namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Упорност+издржливост=УСПЕХ Автор: Дијана Алексов | 4.8.2020
Јас сум Дијана мајка на едно прекрасно детенце кое сега има 5 години Максим. Се породив во државна болница со царски рез. Мое млеко имав за извоз и тоа густо темна жолта боја полно со витамини. Сите доктори ми кажуваа дека имам најдобро млеко. Се сеќавам навечер кога ќе легнев и кога ќе се разбудев нареден ден целата бев мокра од тоа што имав премногу млеко. Но за жал моето бебенце не сакаше, не можеше да цица јас бев многу тажна и се обвинував себеси дека јас не знам како да го дојам правилно. Побарав помош од докторката и сестрите но и со нивна помош не постигнавме успех. Можеби затоа што пупките ми беа големи и не можеше моето синче да ги лапне. Можеби затоа што беше мрзеливо навистина не знам. После неколку дена почнаа да ме болат градите јас се измолзував сама но тоа не беше доволно млекото се собираше внатре во градите и почнаа да се прават грутки. Кога не испуштија од болница дома ме чекаше пумпа за измолзување на медела но беше малечка и рачна и ми требаше долго време за да се измолзам. Со Нашите финансии не можев да си дозволам голема добра пумпа.
Така започнав да се измолзувам и од моето млеко да му давам на моето бебенце од шише да пие. Но беше многу напорно. За измолзување ми требаше 40 минути,така да јас морав да се будам на секој саат дење ноќе за да можам да се измолзам и да имам готово млеко за кога ќе се разбуди мојот мрзливко да може да пие. Исто така имав проблем со градите многу ме болеа имав грутки пробував со масажа со се но единствено ми помогна само листови од свежа зелка што чував на нив и после тоа туширање со жешка вода и масажа. И таков беше мојот живот цели 3 месеци ни одморена ни ништо. Но и покрај сите маки и тешкотии не се откажав. Никогаш не ми падна на ум да го прекинам моето млеко затоа што мајчиното млеко е најдобрата исхрана за секое бебе. После 3 месеци упорност и издржливост моето синче почна да цица директно од мене без да се измолзувам и да турам во шише. Тоа беше големо олеснување за мене. Тоа беше прекрасно чувство. Доењето навистина не приврзува со нашите бебиња на еден посебен начин што не може да се опише со зборови. Го доев моето бебе до 1 година и тоа беше навистина еден преубав период за нас. Тие прекрасни обвравчиња движењето на неговите усни додека цица тоа беше навистина супер чувство и будеше големи емоции. А посебно кога ќе заспиеше гушнато до мене цицајќи бев премногу среќна. Тоа чувство можат да го разберат сите мајки кои имале можност да ги дојат своите малечки. Се чувствувам благодарна на себеси што издржав многу тешки 3 месеци со измолзување и проблеми со градите но на крај со мојата упорност постигнав успех. Моето синче почна да цица. Има и многу други детали во врска со моето доење за тоа можам цела книга да напишам но на кратко ова е мојата приказна за доењето. Имам само една кратка порака до сите. Не е битно која цел ви е да постигнете во животот но доколку искрено тоа го сакате трудете се и бидете упорни да ја постигнете вашата цел. Никогаш не се откажувајте колку и да е тешко и на крај ќе бидеге горди на самите себе кога ќе го добиете посакуваниот резултат. Ништо не е лесно во животот. Бидете упорни во се и ќе бидете среќни и задоволни. Поздрав до сите. Ти се допаѓа приказната? Кликни "Like" и додај свој коментар |
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...