vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
|
Медела доење Автор: Adriana | 2.8.2020
Мојата приказна за доење започнува со користење на медела електричната пумпа од првиот ден на раѓанјето на моите две деца (буквално и на двете). Разликата меѓу нив е 5 години, меѓутоа приказната иста. Од самото раѓање и на првото и на второто дете, и покрај упорно пробување за воспоставување на природен начин на доење со помош на педијатар и сестри , едноставно секој пат беше неуспешен за да се воспостави контакт и успешен подој природен (пробувано и со вештачки брадавици - во мојот случај неуспешно). Со цел да не се изгуби млекото, веднаш беше препорачано измолзување и веднаш беше набавена медела електричната пумпа и започнато со измолзување и давање на млекото. По отпуштање од болницата во меѓувреме сеуште беа правени неуспешни обиди за природен подој. По препорака на педијатар, поради моето очајно инсистирање на начин на кој што ќе можам да го одржам моето млеко, имајќи ја предвид значајноста на мајчиното млеко за новороденчето, ми беше кажано дека можам да се измолзувам на секои три саати и потоа млекото да му го давам на моето дете, меѓутоа со оглед на тоа дека нема природна стимулација на доење, дека сето тоа не би можело долго да трае. Така започнав со измолзување на секои три саати (дење и ноќе) со медела електричната пумпа, потоа конзервирање на млекото во фрижидер со сите процедури. Верувале или не, мајчиното млеко го одржав, му го давав на моето дете цели 9 месеци, со измолзување на секои 3 часа, без ниеден природен подој, со помош на електричната пумпа медела. Истиот случај беше со моето второ дете, 8 месеци давање на мајчино млеко со измолзување на секои 3 часа. За моите 2 деца искористив 4 електрични пумпи медела и успеав да им го давам мајчиното млеко цели 9 месеци.
Ти се допаѓа приказната? Кликни "Like" и додај свој коментар |
забава Бремените
Автор: bobik
Првите месеци и години од животот се период на неверојатен развој. ...
Кои масла се користат за подобрување на плодноста?
Кога паровите планираат бременост, често бараат природни начини за под...
Може ли храната да ја ублажи непријатноста во градите?
Чувствителните, болни или напнати гради се еден од најраните и најчест...
Што да јадете кога ви е постојано лошо во бременоста?
Мачнината е еден од најчестите симптоми во првиот триместар од бремено...
Најчести симптоми пред менструација
Неколку дена пред почетокот на менструацијата, многу жени забележуваат...
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?