vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
|
Најубавото чувство кое може да го доживее една жена! ❤️ Автор: Ивана Дукова | 30.7.2020
08.06.2020 денот кога се промени мојот живот. Денот кога станав мајка и денот кога сфатив дека Господ ми подари мала принцезичка и огромна одговорност.Преокупирана со читање за породувањето и доењето ме фати страв колку брзо ќе ми дојде млеко кога ме известија дека ќе се порoдувам со царски рез. Се што знаев во моментот беше дека сакам и дека ќе го дојам моето бебе. Кога за прв пат ја донесоа мојата принцеза на доење бев преплашена и возбудена. Преплашена затоа што мислев дека нема да ми надојде млеко и дека нема да можам да и помогнам околу цицањето. Возбудена затоа што таа беше толку малечка и преубава. Истиот момент кога ја ставија на мојата града таа инстиктивно започна веднаш со цицање и мислам дека тоа ми даде надеж и поттик дека јас можам. Доењето навистина беше предизвик на почетокот. Потешкотии, распукани брадавици, крвавење но не се откажав. Болката беше само потсетување дека мора да бидам трпелива и да верувам во себе, а потоа конечно трудот се исплатеше. Доењето е најскапоцениот дар кој една мајка може да му го даде на своето дете. Веќе скоро два месеци сме на ексклузивно доење и морам да признаам иако не се работи за долг период, доењето е најинтимниот чин помеѓу мајката и детето. Секоја мајка треба да биде храбра, да знае дека може и да има силна волја која ќе и биде водилка во ова патување, затоа што секоја мајка е суперхерој. ❤️
Ти се допаѓа приказната? Кликни "Like" и додај свој коментар |
забава Бремените
Автор: bobik
Есенски намирници што ја поддржуваат плодноста
Од тиква и калинка до леќа и ореви, есенската трпеза може да биде шаре...
Крвавењето во првите недели од бременоста не секогаш значи дека нешто ...
Есента како период за поврзување и блискост
Кога деновите стануваат пократки, можеби токму тогаш имаме најубава пр...
Ретка состојба во која бременоста не се развива нормално, а абнормално...
Колку време во просек е потребно за да забремените?
Кога ќе одлучите дека е време за бебе, секој месец може да изгледа как...