Многу пати децата знаат да посакат некои работи или да направат нешто а што не е за деца. Често им викам,тоа мама ќе го правиш кога ќе пораснеш
За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
И изгледа од толку многу "забранети" работи им се брза да пораснат.
Мамо кога ќе пораснеме?
Би сакала да можам да и одговорам на начин на кој ќе ме разбере дете од 3 и 4 годишна возраст, ама сепак е тешко децата да го разберат светот на возрасните.
Не брзајте да пораснете мили деца.
Живеете во најубавите години од вашиот живот. Немате никакви гревови, немате грижа на совест, немате проблеми, немате обврска да идете на работа, да направите ручек, да исчистете дома...
Единствена ваша грижа и болка е кога ќе го удрите коленцето при играње со другарчињата во двор.
Вашата среќа се малите работи, многу играчки, многу деца и голем двор за играње.
Вашиот единствен проблем ви е зошто баш сега розевото фустанче или маичката со Бетмен е за перење и не можеш да ја/го облечеш во моментот кога ќе посакаш.
Вие сте најсреќните и најчистите суштества во овој период од животот, не брзајте да пораснете бидејќи кога ќе пораснете ќе сакате да бидете деца!
Уживајте во детството!
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Начини како да ја вратите интимноста
Често, новите родители мораат да се трудат многу за да воспостават повторно физичка и емотивна близина, која ја имале пр...
6
Навикнување на нокшир
Кои се чекорите за навикнување на нокшир? (англиско видео)
4
МЕНСА препорачува: пуштете ги децата да ск...
Др. Ранко Рајовиќ, член на Управниот одбор на MENSA International препорачува: пуштете ги децата да се вртат додека им е...
4
Миењето раце - најважна работа
Родителите треба да знаат дека многу хигиенски навики се развиваат уште додека децата се мали, па така со време ќе стан...
4