vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
|
Упорноста се исплати секогаш Автор: Катерина Божиноска | 29.7.2020
Раѓањето на едно бебе, и раѓањето на предвреме родено бебе е неспоредливо.. Наместо да го помирисаш, погалиш, да го почувствуваш мајчинството, тоа е ставено во стаклена кутија, приклучено на одржувачи за живот, се бори само...
Немав можност да почувствувам како е да имаш терминско бебе, но бев решена по секоја цена да се борам за секоја капка млеко, за секој милилитар од таа скапоцена течност, особено за оваа група новороденчиња како што велеа докторите.. Се распрашав додека бев во болница, се решив да изнајмам пумпа.. и почнав.. Два месеци на секои два часа, ден.. ноќ.. исто беше.. Секако мислите ми беа кај моето чедо кое не можев да го видам.. Љубовта прави чуда.. мене ми даде сила да издржам и да го дочекам денот кога ке го гушнам бебето за прв пат, нему му даде сила да се избори да го доживее тој ден.. Го зедов со телесна тежина од околу 2 кгр.. И покрај цела стресна ситуација имав одржано лактација благодарение на пумпата за измолзување symphony.. Уште првиот момент кога стигнавме дома го ставив на гради, два месеци живеев за тој момент.. кога тоа мало суштество ќе го гушнеш и ставиш блиску до срце, кога тоа мало раче ќе те допре, не се опишува со зборови.. Доењето за мене беше непозната тема, бебето немаше сила да цица, се боревме со комбинирано молзење и доење, до негови полни 5 месеци.. секогаш кога го ставав на гради чувствував неповторливо чувство на спокој, љубов, нежност, блискост.. се тоа во едно.. Меѓутоа моето неискуство и околностите направија полека да почне да се одбива.. душата ми плачеше денот кога сфатив дека нема смисла да продолжам вака.. Решив до последна капка да се молзам и да му давам од моето млеко.. Се молзев до првиот роденден на Драган , тешко беше но се гордеам што најдов начин моето бебе да пие мајчино млеко.. Почувствував како е да дојам и можам да кажам такво чувство барем за мене, е неповторливо .. да беше мојата приказна за доење успешна, сигурно би се доеле сеуште💓 Мајка на Драган- 15 месеци Ти се допаѓа приказната? Кликни "Like" и додај свој коментар |
забава Бремените
Автор: bobik
Првите месеци и години од животот се период на неверојатен развој. ...
Кои масла се користат за подобрување на плодноста?
Кога паровите планираат бременост, често бараат природни начини за под...
Може ли храната да ја ублажи непријатноста во градите?
Чувствителните, болни или напнати гради се еден од најраните и најчест...
Што да јадете кога ви е постојано лошо во бременоста?
Мачнината е еден од најчестите симптоми во првиот триместар од бремено...
Најчести симптоми пред менструација
Неколку дена пред почетокот на менструацијата, многу жени забележуваат...
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?