Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Се викам по трет пат МАМА! Автор: Маја Ненко | 4.8.2020
Август, топол, 2015. Во рацете го држам моето сѐ. Волшебство. Милиони емоции и уште толку непознати нешта! Еуфорија и хаос во мојата глава. Прв царски и борба да се послуша сестрата-мајка, стави го на града! Прв ден интензивна нега. Втор ден-мајка го гушка и држи на града, секогаш кога од болки е при себе, колку што може почесто. Така ќе надојде млеко! Уште еден и уште еден ден...на ГАК дете пие само aдаптирано млеко. Се враќаме дома...Среќни, побогати, збунети, малку исплашени, малку повеќе плачливи...мајка и нема баш млеко...Уште еден и уште еден ден....Благодарение на мајка ми имав цела колекција цуцли шишиња и адаптирано млеко. Не ме доела-немала млеко- и јас ќе немам...Грозница, болки, гнев, очај и едно сигурно-ќе ми надојде, ќе го дојам! Морам, можам, мајка сум. ЗНАМ! Дете плаче-плачам и јас.. и тоа не трае долго...и волшебство Би! И да среќа на сите страни секојдневно доење, гушкање, уживање брзо напредување-бебе машала батко, мама за кратко време со пред породилната тежина!
Февруари 2019. И не толку ладна зима. Јас повторно мама. Овојпат знам, можеби се. И за едно сум сигурна -ќе дојам пак! Го чекам само бебе...Да го гушнам. Втор царски. Возбудата е поголема од болката. Втор ден- бебе и јас гушнати. Има колострум, ќе има и млеко. Посебен е овој батко мој. И уште еден ден и уште еден....Ма посебни се и двајцата...Големиот батко доволно мил и послушен па и дава на мама доволно време да ужива доејќи го и гушкајки го бебето. Среќа е! Две среќи се! Јули 2020. Трета среќа! Трет исто толку посебен батко! Се викам по трет пат МАМА! Освен страв од недај Боже компликации поради краткото време помеѓу вториот и третиот царски, други стравови не постојат. Ист став ! Ќе биде повесело знам, се доиме уште еден и уште еден ден и секој следен ден..Времето на мама поделено, во недостиг на секојдневна помош од баби, а сепак подобро менаџирање на мајчинството, конечно ја купивме најдобрата пријателка на мама-медела мини електрик пумпа. Неописливо доживување, дружба на сите страни, доење, достапно плус одмолзено млеко, време доволно за сѐ и секого. Никогаш не се откажувајте од опцијата да доите, привилегија на секоја жена-мајка доилка и не заборавајте дека сепак постојат и производи кои може да ви го подобрат квалитетот на живот и да ви помогнат во времепловот наречен мајчинство, родителство и грижа, секое време и доба нуди опција плус. Одбрав да дојам и го одбрав најдоброто- медела пумпа за поддршка на доењето! Ти се допаѓа приказната? Кликни "Like" и додај свој коментар |
забава Бремените
Автор: bobik
Подлабоки разговори меѓу родителите
Во секојдневната бркотница меѓу работа, домашни обврски и грижа за дец...
Зошто да зборувате со други родители?
Родителството е патување полно со радости, но и со предизвици, кои чес...
Најдоброто млеко за време на бременоста
Бременоста е период кога секој оброк и пијалок стануваат дел од внимат...
Дали конфликтот значи дека семејството не функционира?
Многу родители и партнери се плашат од конфликтот. Често мислат дека с...
Во време кога деновите минуваат брзо, а обврските се редат една по дру...