Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Факултетот целосно го поддржа хуманиот проект "Прегратка на дар" во организација на семејниот портал Рингераја.мк, што го поддржаа голем број институции во државата, невладини организации и установи. Европскиот универзитет е единствената високообразовна институција кој по сопствена иницијатива го направи хуманиот гест и започна со изработка на играчки
Студентите од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет РМ деновиве изработуваа играчки кои ќе им бидат подарени на болните дечиња кои новогодишните празници ќе ги дочекаат сместени во здравствените установи во државата. Факултетот целосно го поддржа хуманиот проект Прегратка на дар" во организација на семејниот портал Рингераја.мк, што го поддржаа голем број институции во државата, невладини организации и установи. Европскиот универзитет е единствената високообразовна институција кој по сопствена иницијатива го направи хуманиот гест и започна со изработка на играчки.
Корените на проектот
Проектот за првпат се реализира во Република Македонија, а ги следи стапките на истиот проект кој веќе трета година со голем успех и одзив се реализира во Република Словенија. Целта е рачно да се изработат играчки кои потоа ќе бидат подарени на децата кои новогодишните празнивци ќе ги дочекаат во болница. Иако првобитната намера беше играчките да ги прават децата од градинките со што и тие од мали нозе би научиле да бидат хумани, имавме огромен одзив кој не изненади. Се приклучија голем број организации, институции и установи, така што имаме доволно играчки за сите дечиња", вели Симона Тренчевска, проект координатор.
Проектот во Македонија започна во октомври и досега голем број градинки, организации и институции веќе ги завршија играчките и тие до 26 декември ќе бидат поделени на здравствените установи.
Огромен одзив од бројни институции
Имавме одличен одзив и од страна на болниците кои го прифатија овој хуман гест, така што сите болни деца сместени кај нив ќе бидат израдувани. Бевме изненадени кога покрај 150 градинки од цела Македонија, во проектот се вклучија и членови на Школата за млади лидери на Ѓорге иванов, неколку основни училишта, амбасади, семејства, па дури имавме и поединечни повици. Исто така играчки ќе изработуваат и штитеници од Домот за децата без родители, од затворот во Штип...", додава Тренчевска.
Со помош на програмата "Цивица мобилитас" проектот ќе се прошири, а играчки ќе добијат и децата со посебни потреби. Она што особено радува, вели Тренчевска е што Македонија докажа дека е хумана нација.
Хуманоста по иницијатива на самите студенти
За хуманоста на студентите од Европскиот универзитет РМ, пак, зборува и нивната посветеност при изработката на играчките. Тие не чекаа да бидат поканети да се вклучат во оваа хумана акција туку самоиницијативно, одлучија да бидат дел од неа. Со најразличен дизајн и уште поразличен материјал, тие подготвија вистински уметнички дела кои сигурно ќе ги израдуваат болните дечиња.
Од Европскиот универзитет РМ велат дека и во иднина со големо задоволство ќе се приклучат кон вакви и слични хумани акции, се со цел да се помогне на оние на кои најмногу им е потребно.

Покровител на акцијата "Прегратка на Дар" е HealthAid – BabyVit. Акцијата е поддржана и со грант од програмата CIVICA Mobilitas, имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC. |
2
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Што ја одредува успешноста на ин витро оплодувањето?
Ин витро оплодувањето (ИВФ) е напредна медицинска процедура што на мно...
Опоравување по царски рез - чекор по чекор
Царскиот рез е хируршка интервенција, но и почеток на ново животно пог...
Анксиозност за време на ПМС и менструалниот циклус
Анксиозноста поврзана со предменструалниот синдром (ПМС) и самиот менс...
Кога децата почнуваат да одат? Што е нормално?
Првите чекори на детето се еден од најочекуваните моменти за секој род...
Габични инфекции во бременост. Што е безбедно?
Габичните инфекции се честа појава во бременоста, особено поради хормо...