Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Одма морам да кажам – не ја сакам таа позната реченица. Ама, не ја поднесувам. Не ја разбирам и никогаш нема да ја разберам. А пак, од некоја причина, сите добронамерни поминувачи и познаници имаат потреба на мајката да и го доделат овој совет
Не го навикнувај бебето во раце и се ќе биде супер! Како рацете да се причина за сите проблеми. Е па не се согласувам и готово!
Прво, самиот поим “разгалено бебе” мене ми ги пара ушите. Ајде малку да се замислиме над тоа озогласено навикнување во раце.
Во почетокот бебето плаче кога нешто му треба. Потребите на бебето се сведуваат на следното: гладно е или жедно, пелената му е мокра, му се спие, нешто го боли, или му треба нежност. Од некоја причина, според стариот облик на негување на децата, за разумни се сметале само првите 4 потреби на бебето. Ако бебето било сито, суво, здраво и наспано, неговото плачење се толкувало како разгаленост, па дури и безобразлук (да, сум слушнала со сопствени уши). Тоа исто бебе било константно во својата мајка девет месеци, го чувствувало нејзиниот мирис, ги слушало отчукувањата на нејзиното срце и уживало во топлината на мајчиното тело. Сега одеднаш, оттргнато од неа, има потреба за близината на мајката и често ја бара. Плаче, бидејќи не знае поинаку. Она што на мајките природно им доаѓа е да реагираат на плачењето на бебето, да го прегрнат и утешат. Од некоја причина се советуваат да не го прават тоа.
Што се случува во главата на бебето ако го пуштите да плаче? Прво што сигурно НЕ се случува е дека “растат градите”, “се зајакнуваат гласните жици”, “расте срцето” и слично. Кога бебето плаче, а мама не реагира, тоа сфаќа дека не може да се потпре на мама. Дека мама ја нема кога е најпотребна. Да, по некое време ќе престане да плаче, но не затоа што научило, или се воспитало, туку затоа што сфатило дека неа кому да се обрати за блискост и нежност.
Какви последици може да остави тоа на бебето? Не знам. Не сметам дека бебето кое е оставено да плаче ќе има некои страшни трауми или пореметувања заради тоа што не го нишкале доволно. Но сигурно дека како мајка сакам да изградам однос на блискост, нежност и љубов со своето дете. Секогаш се говори дека детето се воспитува од првиот ден на животот. А дали доволно се зборува за довербата од првиот ден? Сакам моето дете да знае дека секогаш кога ќе му бидам потребна ќе се создадам пред него за да му помогнам. И сега и секогаш. И сакам таа порака да му ја всадам во малото главче од првиот ден.
Основна улога на мозокот е преживување. Мозокот постои и учи за да живееме и се што учиме, учиме со таа цел. Заради тоа чувството на сигурност е најважната работа која можете да му ја дадете на вашето бебе. Детето кое не се чувствува сигурно и кое е под стрес, сите свои активности ги насочува кон изворот на несигурноста. Детето кое е сигурно и знае дека неговите потреби ќе бидат задоволени – опуштено е, среќно и подготвено да го истражува светот и да ја развива својата интелегенција. Прегратката и земањето на детето во раце тогаш кога сака, посебно во првите денови, е најдобра работа која можете да ја направите за негов правилен развој.
И уште нешто. Кога велат дека бебето ќе се навикне во раце, некако сето тоа го претставуваат како катастрофа. Кога ќе ги слушате тие совети, ви звучи како да треба да го држите во раце додека не тргне на факултет. А вистината е многу поинаква. Ќе го држите во раце само додека не почне да лази и додека не биде во состојба само да го истражи она што го интересира. А тоа време се мери во месеци. Тоа драгоцено време се мери само во месеци. И после тоа никогаш нема да можам да го држам во раце вака како сега, да бидам негов прозорец кон светот и прегратка која ги отстранува сите грижи. Затоа извинете ме, отидов да го изгушкам и поштено да го научам во раце моето бебе.
Извор: Carapice
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Најдобар секс за забременување
За да се забремени мора да се поклопат повеќе работи, но во секој случ...
Повеќето жени по породувањето очекуваат дека стомакот ќе им се врати в...
Изградете врска со бебето во стомакот
Онаа посебна врска меѓу мајката и бебето, за која сите знаеме дека не ...
Дали амниоцентезата ќе му наштети на плодот?
Амниоцентеза претставува дијагностичка метода која дава важни информац...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Пушењето за време на бременоста.
пеперутка16
Би сакал да ги знам искуствата на ПУШАЧИТЕ во врска со оваа тема, дали сеуште пушат, бидејќи знам дека непушачите реагираат многу остро и не ја разбираат желбата за таа празна пура.