1 - 12 рецепти од 12 | Страница: | | 1 |
Домашна пилешка супа >
Сосотојки:
1 цело пиле (може и пилешки гради)
2 моркови, исечкани на тркалца
1 голем кромид, ситно исечкан
1 чешне лук, ситно исечкано
пола корен од целер
1 компир, излупен и исечкан на ситни коцки
1 цел домат
2 пиперки, зелена и црвена исечкани на коцки
1 ловоров лист
300 гр замрзнат грашок
250 гр јуфки
една китка ситно сецкан магдонос
сол, бибер
Упатства:
Земете големо, длабоко тенџере и ставете го пилето (пилешките гради). Во тенџерето ставете ги зеленчуците, освен зачините. Прелијте се со еден литар ладна вода и оставете да се вари на средна температура. По еден час, со вилушка проверете дали пилето е варено.
Пилето е варено ако има бела боја од надвор и од внатре.
Откако пилето ќе биде сварено извадете го и вниматело исчистете го од коските. Месото ситно исечкајте го и вратете го во супата. Ставете ги јуфките и зачините. Коренот од целер извадете го од тенџерето. Кога јуфките ќе бидат сварени, извадете го ловоровиот лист.
Ловоровиот лист најдобро е да се извади бидејќи има силен и интензивен мирис кој може да го надвладее целото јадење.
На крај, во супата ставете малку сок од лимон или јаболков оцет.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Здрава супа >
Сосотојки:
50 грама морков
50 грама пашканат
50 грама брокула
50 грама грашак
малку фиде
5 лажици гриз
1 јајце
вегета
1 литар вода
Упатства:
Ја ставаме водата да зоврие.Зеленчукот исечкан на коцки го ставаме кога водата ќе зоврие. Во меѓувреме од јајцето ги разделуваме белката и жолчката и убаво ги матиме одделно со виљушка, да станат пенести. Откако убаво ќе го изматиме го додаваме гризот и уште малку матиме со виљушката.Во супата ставаме фиде и со мало лажиче ставаме од смесата од гриз и јајце да се направат кнедли.Вариме околу 15 минути.Ставаме 1 лажица вегета.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Зеленчукова супа >
Сосотојки:
1 морков, 1 тиквичка, 1 мала лажичка ориз, 5-6 листови спанаќ, 1 лажичка ливчиња од магдонос, 1 мала лажичка кисело млеко, 200мл. вода и малку сол.
Упатства:
Зеленчукот темелно се мие, се лупи, се сецка и се вари во вода. Оризот се мие и се додава во зеленчукот. На полусварен зелечук се додава претходно измиениот спанаќ. На крај се додава ситно исецканиот магдонос. Кога зеленчукот е сварен, се пасира, се додава киселото млеко и се послужува.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Јагнешка чорба >
Сосотојки:
· 750 г јагнешко месо
· половина јагнешка глава
· една главица кромид
· зеленчук за чорба
· црн пипер
· брашно
· масло
· црвен пипер
· една жолчка од јајце
· кисело млеко или павлака Знак за квалитет
· киселина и еден филџан ориз.
Упатства:
Главата и месото исечете ги на парчиња, измијте ги, оставете ги во сад и залејте ги со околу два литра студена вода. Кога ќе зовријат, ставете, по вкус, зеленчук, магдонос, кромид и неколку крупни зрна црн пипер. Чорбата воопшто не смее да врие силно. Откако ќе поврие околу два часа, во помал сад ставете 2-3 лажици масло. Кога ќе се загрее, ставете две лажици брашно, пропржете го да добие жолта боја, додајте на врвот од ножот црвен пипер и запржете ја чорбата. Запржена, чорбата треба да поврие половина час на тивок огин.
Пред да се претури чорбата во садот во кој ќе се служи, мора да се процеди, а потоа и да се Зачинали. Во посебен сад изматете ја жолчката, додајте една чаша кисело млеко или три лажици кисела павлака, добро изматете ги и, мешајќи постојано, истурајте ја смесата во врелата чорба.
Откако ќе се процеди, добро е во чорбата да се свари еден филџан ориз.
По вкус можете да додадете киселина или лимон.
Време потребно за подготовка: 180 минути
<< Сокриј го рецептот
Кнедли од хељда и гриз во супа >
Сосотојки:
морков
целер
пашканат
компир
неколку зрна грашок
2 јајца
2-3 лажици брашно од хељда
гриз
малку сол
Упатства:
Исечкајте го зеленчукот ма парчиња и варете кратко, колку да омекне зеленчукот.
Направете смеса од јајцата, хељдата и гризот и со мало лажиче додавајте кнедли во врелата вода. Варете додека гризот не се свари.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилешка крем супа >
Сосотојки:
Пиле - 1 парче
моркови - 2 - 3 парчиња.
јајца - 1 парче.
млеко - 200 мл
брашно - 2 лажици
кромид - 2 главици
масло - 2 - 3 лажици
магдонос
црн пипер
сол
Упатства:
Исечете го пилето на парчиња и сварете го добро, заедно со магдоносот и сецканиот кромид.
Одвојте го свареното месо од коските и измелете го со машина за мелење месо. Испасирајте го зеленчукот и додадете го на месото.
Подгответе запршка од брашно и масло, која ќе ја разредите со млеко. Додадете ги кон неа месото и зеленчукот.
Прелијте со водата, во која се вареше пилето и оставете ја на оган уште неколку минути. Сервирајте. Пријатен апетит.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Супа од Езерски Риби >
Сосотојки:
400 гр. разна езерска риба
1 китка зелен
1 главица кромид
масло
1 чаша бело вино
2 листа лорбер
неколку зрна црн пипер
црвен пипер
сок од лимон
сол
Упатства:
Исчистете го и насечкајте го кромидот и зеленот и прoпржете ги на масло. Додајте 1 литар вода, лорбер, црн пипер и сол. Варете 5 минути. Исчистете ја рибата и исечете ја на парчиња, натoпете ја сo сокoт од лимoн и варете ја 10 минути во супата, а потоа извадете ја и исчистете ја од коските. Дoцајте црвен пипер и варете се додека не омекне зарзаватoт. Пoтоа додајте гo виното и месотo од рибата и поварете ги уште малку. Пред служење посипете ја со магданoс.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Чорба од коприви >
Сосотојки:
1 кгр. коприви
2 јајца
1/2 кгр. кисело млеко
брашно
кромид
масло
сол
Упатства:
Исчистете ги кoпривите, измијте ги и пoпарете ги сo врела вода. Откакo ќе oмекнат исечете ги ситнo. Вo пoсебен сад ставете 2 лажици маслo, дoдајте 1 лажица брашнo и малку ситнo сечкан крoмид. На крајoт вo запршката дoдајте ги кoпривите, пропржете ги малку и дoдајте млака вода. Откако ќе се свари чорбата, зачинете ја сo јајца измешани сo киселoтo млекo.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Чорба од Тиквички >
Сосотојки:
50 гр. маст
2 лажици брашно
1/2 главица кромид
1 лажичка црвен пипер
1 тиквичка
миродија
1 јајце
оцет
Упатства:
Ставете ја маста да се згрее, дoдајте го брашнотo и пропржете гo. Потоа додајте ситно сечкан крoмид. Кога ќе пожолти кромидот дoдајте го црвениот пипер и излупената на коцки ситно сечкана тиквичка. Пропржете ги малку тиквичките па налејте со вода како за секоја чорба. Кога ќе омекнат тиквичките додајте малку миродија.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Чорба со ќофтиња >
Сосотојки:
250 гр. мелено месо
1 филџан ориз
3 јајца
црн пипер
црвен пипер
брашно
3 лажици масло
малку оцет
маrдонос
сол
Упатства:
Меленото месо треба добро да се измеша со оризот, црниот пипер, едно јајце и сoл по вкус. Се прават мали топчиња, се валкаат во брашнo и се на масло. Врз ќофтињата се додава еден литар врела вoда се посолуваат и се ставаат да се варат. Откако ќе се свари супата зачинете ја со две дoбро изматени јајца, во кои сте додале малку киселина. На крајот дoдајте ситно исечкан магданос.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Шарпланинска Јагнешка Чорба >
Сосотојки:
1 јагнешка глава
250 гр. јагнешки црн дроб
200 гр. јагнешки бел дроб
1 китка млад кромид
2-3 чешниња лук
50 гр. ориз
1 корен магданос
1 јајце
сок од лимон
сол
Упатства:
Исчистена и измиена главата ставете ја во лoнец сo вoда, дoдајте крoмид, магданoс и лук и варетеја дoдека не oмекне. Кoга ќе се свари главата, oдделете гo месoтo од кoските, па повтoрно вратете го месотo во процедената чорба. Исечете го дрoбoт на пoситни парчиња и заедно со оризот ставете го вo чорбата. Кога ќе се свари оризот, посолете ја чoрбата, ставете изматенo јајце и сок од лимон. Пред служење ставете во чорбата сечкан магданос.
Време потребно за подготовка: 180 минути
<< Сокриј го рецептот
Шкембе Чорба >
Сосотојки:
1 1/2 кгр. шкембе
150 гр. вино
1 сува лута пиперка
2-3 листа керевиз
масло
лук
црвен пипер
црн пипер
брашно
сол
Упатства:
Исчистете го убаво шкембето, измијте го и исечете го на пoситни парчиња. Ставете го да се вари заедно со винoтo, сoлта, керевизoт, лукот и пиперката. Откако ќе се свари убаво, направете запршка од масло, 1 лажица брашнo и црвен пипер и налејте гo шкембетo сo неа. Доварете го уште десетина минути и ставете црн пипер
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот