Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Кашичка од спанаќ со компир
Количина за едно дете, за еден оброк
100 мл. млеко
1 лажица оризови снегулки
100 гр. спанаќ
40 гр. компир
1 лажица маслиново масло/путер
Спанаќот исчистете го, измијте го и исцедете го. Компирот излупете го, измијте го, исечете го на коцки и ставете го да се вари. Кога ќе биде до половина варен, додадете го спанаќот и варете додека не падне на дното. Исцедете, испасирајте, додадете маснотија и ставете млеко. На крајот додадете оризови снегулки.
Кашичка од келераба, пченкарен гриз и мисиркино месо
Количина за едно дете, за еден оброк
50 гр. келераба
40 гр. компири
1 лажица пренкарен гриз
50 гр. мисиркино месо
1 лажица маслиново масло/путер
Ставете го мисиркиното месо да се вари. Келерабата и компирот исчистете ги, излупете ги, измијте ги и исечете ги на коцки. Кога месото ќе биде на половина сварено, додадете го зеленчукот да се вари додека не омекне. Додадете го гризот и варете околу 10-15 минути. На крај додадете ја маснотијата.
Кашичка од тиквичка, карфиол, компир и пилешко месо
1 лажица маслиново масло/путер
50 гр. тиквичка
30 гр. карфиол
40 гр. компир
1 лажица оризови снегулки
50 гр. пилешко месо
1 лажица маслиново масло/путер
Ставете го пилешкото месо да се вари. Компирот исечете го на коцки, а карфиолот разделете го на мали цветови па ставете го да се вари кога месото ќе биде до пола варено. Последни се додаваат тиквичките, кои претходно треба да бидат излупени, измиени, исчистени од семки и исечени на коцки. Кога сите состојки ќе бидат меки, се додаваат оризовите снегулки и кашичката се блендира.
5
4
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Кои хормони се најважни за забременување?
Забременувањето е сложен процес во кој учествуваат повеќе хормони. ...
Дневната соба е едно од најважните места во домот. Тоа е просторот кад...
Либидо и планирање бременост. Што треба да знаете?
Либидото, односно сексуалната желба, е важен дел од интимниот живот, н...
Кога е најдобро време за патување во бременоста?
Патувањето во бременоста не мора да значи откажување од одморите и пла...
Развој на плодот во третото тромесечје
Третото тромесечје од бременоста е последната етапа од патувањето до з...