Vladymir во 08:25
на тема RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете?
Автор:
Редакција Рингераја
Легендарната Васина торта
Се матат 5 белки и им се додаваат 5 полни лажици шеќер. Потоа се додаваат една по една 5 жолчки. Се продолжува со матењето и на крај им се додава 1 лажица брашно и 6 полни лажици мелени бадеми или ореви. Тестото се пече на намастена хартија во тавче (број 28). 125 мл. млеко со 4 лажици (шеќер) се става на оган да зоврие. Потоа му се додаваат 200 г. мелени ореви. Се меша добро, се трга од оган и се остава да се излади. Посебно се матат 4 жолчки со 4 лажици шеќер. На оладените ореви се додаваат матените жолчки, рендана кора и сок од еден портокал и 100 г. растопена темна чоколада. Посебно се мати 250 грама путер и кога е готово се меша со оревите и јајцата. Со оваа смеса се премачкува тортата. Од белките се прави густ снег и во него се додава тогаш сварен густ шербет од 250 грана шеќер со 2 чаши вода. Со снегот се премачкува тортата од сите страни да стане комплетно бела. Од горе се украсува со шприц. Кога е тортата готова, потребно е да постои неколку саати во фрижидер.
Време на подготовка од: 80
Време на подготовка до: 90
Kомплицираност: 3
- 9 јајца
- 13 лажици шеќер
- 1 лажица брашно
- 6 полни лажици мелени бадеми (или ореви)
- 125 мл. млеко
- 200 г. мелени ореви
- 1 портокал
- 100 г. темна чоколада
- 250 г. путер
- 250 г. шеќер
забава Бремените
Автор: bobik
Здрав почеток на денот - протеински појадоци за доилки
Периодот на доење бара дополнителна енергија, но и квалитетна исхрана....
Што ја одредува успешноста на ин витро оплодувањето?
Ин витро оплодувањето (ИВФ) е напредна медицинска процедура што на мно...
Опоравување по царски рез - чекор по чекор
Царскиот рез е хируршка интервенција, но и почеток на ново животно пог...
Анксиозност за време на ПМС и менструалниот циклус
Анксиозноста поврзана со предменструалниот синдром (ПМС) и самиот менс...
Кога децата почнуваат да одат? Што е нормално?
Првите чекори на детето се еден од најочекуваните моменти за секој род...
Капење бебе.
пеперутка16
Колку често капете бебе? (Не мислам на новороденче)