vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Но за жал, тие моменти не траат засекогаш и треба максимално да се искористи секој период од животот, бидејќи ништо не може да се повтори.
Никогаш нема да се вратат моментите на детството, за заради тоа вреди секој момент поминат со нив, без оглед на заморот кој го чувствуваме во моментот.
Овој емотивен текст ќе ве потсети на тоа и ќе допре до срцето на секоја мајка.
Од оној момент кога ќе го земете бебето во прегратка, повеќе ништо нема да биде исто.
Исполнети со хранење, плачење и борба со поспаноста и недостатокот на сон.
Ќе ви се чини како да се вртите во магичен круг без излез.
Но не заборавајте...
За се постои последен пат.
Ќе дојде момент кога бебето ќе го храните за последен пат.
Ќе заспие кај вас по долгиот ден и тоа ќе биде последен пат кога држите заспано дете во своите раце.
Еден ден ќе го носите на колковите, па ќе го научите да седи и повеќе нема да го носите како некогаш.
Една вечер ќе му ја миете косата во бањата, а следниот ден ќе сака да се бања само.
Ќе ви ја држи раката додека ја преминувате улицата, а потоа нема да му треба повеќе.
Едно попладне ќе пеете и ќе играте на детски песнички, но ќе дојде ден кога никогаш повеќе нема да ги пеете тие песни.
Ќе го бакнете пред училишната врата и ќе му посакате да има убав ден, а следниот ден ќе сака на училиште да оди само.
Еднаш, за последен пат ќе му читате приказна за добра ноќ.
Се до моментот кога тоа повеќе нема да го бара од вас.
Ќе ви биде потребно време да сфатите.
Затоа, додека ги доживувате овие моменти и додека се повторуваат, сетете се дека ги има малку и дека ќе копнеете за барем уште еден ден.
За уште еден последен пат.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...
Плач пред доење, глад или нешто друго?
Кога бебето почнува да плаче непосредно пред доењето, најчесто првата ...
Што им е најважно на бебињата за здрав развој?
За здравиот развој на бебето не се потребни скапи играчки, совршено ор...
Позитивниот ХПВ тест не значи автоматски дека е потребен третман. ...