Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Кремата за заштита од сонце е задолжителна, но секако и помало изложување на сонце во опасните периоди.
Сепак, покрај овие својства, сонцето има и многу позитивни ефекти врз телото и здравјето на човекот, па добро е да ги знаете и тие страни.
Нормално, треба да избегнувате изложување кога сонцето е најјако и зраците се најштетни, но тоа не значи дека не треба целосно да ги избегнувате сончевите зраци.
Влијанието на сончевата светлина во текот на денот и темницата во текот на ноќта, ни помага да одржуваме здрав биолошки ритам, благодарение на кој се будиме секојдневно се будиме со зраците од сонцето и си легнуваме изморени на крајот од денот.
Затоа веднаш по будењето, отворете ги завесите и дозволете да влезе природна наместо вештачка светлина.
Луѓето со нерегуларен распоред на работа и работат во смени, може да го пропуштат денот со светлина, а тоа потоа предизвикува проблеми со сонот.
Според истражувања, децата кои живеат во предели со недостаток на сончева светлина се посклони кон алергии на јајца и кикирики, од оние кои се изложени повеќе на природна светлина.
Други истражувања откриле дека има поврзаност помеѓу ниското ниво на витамин Д и различните типови на енергии, како и астмата.
Истражувањата покажале дека недостатокот на витамин Д е поврзан со кардиоваскуларни болести.
Исто така, сончевата светлина има силен ефект врз артериите и го намалува крвниот притисок.
Сепак, времето кое се поминува на сонце треба да е строго ограничено, а за луѓето со светол тен, сосема е доволно да ги изложат рацете и нозете на сонце 5-10 минути во денот за потребната доза на витамин Д.
Очилата за сонце ги штитат вашите очи од штетните ултравиолетови зраци, а директната изложеност на сонце може да ја уништи ретината. Затоа носете очила со заштита дури и кога надвор е облачно.
Но, исто така е докажано дека децата кои поминуваат повеќе време на отворено, имаат помала шанса за проблеми со кратковидност, па ако примаат доволно витамин Д од природната сончева светлина, нема ни да имаат потреба да носат очила
Примањето на задоволителна доза витамин Д, без разлика дали е од изложеност на сонце или преку витамини, може да го намали ризикот од развивање на мултиплекс склероза.
Витаминот Д му помага на телото да апсорбира калциум што е многу важно за здрави коски, како и за здравјето на мускулите.
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Најтешките и најубавите недели од бременоста
Бременоста не е рамна линија туку динамичен процес исполнет со промени...
Што се случува за време на породување? Чекор по чекор
Породувањето е природен, но сложен процес кој се одвива во неколку фаз...
Промени на телото по породувањето
По породувањето, телото на жената поминува низ голем процес на опораву...
Бременоста е период на големи промени во телото, а со нив често доаѓаа...
Колку сон губиме во првата година со бебе?
Првата година со бебе е една од најубавите, но и најисцрпувачките фази...
Капење бебе.
пеперутка16
Колку често капете бебе? (Не мислам на новороденче)