|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Прв пат во МК: Ѕвезда на бебе календар за 202...
18.10.2019 14:38:19   
Палешка РР
Драги родители, не ги пропуштајте моментите на среќа и чиста радост со вашите малечки, зачувајте ги тие спомени како нешто најдрагоцено! Поделете ги и со нас, бидејќи за ПРВ ПАТ во МК избираме најсимпатични фотографии за Ѕвезда на бебе календар 2020!

Шлапкање во кадичката, фризури и “брада” од пена, насмевки полни со среќа, позирање, скокоткање, галење и смирувачка масажа. Секое бањање е посебен ритуал, зар не?!

Поделете ги овие моменти со нас и нека вашето дете стане една, во низата ѕвезди кои сјаат на небото на Рингераја!!!

Веруваме дека сте подготвени, со испраќањето на фотографија од вашето малечко, да учествувате во натпреварот Ѕвезда на бебе календар 2020! Ајде заедно да коментираме, да навиваме и да гласаме!

ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА, дојде време да избереме 12 ѕвезди, кои ќе го красат календарот за 2020 година, а кои ќе се најдат на ѕидовите на семејствата во Македонија. Секоја ѕвезда ќе претставува по еден календарски месец во годината. Учествувајте во забавниот натпревар за вашето малечко да се најде во Бебе календарот. Се натпреваруваат деца од 0-5 годишна возраст.

Забавата започнува на 18.10.2019 година!!!

- Пред да го пријавите вашето дете за натпреварот “Ѕвезда на бебе календар 2020”, запознајте се со потребните карактеристики на фотографијата во ПРАВИЛНИКОТ.

- После тоа, пријавете го вашето дете со клик на копчето ИСПРАТИ ФОТОГРАФИЈА.

- Во рок од 24 часа фотографијата од вашето дете ќе биде во ГАЛЕРИЈАТА на фотографии.

- За евентуални нејаснотии и прашања контактирајте не преку нашата e-mail адреса babykalendar@danu.biz


Испраќањето на фотографии за учество во натпреварот трае од 18.10 до 29.11.2019 година

Членовите и посетителите на порталот www.ringeraja.mk ќе бидат во можност со своите гласови (клик на копчето ГЛАСАЈ кое ќе биде додадено покрај секоја фотографија кога ќе започне гласањето на 13.11.2019 година) да изберат 100 најубави фотографии од 13.11.2019 до 04.12.2019 година.

Помеѓу 100-те фотографии, комисијата ќе избере 12 фотографии (од 5.12 до 7.12.2019), по една за секој месец во годината. А сите 100 најубави фотографии ќе бидат прикажани на порталот www.ringeraja.mk



Прогласувањето на победниците ќе биде секојдневно, во тек на 12 денови од 8.12 до 19.12.2019 година.



Родителите со помош на опциите Share или Like (под фотографијата) можат да ги повикаат своите пријатели да го поддржат нивното дете (бројот на лајкови не се вбројува во бројот на гласови).

Сите информации можете да ги најдете во ПРАВИЛНИКОТ на натпреварот.

Нека небото на Рингераја оваа година биде најубаво и најѕвездено.

Ваша Рингераја.мк
Непосредна врска до пораките: 1
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?