|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

13 големи вистини за родителството

Rachel Martin, 31.10.2014
Знаете што? Грешките се случуваат. Од нив можеме да учиме и следниот пат ќе биде подобро. Совршенството не се случува. Реалноста се случува
Клучни зборови:

image
/11


 

  1. Вашата куќа не е одраз на вашите родителски вештини. Знаете за што зборувам. Некој чука на вратата во 14:28 часот, а вашата куќа не е во сјајна состојба. Посакајте и добредојде на пријателката. Не се извинувајте заради нередот. Покажете дека сте обична, вистинска личност. И не заборавајте дека вашата куќа не покажува каков родител сте.

  2. Некогаш морате да читате иста книга одново и одново. Или ги учите децата на нешто одново и одново, или се занимавате со истите проблеми со однесувањето. Или повторно миете чинии. Родителството подразбира многу повторувања и во главно за тоа постои оправдување. Читате книги по повеќе пати? На децата им е потребно да слушаат едно па исто повторно и повторно, за да учат да препознаваат фиинеси. А дисциплината? Не се откажувајте, само одете напред.

  3.  Нападите на бес во продавница се случуваат. Врескање и фрлање на под на четиригодишни деца во супермаркет се секојдневна појава. Знаете дека таквите работи им се  случуваат на мајките. Не ги осудувајте.
  4. Ќе бидете уморни. Сакате објаснување? Веројатно не. Земете  кафе, чај, енергетски напиток, или нешто друго што ќе ви помогне. Вие го можете тоа.

  5. Некои денови ќе бидат долги, други нормални, некои предизвикувачки, некои сјајни. Мајчинството е како возење на roller coaster, а некогаш промените во расположението се случуваат во средината на денот. Можете да го започнете денот со чувство како да сте кралица на мајчинството, за да ви избега тлото под нозете веќе во 8:30 часот.

  6. Децата се разболуваат. Тоа едноставно се случува и со тоа мора да се соочиме. Треба да умеете да излезете на крај со двегодишното дете кое повраќа, или да останете будна цела ноќ со детето кое има температура. Или да седите во ординацијата чекајќи за преглед. Децата се разболуваат. Тоа не е забавен дел од родителството.

  7. Малите работи значат мал стрес. Колку повеќе работи имате, толку морате да се занимавате со нив. А колку сте позафатени, толку имате поголемо чувство дека се вртите во круг. Најдобро што можете да правите е да се ослободувате од работите без престан.

  8. Ќе правите грешки. Како и јас. Прво го објавив овој текст без подточка 8. Но знаете што? Грешките се случуваат. Од нив можеме да учиме и следниот пат ќе биде подобро. Совршенството не се случува. Реалноста се случува.

  9. Никогаш нема да ги исперете сите валкани алишта. Да. Ќе поминат околу 18 секунди пред првото парче валкана облека да заврши во корпата. Опуштете се што се однесува до облеката – тоа е нормален дел од животот. И уживајте во тие 18 секунди во кои сите алишта се испрани. Ни тоа не е лошо.

  10. Симнете се на нивно ниво. Гледајте ги во очи кога ви зборуваат. Научете се да го сакате тоа што го сакаат тие.

  11. Чашата со клунче пропушта вода. Играчките се кршат. Тие работи не се важни. Тоа не се работи кои ќе ги започнете. Мислам дека се сеќавам на само неколку играчки од детството. Но знаете на што се сеќавам? Се сеќавам дека одевме на езеро со родителите и ловевме риби. Навечер игравме карти. Возевме велосипед. Се бркавме во дворор. Се сеќавам на обични, мали, радосни нешта.

  12. Не се оптоварувајте дека мора да уживате во секој момент. Оладете, навистина. Сетете се на поентите од “Децата се разболуваат”. Во животот постојат моменти кога работите не одат најдобро. Не се оптоварувајте со тоа. Наместо тоа бидете благодарни на нормалните моменти. Обично нив ги очекуваме. Тие моменти значат многу и затоа обидете се да ги запомните.

  13. Не постојат супер мајки. Само обични мајки. А тие се храбри, силни, забавни, уморни, несебични, плачливи, полни со надеж, љубов, подготвени за предизвици, работливи, исцрпени, полни со живот, љубов и неверојатни. Вистинските и нормални мајки се сјајни. Ако го сакате своето дете и се грижите за него, виие сте одлична мајка. Тоа е сосема доволно.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Само уште пет минутиииии!
Една од најголемите битки кои се наметнуваат за водење, најверојатно се крие токму во оваа реченица. Знаете ли како да н...
4
Кога цртежите на децата ќе "оживеат"
Telmo Pieper е холандски уметник кој со помош на Photoshop дигитално ги „оживува“ детските цртежи во реална фотографија....
4
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести кои се предизвикани од бактерии во храната, особено ...
4
Дете и телевизија
Разбирливо е колку децата денес сакаат да гледаат телевизија, но родителите се тие кои мораат да ги надгледуваат и до од...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?