|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Добиле ќерка од замрзната сперма по 21 година

Редакција Рингераја, 9.3.2012
Господин Пауел замрзнал сперма пред да го започне третманот и кога целосно оздравел по 20 години, спермата ја искористиле за на свет да дојде нивното бебе Јасмин

image
/11


 

 

Новостите не можеа да бидат позастрашувачки за полицаецот Џон Пауел. Дијагностициран му е рак на тестисите на 32 годишна возраст. Докторите му рекле дека ќе живее уште 6 месеци и дека агресивната хемотерапија ќе го остави неплоден.

Тоа беше пред 21 година, а сега тој и неговата сопруга го прославуваат доаѓањето на свет на нивната ќерка.

Господин Пауел замрзнал сперма пред да го започне третманот и кога целосно оздравел по 20 години, спермата ја искористиле за на свет да дојде нивното бебе Јасмин.

Не би можеле да бидеме посреќни -  таа е чудо на медицината, вели Г-дин Пауел заедно со сопругата Ченпен, во својот дом во Орпингтон, Кент. 

Ја гледам малата Јасмин и си велам - таа е вистинско чудо. Јас искрено не верував дека таа е вистинска се до моментот на раѓање, кога и го видов лицето. Сега ја држам и си велам таа била дел од мене пред 20 години, пред да започнам со хемотерапија.

Зачудувачки е што нешто толку убаво како Јасмин, може да дојде во време кое беше толку болно и тешко.

За Г-дин и Г-ѓа Пауел, раѓањето на нивната ќерка на 20 февруари е дури повеќе од чудо бидејќи тие имале пари да платат само за еден циклус на вештачко оплодување.

Медицинскиот персонал во Бриџ центарот во Лондон, верува дека ова е рекорд во Британија, 20 годишна сперма да биде успешно оплодена со еден циклус.

- Никогаш не помислив дека ќе имаме толку среќа да успее оплодувањето, вели 53 годишниот Г-дин Пауел.

- Не си дозволив себеси да верувам дека ни успеало до моментот кога Јасмин се роди.

Г-дин Пауел веќе има една ќерка, која сега има 23 години, од првата жена, кога го откриле ракот во 1990 година. Тие се разделиле неколку години подоцна и по осамениот период тој го посетил Тајланд, каде пријателите го запознале со Ченпен.

Со неа се венчале во март 2008 година, но откако тој веќе ја предупредил дека веројатно нема никогаш да имаат потомство.

Госпоѓа Пауел, изјавува: Џон ми објасни дека поради ракот веројатно нема да имаме деца.

Секако јас бев вознемирена, но многу го сакам Џон, па затоа размислував за заедничката иднина, па дури и ако немавме деца.

- Мислевме  дека имаме шанса да добиеме бебе од замрзнатата сперма. Знаев дека имаме само една шанса, па затоа не верував дека ќе успее.

- Беше толку неочекувано кога дознавме дека сум бремена, Џон имаше огромна насмевка на лицето и очигледно беше колку е среќен.

Г-дин Пауел, познат тркач кој бил тренер на многу спортисти на светските првенства, својата сперма ја замрзнал во април 1991 и точно по 20 години неговата жена дозна дека е бремена.

Г-дин Пауел пишувал дневник во текот на овој трауматичен период. Тој вели: Бев соочен со изгледите дека имам уште 6 месеци живот доколку се одлучам за новиот третман. Бев решен да се борам. Тоа беше ужасен период, а сега откако ја имаме Јасмин можам повторно да погледнам во дневникот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Сакате бебе? Погрижете се за јајце клетките
Во минатото се наложуваше една основна теза на факторот кој влијае врз здравјето на јајце клетките, факторот возраст. Н...
3
Што значи крварење во средина на циклусот?
Spotting, или крварење во средина на циклусот е нормална појава и се јавува за време на овулација
3
Приказната на Вишња Томиќ
Рингераја.ба за мене е како мое семејство, мој дом каде секогаш можам да влезам, во кој сите се добредојдени. Место каде...
2
Интраутерина инсеминација
Интраутерината инсеминација е постапка при која спермата се промива, концентрира и директно се вбризгува во матката на ж...
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?