|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

7 производи кои ќе ви помогнат да забремените

Редакција Рингераја, 22.1.2023
Постојат голем број на правила за тоа што треба и што не треба да се јаде за време на бременоста. Но што да правите, ако уште само се обидувате да забремените? Можат ли одредени производи да ви ја зголемат плодноста? Одговорот е да!

image
/11


 

Ви претставуваме 7 производот, кои храбро можете да додадете во менито, ако сакате вашето семејство да се зголеми за уште еден член. Уште подобро ќе е при тоа и да се исклучите од најмалку 7 штетни производоткои секојдневно ги консумирате.

 

Зрнести култури

Да, волшебните зрна можат да ве направат повеќе плодни. Научниците од Harvard School of Public Health набљудувале некое време 19 илјади жени и утврдиле дека неплодноста е со 39% повеќе вообичаена кај жени кои активно консумираат животински протеини. Оние кои јаделе главно растителни протеини, имале помалку проблеми со забременувањето. Затоа, јадете зрнести производи, ако сакате да забремените. Ако не сакате грав, можете да го замените со соја, сирење тофу или ореви.

 1

 

 Сладолед

Токму така, читате напис со совети за здрав начин на живот и еден од нив е да јадете сладолед. Ура! При тоа сепак сладоледот треба да е вистински, од природно млеко. Научниците од Nurses 'Health Study откриле дека една чаша млеко на ден или истата по обем порција производ со полномасно млеко (на пример сладолед) ја намалува шансата од развивање на неплодност. Но, внимавајте - обезмастеното млеко го отежнува забременувањето, или барем така тврди Џорџ Чаваро, професор во Harvard School of Public Health и автор на книгата The Fertility Diet. Никој не знае зошто е тоа така. Чаваро сепак претпоставува дека обезмастено млеко влијае на хормоналната рамнотежа.

2

 

Зелени и листести зеленчуци


Спанаќ, коприва, брокула и други зелен зеленчци се богати со фолна киселина - витамин Б, кој може да ја стимулира овулацијата. Впрочем поделете ја салатата со  сопругот, кој исто така ќе има потреба од неа. Јадејќи зелен зеленчук, мажот го намалува ризикот од појава на генетски абнормалности кај идното дете - на таквото мислење се научниците од University of California Berkeley's Public School of Health.

3

 

Семки од тиква

Тие се богати со железо. Во една неодамнешна студија се споменува дека жените, чие мени е составено од производи заситени со железо, имале 40% помалку тешкотии при обидот да забременат. Значи испечете семки и очекувајте штркот наскоро да дојде и кај вас.

4

 

Пченкарен леб


Софистицираните јагленохидрати се трошат од организмот побавно и на тој начин се одржува оптимално нивото на шеќерот во крвта и инсулинот. Што има тоа со бременоста? Зголемениот инсулин може да влијае негативно на репродуктивните хормони. Дански научници набљудувале 165 парови, кои се обидувале да зачнат дете. Утврдиле дека жените со зголемено ниво на шеќер во крвта имаат за 50% пониски шанси да забременат за 6 месеци. Ако сакате да зачнете, јадете пченичен леб наместо бел и преминете на кафеав ориз.

5

 

Маслиново масло

Маслиновото масло содржи мононезаситени масти кои ја зголемуваат чувствителноста кон инсулинот и ги ограничуваат воспалителните процеси (а тоа е важно за време на овулацијата и во раните стадиуми на развој на ембрионот). Можете лесно да го вклучите маслиново масло во менито - само почнете да го додавате во салатите или користете го за пржење.

6

 

Лосос

Оваа риба е богата со омега-3 киселини, кои помагаат за регулирање на хормоналниот баланс и го зголемуваат протокот на крвта во репродуктивните органи. Впрочем лососот содржи помалку жива од секоја друга мрсна риба.

7

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Секоја жена најзадоволно се смее двапати!
Жената има две насмевки, една кога сфаќа дека е заљубена и друга кога за првпат ќе си го види бебето
4
Што не знаевте за неплодноста?
Жените кои не можат да забременат поминуваат низ многу тежок период и постојано се преплавени со емоции, како што се оса...
3
Приказната на Вишња Томиќ
Рингераја.ба за мене е како мое семејство, мој дом каде секогаш можам да влезам, во кој сите се добредојдени. Место каде...
2
Интраутерина инсеминација
Интраутерината инсеминација е постапка при која спермата се промива, концентрира и директно се вбризгува во матката на ж...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?