Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Доењето го намалува ризикот од рак на дојка до 20%, покажува новото истражување. Во истражувањето се вклучени речиси 37 000 жени, пишува "Дејли Меил". Резултатите покажуваат дека жените кои доеле, се изложени на 10% помал ризик од развој на болеста. Освен тоа имаат 20% помали шанси за развој на една од најтешките форми на рак позната како тројно негативен.
Во Велика Британија само 23% од жените дојат во тек на 6 месеци и најчесто им даваат на своите деца вештачко млеко. Светската здравствена организација препорачува децата да бидат доени најмалку 6 месеци. Американските научници анализирале истражувања на 36 881 жени. Оние кои доеле без разлика за кој временски период, се изложени на 10% помал ризик од развој на рак на дојка. Покрај тоа, тие имаат 20% помали шанси за развој на тројно негативниот рак кој опфаќа 15 до 20% од заболените и е многу тежок за лекување. Наречен е тројно негативен, бидејќи не потклекнува на ниту еден од трите ефикасни методи на лекување.
Доењето го намалува нивото на хормонот естроген, кој може да предизвика рак. Според некои научници процесот на формирање на мајчиното млеко спречува клетките на ракот да се обликуваат. Бебињата кои се доени, се помалку подложни на инфекции, алергии и дебелеење. Доењето ја засилува врската на мајката со детето и им помага на мајките во симнување на тежината стекната во текот на бременоста, бидејќи при формирањето на мајчино млеко се согоруваат калории.
5
4
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Кога парот се обидува да добие бебе, често се поставува прашањето: дал...
Дали денот на овулација е најплодниот ден?
Денот на овулацијата се смета за еден од најплодните денови во менстру...
Што е анксиозност во бременост?
Анксиозноста во бременост е состојба на зголемена грижа, напнатост и с...
Како функционира ин витро оплодувањето?
Ин витро оплодувањето (IVF - in vitro fertilization) е асистирана репр...
Што е ПАП тест и зошто е толку важен?
ПАП тестот е едноставен, брз и безболен гинеколошки преглед кој има ог...