Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Колку и да се трудите, не успевате да се ослободите од вишокот килограми? Ако Ви е веќе доста од пропаднати диети и фрустрации заради тоа, можеби популарниот Др. Мехмет Оз има решение за Вас!
За некои совети веќе добро знаеме, па нема потреба дополнителн да се објаснуваат:
- Спијте барем 7 часа дневно
- Кога сте гладни напијте се 1 чаша вода
- Немојте да изгладнувате
- Не се откажувајте од диетата
- Немојте истовремено да јадете и да гледате ТВ или читате
- Користете мали чинии
- Секојдневно движете се
Сецкајте ја храната
Така може да ја намалите количината на храна која ќе ја изедете и ќе го излажете мозокот дека јадете повеќе. Погледот на полна чинија прака сигнали до мозокот дека треба да престанете со јадење.
Кисело пред оброк
Закиселенот зеленчук содржи тајно оружје: киселина. Киселината во храната помага да се одржи степенот на шеќер и инсулин во крвта во нормална граница. Доволно е да зедете две кисели краставички пред оброк и ќе јадете помалку.
Изедете чинија врела супа
Една чинија врела супа пред ручек ќе Ви помогне да внесете помалку калории. Како? Јадејќи ја полека врелата супа, му давате време на мозокот да сфати дека сте сити, па помалку ќе изедете за време на главнот оброк.
Сирење како меѓуоброк
Неодамнешно истражување покажа дека замената на грицките со сирење и зеленчук, може да ја намали количината на внесена храна за 72%. Комбинацијата на сирење и зеленчук дава доволно калциум и протеин, па нема да изедете којзнае колку за да чувствувате ситост.
Нарачајте детска порција
Ако добиете незапирлива желба за fast food, одберете помала порција, Така ќе ја задоволите својата желба и нема да внесете двојна вредност на калории.
Јагленохидрати за појадок
Одберете јачмен, други здрави житарици или интегрални производи. Така ќе ги задоволите дневните потреби за јагленохидрати, а пред Вас е цел ден за да ги истрошите.
Вдишете ванила
Добро е познато дека различните ароми и мириси имаат големо влијание на човечкиот мозок, а миризот на ванила може да ја спречи желбата за јадење благо.
Мијте ги забите пред јадење
Пастата од пеперминт докажано го убива апетитот.
Луто за појадок
Се вели дека појадокот е најважниот оброк во денот, па еве уште еден совет: кога јадете луто за појадок, апетитот за ручек ќе Ви биде помал, тврди Др. Оз. Вкусот на лути пиперки влијае на центарот за ситост во мозокот, па подоцна нема да бидете толку гладни.
Јадете пред главното јадење
Мајка Ви беше во право, јадењето пред ручек навистина го уништува апетитот. Пред јадење изедете на пр. 15-тина бадеми или лешници или малку овошје. Тоа ќе Ви помогне да не чувствувате глад и помалку да изедете за ручек.
5
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се подготвите за родителство?
Подготовката за родителство не е листа која треба да ја „чекираме“, ни...
Токсични супстанци што секој ги има
Од миризливи свеќи до омилени средства за чистење, многу секојдневни п...
Правилно сечење на нокти кај бебиња
Бебето конечно заспива… а вие гледате дека ноктето се закачува за рака...
Кога во домот пристигнува новиот член, вашето бебе, доаѓаат љубов, хао...
Првите знаци што тивко шепотат „можеби си бремена“
Почетокот на бременоста е период полн со промени во телото и во чувств...