| 1 - 2 рецепти од 2 | Страница: | | 1 |
Бисквити со безглутенско брашно >
Сосотојки:
400гр. брашно, 100гр. шеќер, 30гр. маргарин, 2 свежи јајца, 40гр.мелени ореви или лешници, 1 ванилин шеќер, млеко по потреба
Упатства:
Се мешаат сите состојки да се добие убаво тесто. Може да се додаде и малку какао. Потоа се сука кора и се вадат разни облици по желба, па се печат на намачкан плех 15-20 мин. на 180 степени. Топлите бисквити ги посипуваме со шеќер во прав
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Леб од безглутенско брашно >
Сосотојки:
400гр. свеж квасец, 210 мл. млака вода, малку сол, безглутенско брашно(по потреба)
Упатства:
Квасецот се разматува во целата количина млака вода. Се додава брашното и солта и се меша се додека не добиете еднолична смеса(тесто). Во намачкан плех и со брашно попрскан, се става тестото да стаса. Потоа тестото се премачкува со млака вода или масло и се става да се пече на 210 степени околу 25 мин. За време на печењето може повторно да се премачка со вода или масло. Печениот леб го вадиме од плехот и го оставаме да се олади.
Време потребно за подготовка: 25 минути
<< Сокриј го рецептот