me_mother_of_three
Љубовта се празнува секојдневно, љубовта е во малите нешта и среќен е оној кој ужива во нејзините благодети. Не чекајте посебен ден за да ја празнувате. 
Секако, празници како овој се добредојдени за да земеме здив од секојдневието и да се потсетиме што е најважно - времето поминато со нашите најсакани, а вкусен оброк залеан со добро вино е прав погодок. 
Мој предлог 
Похувано пилешко со прилог печурки 
2 свежи пилешки стека 
2 јајца 
Презла
Масло за пржење 
300 гр печурки 
Зачини 
Бело вино. 
Се сече пилешкото месо, се обработува со чекан за месо и се зачува со сол, бибер, соја сос, лажица сенф и сок од лимон и остава да се маринира половина час. 
Се загрева тава со масло. 
Во еден сад се матат јајцата, а во друг се става презлата. Месото се валка прво во презла па во јајце па пак во презла и се пржи кратко од двете страни додека порумени, па се пече 10тина минути во загреана рерна на 180 степени.
Печурките се сечат и се пропржуваат на малку путер, зачнати со сол, бибер, оригано, ловоров лист и при крајот се додава една чашка бело вино .
Се сервира со малку павлака и лимон, а одлично се комбинира со бело вино.
Наздравје 
mother

@natasaemil

Вафли „А Ла Натали“

Рецепт:
100 грама овесни снегулки,
60 грама рикота сирење,
60 грама млеко,
2 јајца, 
Прстофат органски цимет,
Прстофат сода без алуминиум,
3-4 капки ванила,
2 лажици домашен маџун.
Сите овие состојки се ставаат во блендер, а потоа смесата се пече во апарат за вафли.
Украсуваме со путер од лешник, лешници, шумско овошје и кокосов чипс.
natasa

@trajcevska_ljupka 

Пилешко во сос од сирење и боранија

500 гр.пилешко
200 гр.свежи печурки
180 мл.млеко
250 гр.солена павлака за готвење  
200 гр.кисела павлака
150 гр.сирење  
200 гр.боранија (замрзната)
1 супена лажица путер
1 супена лажица брашно  
Сол, бибер, куркума, лук во прав, кари,  магданос
Подготовка  
Пилешкото месо се динста и потоа се вади  и во истиот сад се ставаат печурките и боранијата да се динстаат околу 15 мин.
Во друг сад се става путерот да се стопи, се додава брашно и се пропржува на средна температура. Потоа се додава млекото, солената павлака за готвење, киселата павлака и низ прсти се дроби сирењето. Се промешува и постепено се додава месото, боранијата и печурките. Се ставаат зачините и се остава да крчка на тивок оган 10 - 15 минути. Откако ке го тргнете од рингла се става магданос.
ljuoka

@vasez


ШТРУДЛИ СО ЏЕМ ОД ЈАГОДИ 
Мммм толку многу вкусни и лесни за подготовка нема поубави особено кога во кујна помагаат вештите раце на бато Боге
500гр брашно
180гр кисело млеко
200гр маргарин/путер
1ванилка
1/2прашок за пециво

ПОДГОТОВКА
Маргаринот, киселото млеко и ванилката се стискаат со рака да се соединат, а потоа се додава брашното и пецивото. Се меси повеќе време додека смесата да стане мека и мазна. Веднаш потоа расукуваме голема коцка од прилика 40*40цм и сечеме на 6 ленти. Мачкаме џем во средината па потоа лентата ја префрламе односно ги соединуваме двата краја по должина со помош на прстите, сечиме на посакуваната должина и печеме на хартија за печење околу 20мин на 180°©. Додека се топли наросуваме со шеќер во прав. 

НАЗДРАВЈЕ 

vasez

 

@cook_with_christina

Здрави чоколадни барови кои се топат во уста и се превкусни, а сепак нема да имате грижа за вишок калории 
Потребни состојки:
100гр. овесни снегулки
50гр. кокос
10-12 урми
1 лажица чоколаден намаз со кикирики
50гр. црно чоколадо
сок од еден портокал
Овесните снегулки и кокосот измелете ги да добијат структура на брашно, потоа ставете ги во блендер и додадете ги урмите и сокот. Изблендирајте.
Чоколадото и чоколаден намаз со кикирики стопете ги на пареа. Додајте ги во блендерот и соединете се заедно. Ќе добиете леплива структура.
Истурете ја смесата на стреч фолија и обликувајте ја по желба. Оставете да се олади во замрзнувач и декорирајте по желба. Јас користев бели чоколадни капки, ги растопив и ги декорирав моите здрави чоко барови.

cristina

@cookingwithviki

 

ЉУБОВНИ КОЛАЧИЊА

Љубовни кукис колачиња за љубовни моменти со вашите сакани
Уживајте во фантастичниот вкус со шолја топло кафенце и секако, можете да си ги направите уште одмааа готови се за само дваесет минутки
......
Состојки:
125гр.путер
300гр.брашно?
50гр.какао
150гр.шеќер
1лажиче ванила
1 јајце
малку црвена прехрамбена боја за да добиете поинтензивна боја на колачите
½лажиче прашак за пециво
еурокрем за полнење
Чоколадо и мрвици за декорирање
.......
Путерот изматете го со јајцето и шеќерот во него додајте го брашното, какаото и останатите состојки. Замесете убаво тесто и поделете го на 20 топчиња или по ваша желба одредете ја големината. Притиснете го секое со дланките ставете во средината еурокрем половина лажиче и повторно затворете го во топче кое ќе го притиснете помеѓу дланките. Наредете ги во плех обложен со хртија и печете 12-15 мин на 200°С.
.....
Имајте си прекрасен ден и уживајте со вашите најмили

 

 

вики


 

Црвено кадифе 
Потребни состојки:
300 гр брашно
2 лажици какао
1 мала лажичка сода бикарбона
½ мала лажичка сол
115 гр путер на собна температура
250 гр шеќер
2 јајца на собна температура
250 мл масло за јадење
1 мала лажичка оцет
250 мл млеко
1 лажица сок од лимон
За почеток, ставете 1 лажица лимонов сок во млекото и оставете го настрана. Искомбинирајте ги сувите состојки, брашното, какаото, солта и содата. 
Во меѓувреме со миксер пенасто изматете го путерот со шеќерот и додајте ги јајцата едно по едно. Додајте го маслото за јадење и матете додека не добиете изедначена структура. Ставете лажичка оцет и додајте го млекото со сок од лимон. На оваа смеса додајте ги сувите состојки и изматете ги да се соединат. Додајте црвена боја за храна на целата смеса.  
Смесата поделете ја во два исти кружни калапи по можност 22 см. 
Печете во загреана рерна на 180?Ц - 25 минути.
Извадеде ги и оставете ги да се изладат двете торти.
Крем фил
250 Маскарпоне
250 Слатка павлака
1 лажичка ванила екстракт
50 гр шеќер
Изматете ја слатката павлака пенасто и додадете го шеќерот со маскарпонето и ванила екстрактот.  Продолжете со матење уште 5 минути. Филот ви е спремен за употреба.
Наместете ја едната торта на подлога за сервирање и нанесете го филот во средината. Ставете ја втората торта одозгора. По желба со филот можете да ја филувата целата торта и да ја декорирате по желба.

 

 


lilzs

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Homo balkanikus – идеал на машкоста
Неизбежниот златен ланец, клучеви од Мерцедес и најмалку два најмодерни телефони треба да и се покажат на дамата, пред т...
3
Татјана Стојановска: Сакам пак да бидам мајка
Задоволна од она што го пружа на публиката, работлива, искрена, истрајна, отворено зборува за разводот со Благоја Груевс...
3
Каролина Гочева се вери во Париз
Триесет и седум годишната пејачка Каролина Гочева се вери со Михаил Корубин, а судбоносното „да“ го кажа во Париз
3
Фото: Свадбата на Каролина Гочева
Вчера, Каролина Гочева и Михаил Корубин го изговорија судбоносното „ДА“ на магична церемонија која се одржа на спортскио...
3




Анкета

Тежина за време на бременоста.
пеперутка16

Дали се здебеливте за време на породувањето? Колку?