namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Борба со години и победници на крајот Автор: Tatjana Stanojovska Gjorgjevik | 12.8.2020
...само што ги напишав трите точки и солзи ми капат.
Во секоја роденденска желба беше Ти,со секоја падната звезда на небото желбите за Тебе ми беа... И да, тука си, желбата и сонот во раце ми се, ги имаат најубавите очи на светот, најмеката кожа и најмиризливата душа ... Приказната започна вака: Пред скоро 10 години срекни младенци бевме, тој дотеран, јас принцеза во невестински фустан, посреќни немаше на светот од нас. Не ни замислувавме тогаш дека животот ќе не стави во голема борба и искушение . Се случи, двете цртички се појавија после 5 години. Цел свет се радуваше со нас. Дури имав спремено и специјално изненадување за сопругот и на многу интересен начин му ја соопштив убавата вест. Но...🥺 Го изгубивме бебето во 5 месец од бременоста. Лежев во болница заради испитувања и тие денови таму НИКОГАШ да не се повторат. Не бев психички добра и го мразев цел свет. Имав дома купено некои мали ситници за бебето, имав име, моја принцеза ќе беше, но НЕ, дедо Боже си ја сакаше горе кај ангелите. Борци сме, ќе помине сè. Така требало да биде, ни велеа. После многу испитувања за да се открие причината, имав фобија од бел лист, од резултатите што не чекаа на секој чекор на клиника. И по обдукцијата не се откри вистинската причина за целиот случај. Радоста после 6 месеци повторно ми е на лице, ми светнаа очите од среќа, двете цртички повторно се појавија. На преглед ми ја потврдија бременоста, но со сомнеж дека плодот не е доволно развиен и со уште поголема надеж дека ќе биде се добро. Закажавме повторно контрола за 2 недели. Ни второто бебе не нè запозна.😭 Повторно тие ходници и болнички соби,тој одвратен мирис таму ... Си одам дома скршена на милион парчиња и со безброј прашања во главата. Помина година, поминаа 3, поминува и 5-тата... Испитувања и резултати еден куп, а ние двајца се уште сами, нема цртички, нема среќа, нема бебе во нашиот свет. Зима беше, но рацете ми се тресеа повеќе од трема отколку од студ .Чекав да ѕирнам во тестот за бременост. ДВЕ ЦРТИЧКИ ! ТРЕТА СРЕКА ! ТЕ МОЛАМ БОЖЕ ЧУВАЈ НЕ ОВОЈ ПАТ... Со страв ја поминував секоја секунда од бременоста. Издржавме храбро... Повторно низ истите болнички ходници, но овој пат некако убаво мирисаат, се слуша бебешки плач ,среќни татковци, баби и дедовци надвор, сите со среќни лица. И моето е среќно сега, и моите надвор беа среќни, и целиот универзум е срекен ... СЕ РОДИ! ЈА ПИПНАВ И ЗНАМ ДЕКА НЕ БЕШЕ СОН. Тој ден јавето ми беше послатко од сонот. Тој ден сонот ми беше на гради, на срце, на душа... Еве ја, до мене е и сега во моментов додека пишувам со ред солзи, ред насмевка на лицето. Најубавиот анѓел на планетава е. Мојата трета срека, мојот свет! Не се откажувајте НИКОГАШ! Боли сè, знам! Секој негативен тест, секој лош резултат,секое прашање...Но сета борба се исплати на крај...И јас имам рани на душава, верувам и многу од Вас, но ангелов до мене ги лечи сите до една . Ти се допаѓа приказната? Кликни "Like" и додај свој коментар |
забава Бремените
Автор: bobik
Какви се хороскопските знаци на плажа?
Плажа, песок, море и…12 различни начини на уживање. Хороскопските знац...
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат ил...
Зголемен ризик од бубрежни камења во лето – еве зошто!
Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладувањ...
Летото е време за авантури, патувања и романтични моменти крај плажа. ...
Сакате бебе? Еве колку често треба да водите љубов!
Кога ќе одлучите дека сте подготвени за бебе, едно од првите прашања ш...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?