namesp во 10:11
Елена Мазниковска: Мојата породилна приказна
Редакција Рингераја, 21.5.2020
Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.
ВАШИОТ момент на породување!
Детали
Име: Елена Мазниковска
Датум на породување:
Лина: 24.12.2017
Калина: 05.02.2019
Тип на породување: Природно
Болница: Битола
Пред се здраво, мајки, трудници или жени кои го читате ова. Да се претставам, јас сум Елена Мазниковска од Ресен, можеби некој од вас ме знае и од профилот на Инстаграм @mother.of.two.daughters. Како што претпоставивте по името на профилот јас сум мајка на две ќерки, што значи денес сум тука да ви споделам две породилни приказни.
Како и секоја бремена жена и јас имав некои мали стравови околу породувањето, но како што кажав баш мали.Најголемиот страв ми беше тоа дали се ќе биде во ред.
Текот на двете бремености беше одличен и без проблем.
Првото породување беше 24.12.2017. Истиот тој ден јас имав закажано редовен преглед во болницата во 08:00h утрото, како мојата ќерка да знаеше па болки почнаа во 04:00h.Тоа беа слаби болки во споредба со тие што беа за време на породувањето. Во 07:00h се упативме кон болницата, ме примија, потоа ме прегледа докторката и кога увиде дека веќе сум спремна за породување кажа да ме подготват што и медицинските сестри тоа и го направија. Следеа подготовки како ЦТГ, клизма и слично. Мојата прва среќа се роди во 11:50h тешка 2,940 гр. по природен пат. Инаку терминот за породување ми беше 30.12.2017.
За второто породување терминот ми беше 15.02.2019, болките почнаа ноќта 04.02 околу 21:00h. Беа тоа многу, многу слаби болки но доволни за да ми биде мене јасно дека се работи за породилни болки.Одлучив ноќта да останам дома бидејќи гледав дека нема потреба од болница сеуште. Болки имав секои 20 минути и тоа ме будеше од сон. Во 06:00h утрото веќе почнаа поинтензивни болки на 10 минути и тогаш знаев дека мора да се упатиме во болница. Отидовме и следеше истото што и кај првото породување, преглед, подготовка и на крај се роди мојата втора среќа во 09:30h со тежина од 3,120,по природен пат.
Тоа беа деновите во кои јас го добив најголемиот благослов, ги добив моите Лина и Калина.
Единствено нешто што ми недостигаше во тие моменти беше сопругот покрај мене, но за жал не дозволија да влезе во породилната сала.
Секој страв, секоја болка беа ништо во споредба со љубовта која секојдневно ја добивам од нив.
Идни мамички, нема потреба од страв и паника, штом Господ ве благословил тогаш знае дека имате сила за да го донесете тој благослов на свет. Бидете јаки. Колку и да не е за уживање, уживајте во секоја болка, бидејќи баш таа болка го носи на свет вашето најмило.
А кога ќе го погледнете тоа мало и збрчкано лице ќе сфатите што сакав да ви кажам.
Follow mother.of.two.daughters on Instagram
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Откако во 2012 година стана мајка на Блу Ајви, светски познатата пејачка Бијонсе и откри на јавноста дека имала спонтан ...

Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...

Сигурно многу од вас се запрашале како порано жените правеле тест за бременост? Многумина од вас сигурно сметаат дека то...

Дали сум бремена? Кога да направам тест за бременост? Кој тест за бременост е најточен?
