|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Заеднички роденден
11.1.2014 0:17:48   
Snowhite RR
Родендените на моите деца се 10 дена разлика, па се одлучивме да ги правиме во еден ден, односно заедно за двајцата. Мислам дека нема смисла во рок од 10 дена два пати да ги каниме истите луѓе. Па се одлучивме, бидејќи на Јана и е прв роденден, да го правиме на 18ти, т.е. на нејзиниот.
Закажавме игротека и наместо час и половина колку што обично траат родендените, го закажавме да трае два и пол часа, се надевам дека Јана ќе издржи. Нема дома да правиме, така што сите од старо до мало ќе бидат поканети во игротеката каде што ќе има посебен дел дали со шведска маса или нешто слично треба накнадно да се договориме, за повозрасните. Тортата ќе биде по желба на Михаил, бидејќи Јана се уште не разбира и ќе биде со Дора, таа ни е актуелна периодов, треба уште да ја порачаме. Домашни кифлички, ордевери, салатка некоја, значи стандард мени ќе има
Дајте ми некој предлог што би можело друго нешто да организираме за да биде интересно. М не сака кловн, а друго не ми текнува. Да напоменам дека не сме баш ограничени со буџет со оглед на тоа што во секој случај заштедуваме како за еден роденден, а правиме два и затоа сакам и нешто плус да има
Дали некој од вас правел два во едно роденденuser posted image
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Заеднички роденден
11.1.2014 9:58:01   
Felly RR
Многу често така ги прават родендените, ако им се разлика само неколку дена. Секако истите гости ќе ги имате на двата, па баш убаво ќе биде. Понатаму кога ќе бидат големи, и ќе си имаат можеби и посебно друштво, па тогаш и самите ќе сакаат посебно да си слават.
Инаку за предлог за да не бие кловн, гледам дека во Бамби има Мики Маус на роднедените. И М не сака кловнови, ама еве Мики баш и бил интересен. Сум видела и магионичар, со нормална облека, значи не маскиран user posted image ама сепак за возраста на Михаил (за Ј пак уште помалку) нема да биде интересен.
Затоа мој предлог - пробајте со Мики Маус или некој таков сличен лик.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Заеднички роденден
11.1.2014 16:03:52   
Bethany
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

Дајте ми некој предлог што би можело друго нешто да организираме за да биде интересно. М не сака кловн, а друго не ми текнува. Да напоменам дека не сме баш ограничени со буџет со оглед на тоа што во секој случај заштедуваме како за еден роденден, а правиме два и затоа сакам и нешто плус да има



Мене ми се допаѓаат роденденски пињати, посебно ако се направени убаво, професионално, да се големи и полни (со слатки или со играчки). Супер забава е за децата. М е баш на таа возраст кога ќе му биде интересно.
Се собираат дечињата и секое по ред ја удира пињатата и се обидува да ја раскине за да испаднат бонбони, чоколода или што со што и да се полнети.
По правило и родителите се вклучени во играта (им се врзуваат очите на родителите ) и тие се обидуваат да ја удрат пињатата. Исто така таа треба да биде закачена за некој од страна да може да управува со неа, да ја движи лево-десно и со самото тоа на родителите ќе им е потешко да ја погодат, па така е и поинтересно и позабавно.
Имаме учествувано на еден оваков роденден и навистина сите се забавувавме и смеевме. Само пињатата беше голема и бараше сепак и повеќе простор за манервирање со неа. Сепак вие може да ја прилагодите големината во однос на простор што ќе имате и каде ќе ви биде окачена.
И веќе кога пињатата се распука и почнат да испаѓаат слатки (или играчки) тогаш секое дете земе едно ќесе и секој си собира пленот user posted image

< Поракaта ја уредил Bethany RR -- 11.1.2014 16:05:55 >


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Заеднички роденден
11.1.2014 19:55:26   
Snowhite RR
Бевме сега пред нова година на роденден во бамби и дојде Мики Маус, ама М не сакаше ни со него да се слика иако беше мало дете и му акажав дека дете пак не сакаше, а и магионичарот во цивил беше, ама и тој не му беше интересен, поголемките деца го слушаа.
А ова со пињатава интересно ми се гледа, ама во Прилеп не верувам дека некој прави такви работи, не знам дали ќе може од Скопје да се донесе, искрено не знам ни какви се, не сум видела во живо, освен на интернет. Може повеќе инфо?

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Заеднички роденден
11.1.2014 22:09:28   
Bethany
Сноувајт, укуцај на фејсбук Роденденски пињати (на латиница) и ќе ти излезе страната.
Тоа што видов така успат. Гледав на сликите ги прават разни големини. Јас лично немам искуство со нив, ама може да ги контактираш и да прашаш каде се наоѓат, вршат ли достава итн.
За на Ј роденденот, и други родендени на пријателите, ни правеше еден пријател, кој ги прави совршено професионално, ама не му е тоа професија, така да не можам да ти дадам препорака за него user posted image

< Поракaта ја уредил Bethany RR -- 11.1.2014 22:10:42 >


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Заеднички роденден
13.1.2014 9:25:00   
vezilka RR
Јас отсекогаш сакав двете деца да ми се така блиску со со родендените ( ама ги затерав у две годошни времиња, хехе ). Некако ептен ми е симпатично. На кумашините ќерќичките им се така, и нивните родендени ептен ми слатки, двете дотеранки, среќни и заедно си чекаат гости. Тие имаат по две торти (поголемки се , 3 и 6 годони) за да не се караат нели кој ќе изббере, хехе. И освен заедничките роднини ио пријатели, двете си канат другарчиња од градинка и школо посебно. Многу е весело има две групи на дечиња, помали и поголеми, ама убаво изгледа и се забавуваат.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Заеднички роденден
13.1.2014 11:49:32   
Snowhite RR
Ете ние ја порачавме тортата, роденденски реквизити ќе донесе брат ми од Скопје, му реков и за пињата да се распраша, а денеска јас овде ќе прашам дали изработуваат. Е сега имам една дилема, во игротекава има посебен дел за возрасни, а посебно е игротеката, ама мајките со помали деца, сепак цело време го поминуваат во игротеката, па сега се мислам и таму да им речам да ни стават 1-2 маси, сепак и тие да можат да се послужат. Баш кога закажувавме имаше роденден и имаше маси ставено и во игротекава, ама тука беа мајките, а во другиот дел мажите, не ме бендиса тоа делење на мажи и жени, така што би ставила само маси таму и не би потенцирала, туку тој  што ќе биде со детето дали мајката или таткото да може тука да си седни и да се послужи. Како и да е, голема е игротекава мислам има можност за комбинации

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Заеднички роденден
24.1.2014 22:08:25   
niki
Drugarka na kerka mi ima 1 godina pomal brat a roendenite im se mesec dena razlika i sekogas gi slavat dva vo edno, sekogas ima dve torti, na dvajsata posebno im se pee rodendenskata pesna,godinava imaa dve pinjati... simpaticno e, prakticno isto taka


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Заеднички роденден
25.1.2014 19:06:17   
Snowhite RR
Ние супер поминавме, имавме една торта оваа година, зашто Ј секако не знае да дува свеќа посекако, па од година можи по две ќе правиме. Со пињатата ништо не направивме зашто брат ми ми даде некои бројчина од Ск за да порачам ама не се јавив се надевав од овде ќе најдам, ама цвеќарата што мислев дека ќе можат да ми направат цела недела не работеа и дури во петокот беше отворено и кога прашав таа како ме погледна сигурно прв пат слушаше и ми рече Не, не сме почнати се уште да изработуваме. Сега ако почнат да прават ќе им барам процент за идејата хехе. Се на се, одлично беше, поклони собравме цел бутик да отвориме, пута два оваа година. Дома си бев раат немав за работа, после тоа само кумовите дојдоа на кафе.
Сега од М роденденот, мислам на денот кога ќе му биде, во градинка ќе го прославиме со другарчината

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 9
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Симптоми на породување.
пеперутка16

Кои беа вашите последни симптоми пред породувањето тој ден или ден или два пред тоа? Дали сте имале некакви симптоми?