vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
|
Чудо од дете Автор: Садије Лимани | 29.7.2020
Здраво
Јас сум Садије. Имам 27 години и штотуку станав мајка на моето 3-то дете. За приказна со доење би сакала да го споделам моето искуство со првото дете. Во веќе 29 недела од бременоста дознав дека моето дете има проблеми со срцето тетралогија фалот. Со голема сигурност и без сомневање се решив да го родам иако сите лекари само едно ми поговараа: абортирај. (Иако тоа веќе во тие недели не е абортус туку убиство) Како и да е до 38.5 недела пристигнавме иако ме примија за породување со царски рез се породив нормално. 24 дена со малечкиот останавме во детска клиника оддел неонатологија. Сите тие 24 дена секој ден молзев млеко затоа што немаше никој кој може да ме научи како би можела да дојам едно мало дете. Откако излегов, дома со помош и со поттик на мајка ми и свекрва ми ме охрабрија да почнам да дојам. И така поминавме неколку месеци се до првата операција кога малиот имаше 3 месеци. И тогаш со помош на доењето ја поминавме оваа тешка битка. Кога наполни 9 месеци дојде времето за 2 комплетна операција за да се корегира целата мана. Секој ден од денот кога се оперира молзев млеко и ги однесував до болница користејќи ги вашите кеси за складирање на млеко. Сето ова продолжи 4 недели додека и го изгубив синот. Се до последниот ден имаше млеко. И што е нешто нај интересно во сето ова Денот кога беше погребот дознав дека пак сум бремена. Денес имам едно момче и едно девојче. Господ 1 ми зеде а за 2 години 2 мали дечиња ми подари. Ти се допаѓа приказната? Кликни "Like" и додај свој коментар |
забава Бремените
Автор: bobik
Есенски намирници што ја поддржуваат плодноста
Од тиква и калинка до леќа и ореви, есенската трпеза може да биде шаре...
Крвавењето во првите недели од бременоста не секогаш значи дека нешто ...
Есента како период за поврзување и блискост
Кога деновите стануваат пократки, можеби токму тогаш имаме најубава пр...
Ретка состојба во која бременоста не се развива нормално, а абнормално...
Колку време во просек е потребно за да забремените?
Кога ќе одлучите дека е време за бебе, секој месец може да изгледа как...