Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Dr. Frédéric Amant и неговите колеги од Leuven Cancer Institute испитувале 68 бремени жени (70 деца) кај кои биле администрирани 236 циклуси на хемотерапија (во просек три или четири циклуси на хемотерапија по бременост). Средното време кога бил дијагностициран ракот кај бремените жени било18-тата недела од бременоста. Две третини од децата биле родени пред 37-та недела од бременоста.
Научниците направиле детални испитувања кај децата вклучувајќи ги невролошките тестови, тестовите за когнитивните функции, електрокардиографски и ехокардиографски тестови и прашалници за општата здравствена состојба и развој. Деталните испитувања и тестови покажале дека децата кои пренатално биле изложени на хемотерапија биле со норален раст и развој и во ниту една функција не се разликувале од другите деца.
„Ние покажавме дека децата кои биле пренатално изложени на хемотерапија имаат нормален развој како и другите деца. Нашите откритија не ја поддржуваат стратегијата за одложување на хемотерапијата за време на бременоста за да се избегне оштетувањето на фетусот“, изјавиле научниците.
„Одлуката за давање на хемотерапија за време на бременоста треба да биде иста како и за сите пациенти“, изјавиле научниците. Тие заклучиле дека е можно да се препишува хемотерапијата во текот на бременоста, почнувајќи од 14-та недела од бременоста.
Авторите изјавиле дека дополнителното следење на повеќе деца во тек на еден подолг период ќе биде единствениот начин да се зголеми сигурноста дека хемотерапијата за време на бременоста нема да му наштети на здравјето на нероденото дете.

Monika Tomczuk родила здрав син и покрај тоа што примала хемотерапија поради рак на грлото на матката за време на бременоста.
Извор: www.rak.mk
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Дали мокрењето по однос спречува бременост?
Мокрењето по сексуален однос не спречува бременост. ...
Колку често треба да се капе новороденчето?
Новороденчето не мора да се капе секој ден. ...
Вашето тело закрепнува по породувањето
По породувањето, телото на мајката започнува период на закрепнување. ...
Како возраста влијае на машката плодност?
Машката плодност не престанува нагло со одредена возраст, како што чес...
Кога се препорачува амниоцентеза?
Амниоцентезата е пренатално дијагностичко испитување што овозможува да...