vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
|
Упорноста се исплати Автор: Jovana manojloska | 1.8.2020
Како секоја жена која за прв пат станува мајка не знае што се случува откако ќе се породи. Во болница пробувавме на сите можни начини бебушкото да цица, и со лажни брадавици но не ни успеваше.
После 5 дена во болница си дојдовме дома. Затоа што јас бев породена со царски рез, млекото ми дојде откако се вративме дома, но мојот палавко сеуште не сакаше да ја прифати дојката, секое доближување тој ја вртеше главата и не цицаше. Тогаш почнав да се одмолзувам. Тоа беа 6 месеци од мојот живот кога не знаев дали е ден или ноќ. Затоа што се одмолзував на секои 3 часа дење и ноќе. Се одмолзував со пумпа од медела . Не сакав во никој случај да му давам вештачко млеко. Упорноста се исплатеше, успеавме до 6 месеци да се одмолзувам јас, а моето малечко да пие мое млеко. Сега е веќе голем дечко има 3 години и ниеден момент не жалам што се жртвував и што го сменив текот на денот и ноќта за да може моето дете да пие мајчино млеко. Би препорачала на сите мајки да не се откажуваат затоа што упорноста се исплати и еден ден ќе ви биде мило што сте се одмолзувале и давале ваше млеко на вашите малецки. Ти се допаѓа приказната? Кликни "Like" и додај свој коментар |
забава Бремените
Автор: bobik
Есенски намирници што ја поддржуваат плодноста
Од тиква и калинка до леќа и ореви, есенската трпеза може да биде шаре...
Крвавењето во првите недели од бременоста не секогаш значи дека нешто ...
Есента како период за поврзување и блискост
Кога деновите стануваат пократки, можеби токму тогаш имаме најубава пр...
Ретка состојба во која бременоста не се развива нормално, а абнормално...
Колку време во просек е потребно за да забремените?
Кога ќе одлучите дека е време за бебе, секој месец може да изгледа как...