vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
|
Љубов, полно меше и здраво бебе Автор: Natasha Kamchev | 2.8.2020
Доењето е една силна врска која ги поврзува мајката со своето најмило. Колку ли само е прекрасен фактот дека сета своја љубов му ја пренесуваше на твоето дете со чинот на доењето. Нема поубаво чувство додека доиш, а во тебе гледаат две мили очиња. Јас за моето искуство со доењето можам да кажам дека имав потешкотии затоа што бев породена царски рез, и првите неколку дена ми беше многу тешко да го дојам моето бебе. И покрај тоа што имав многу млеко уште од првиот ден, моето синче поголемиот дел од денот го преспиваше, а пак кога беше буден едвај можеше да фати града затоа што брадавиците ми беа многу повлечени. Со сите напори некако успев да го научам да цица, но сепак не беше доволно за да се нахрани. Така почнав да се одмолзувам, па после го ставав пак да цица и некако успеавме да се нахраниме. Меѓутоа како поминува време еве веќе еден месец сме моето млеко како да се намалува. Пробувам различни алтернативи за да не го изгубам скроз млекото, а најмногу често да го дојам затоа што сметам дека нема ништо поздраво од исхрана со мајчино млеко. И покрај тоа што денес постојат добри млечни формули, ништо не може да го замени доењето. Затоа мајки немојте да се откажувате доколку вашето малечко не сака да цица, пробувајте на секаков начин да му го дадете на вашето дете оброкот без разлика дали ќе се одмолзувате или ќе го доете.
Доењето е љубов, доењето е грижа, доењето е здравје! Ти се допаѓа приказната? Кликни "Like" и додај свој коментар |
забава Бремените
Автор: bobik
Есенски намирници што ја поддржуваат плодноста
Од тиква и калинка до леќа и ореви, есенската трпеза може да биде шаре...
Крвавењето во првите недели од бременоста не секогаш значи дека нешто ...
Есента како период за поврзување и блискост
Кога деновите стануваат пократки, можеби токму тогаш имаме најубава пр...
Ретка состојба во која бременоста не се развива нормално, а абнормално...
Колку време во просек е потребно за да забремените?
Кога ќе одлучите дека е време за бебе, секој месец може да изгледа как...