|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Колку сте задоволни од условите во детските г...
3.11.2012 8:12:16   
Ikana
Сметате ли дека условите во кои децата се чуваат во детските градинки се на високо ниво? Што Ви пречи најмногу конкретно за состојбата на истите?
Дали би го пуштиле детето во градинка доколку знаете навистина какви се условите во истите и на кој начин ги чуваат децата, или би го задржале детето дома?
Сметате ли дека треба да се инвестира во обновување на градинките и создавање на подобри услови за нега на децата во истите, како и кадарот кој се вработува и е одговорен за состојбата на детето додека тоа е во градинка?
Дали воопшто нашите градинки ги исполнуваат условите предвидени за добар развој и општа здравствена состојба на децата?

< Поракaта ја уредил Ikana -- 3.11.2012 8:14:31 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
3.11.2012 11:18:31   
sandriana RR
За условите во државните градинки - генерално, сум задоволна. Иако зависи од тоа колку инвестира и општината, такви ќе бидат и условите- зборувам материјални.
Во однос на кадарот - каква среќа ќе има дететоuser posted image Шала на страна...за во јасли можам да зборувам- има вработена мед.сестра, воспитувачки и негователки. Доктор ги посетува секоја 3та недела (односно секој трет петок) и им прави мини систематски преглед. Сметак дека има недостаток на логопед и дефектолог, за навремено откривање на евентуални пречки, или пак за интегрирање на дечињата со посебни потреби (со полесни пречки во развојот).

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
3.11.2012 13:04:21   
Pepelaska *
Незнам за Скопје, ама тука има само две градинки.Фактот што во групата од 2 до 3 години има 30 деца и една или две воспитувачки мислам дека зборува доволно.
Од што сум гледала ( на пракса ) и од искуства на другарки, ок е во глобала, но фали, комуникација со секое дете посебно, секое си бара посебно внимание. Мислам дека не пазат доволно на хигиена.

Жално е што толку дипломирани седат дома а тие вработените се борат со 30 деца .

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
3.11.2012 22:56:43   
AnnaMolly RR
Конкретно за градинката на Филип имам само пофални зборови. Преклани од темел ја реновираа, нови подови, нови не знам таму колку слојни прозори, столчиња, маси, креветчиња нови, многу играчки, супер мени за јадење, супер распоред на активности. Кај него се 30 на список, ама никогаш нема повеќе од 23-24 деца со две негувателки и една воспитувачка.
Секое дете си има своја постелина со негово име и презиме, секој си има кецелче за јадење за да не се валкаат.
За неговата градинка велат дека е една со најдобрата воспитна програма и јас навистина сум задоволна во тој поглед. Верувале или не, детево на 2 години и скоро 5 месеци секој втор ден доаѓа дома и ми рецитира песна! И тоа цели песни. Игра конструктивни игри, смислени игри.
Од воспитувачката и негувателките сум многу задоволна, секојден детално ми кажуваат што правел, што јадел што не јадел и најмногу ми се допаѓа што ми кажуваат искрено дека не е јаден, дека дента бил немирен или мирен, ми раскажуваат како си играл со најдобрата другарка Вера (неразделни се)...Барем сметам дека се искрени, а ако не се, нив нека им служи на чест.
Исто како што пиша Сандриана имаат медицинска сестра вработено, секој ден е таму, имаат и докторка што им доаѓа еднаш во месецот за систематски. Си водат евиденција за нив.

Се распишав, ама да си се докажам, де user posted image Презадоволна сум и немам маани сега за сега, можеби како единствена маана би го навела тоа дека се многу деца во група.

< Поракaта ја уредил AnnaMolly RR -- 3.11.2012 23:01:53 >


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
6.11.2012 13:03:46   
vezilka RR
Лошите услови во нашите градинки воглавном потекнуваат од немањето капацитет да примат толку деца колку што имаат потреба во моментот од згрижување во градинка. Тоа значи дека им фали простор и им фали кадар да го спроведат тоа што им е во програма. Во законот за социјална заштита каде се пропишани условите и начинот на кој треба да работат градинките, пишува едно а реалноста е сосема друга и никому не му чуе! Во цела Македонија скоро и да нема група во градинките што брои под 30 деца. Државата во скоро време нема намера да гради којзнае колку градинки и нема намера да вработи нов каадар. А што се однесува до кадарот исто имам впечаток дека се борат со времето,односно не можат да постигнат со толку деца. Секако има случаи кога причината не е бројноста на децата туку неспособност на кадарот, ама сепак и тогаш јас велам потфрлил системот..не функционира системот на мониторинг и оценка на работата заради начиноит на кои најголемиот број од нив се примени на работа.

Ова што го напишав е една генерална оцена на градинките..иначе јас, имајќи го предвид сето ова и знаејќи каде го пуштам своето дете, задоволна сум до сега од тоа како е тоа згрижено. После два месеци одење во градинка веќе ги гледаме првите позитивни резултати во однесувањето на Никола и сме многу задоволни. Е секако ги чувствуваме и негативните резултати, ама тие ги очекував со оглед на тоа што го напишав погоре..значи ќе му дојде некако дека ми биле пресметан ризик user posted image

И само уште една забелешка. Сметам дека треба да бидеме многу гласни во врска со овој проблем со градинките кон оние кои сме ги избрале да ни ги водат државничките работи. Нив сме ги избрале дани ги водат, ама тоа се наши проблеми и ние треба да бараме да ни се решат. Бидејќи гледам дека ниетот им е да се борат со „белата чума“ овој проблем треба да им биде број еден, оти ако им успее стратегијата..уф, тек тогаш ќе биде гадно user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
6.11.2012 13:19:25   
Mihaela 2010
Gradinkata kade sto odi M e kompletno renovirana,taka da od toj aspekt mozam da kazam deka sum zadovolna,novi prozori,novi krevetcinja,masicki i stolcinja,dovolen prostor za decata,no so ogled na toa sto vo grupa po zakon treba da bidat od 15-18 decinja,tie se 30 deca i toa so edna ucitelka i edna neguvatelka...katastrofa,jas i sama ponekogas se cudam kako postignuvaat i stvarno jaka im dusa,i pak ke kazam alal da im e sto posle eden mesec gi dovedoa vo red decava...
Ima posebna prostorija kade sto sedat,jadat si igraat,potoa imaa posebna druga prostorija kade sto imaat Tv,lizgalki i ljuljaski...tamo ja imaa i prvata pretstava...i posebna prostorija so krevetcinja...
sto i kako se slucuva tamo neznam,samo znam i go izvestuvaat mm deka e dobra,kazuvaat sto pravi ,kolku jade,kako se odnesuva so decinjata,i voglavno i toa me interesira...

I samo edno ke kazam,Gospod neka ni gi cuva,bidejki dali se 30 ili 15 mene toa ne mi znaci,i malku da se moze da se sluci katastrofa od nevnimanie....

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
10.11.2012 9:09:10   
Maca25
ЈАс сум ептен задоволна од градинката на Н. Градинката е голема, со огромен двор, со посебен дел за јасли и мали групи, посебен за поголемите групи.

Задоволна сум од просториите, сега откако е во делот за поголеми деца (од 3год), занималните им се ептен големи, од крај до крај на занималната има прозори, имаат дневна светлина - што ми е многу важно, купатила имаат од две страни на нивната занимална - за машки и за женски (ова не знам колку се почитува), кога и да влезам со Н. да пие вода таму тие се средени, нема вода на подот, секогаш чисти.
Храната им е прекрасна, Н. никогаш ништо не одбила во градинка, имаат убави и здрави ужинки, буквално сите деца јадат се во градинка.

Завчера имавме приредба, да видиме ние родителите што научиле децата за овие два месеци и откако завршија песничките сите деца седнаа на земја и учителката им поставуваше прашања. Зборуваа за овошје и зеленчук, и кажаа дека последниот месец во градинка им донеле најразлично овошје и зеленчук, да видат прво како изгледа, а потоа и да пробаат. Сите пробале кромид, марула, зелка, модар патлиџан, тиквица, тиква - им печеле, им вареле и важно сите пробале.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
5.2.2013 13:54:21   
Pepelaska *
ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak

Мајки сега се сетив, има некоја група на Фејсбук мислам дека беше За подобри услови во градинките - иницијатива на родители. Пред некој ден се јави една мајка од групата на Здраво Македонијо на Канал 5 и кажуваше дека почнале да се организираат со состаноци и сл. и дека им требаат уште родители за да може да се направи нешто. Па се надевам ќе ви користи информацијава доколку сте заинтересирани и сакате да се вклучитеuser posted image


ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR

Се приклучив кон групата на фб за подобри услови во градинките. Постираат интересни работи. Кој сака можам да му пратам линк.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

Jas sakam Maca.pustaj






_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
6.2.2013 14:39:58   
mami2
Пишав дека Н има целијакија.
Кога дознав дека имаме ваков проблем еден од поголемите стравови ми беше дали ќе продолжи во градинка, последна година пред школо е, имаат активности, детето ок се чувствува таму, има контакти со друга средина, релативно го надминавме проблемот со разболувања и сл. Сега имаме проблем со исхраната и почнав да вртам црни сценарија ако го отпишат од градинка: имам врски кај инспектор, ќе ги пријавам кај Народен правобранител, ќе активирам НВО сектор и медиуми, се` беспотребно.
Учителките ги запознав дека сме во процес на анализи, па кога се потврди ми закажаа средба децава кога спијат да се видиме. Пријатно бев изненадена од нив. Немаа никаков проблем да изнајдеме решение, туку страв ако не го приметат доколку касне нешто што не треба. Имале лошо искуство со дете алергично на незнам што, кое грабнало и ставило во уста нешто што не смее па добило шок. Им објаснив дека и да случи такво нешто нема бурни реакции, па се олабавија.
Јас им однесов брошури за болеста што посакаа да ги задржат за да можат да се консултираат. Ја викнаа и готвачката на консултација.
И направивме договор, појадок си носиме од дома - го следам менито од градинка за да не се разликува премногу.
Ручек јаде таму, ако манџата е со запршка му вадат претходно, а кога има фиш фингер јаде само пире или пак му пржат јајца, а лепче му праќам.
Ужинка - секој ден овошје, иако им однесов некои работи ако го фатат кризи.
Искрено очекував отпор и ме воодушевија со пристапот. Иако има кој да го чува ми беше битно оваа година да продолжи со градинка, да не почуствува дека болеста го прави посебен. Им благодарам за тоа, им го кажувам истото дека ми значи.
Генерално поентата ми е дека ако сакаат тимовите во градинките можат да направат многу за нашите деца, ама и ние родителите имаме екстра големи очекувања од нив.

< Поракaта ја уредил mami2 -- 6.2.2013 14:41:19 >

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
7.2.2013 8:41:29   
topce
Јас сум задоволна од нашата градинка или поточно да се изразам задоволна сум од негувателките и воспитачките кои секоја чест на нивната иновативност и посветеност на работата со оглед на средствата и условите кои ги имаат.Значи од сам почеток важно е да е чисто, да се децата најадени и да се прилагодат на средината, ова за јасли зборувам. Потоа потребно е некој со нив да работи или да го подржува процесот кој се одвива и дома, јадење со лажица и вилушка, мочкање во нокшир, одвикнување од пелени, облекување и соблекување......Потоа на сцена доаѓа воспитниот дел и припремата за училиште.Мене две работи не ми се бендисува во градинките.Едната е што незнам кое е тоа правило ама секоја година нови учителки, негувателки.Таман детето се навикнало на едни наредна година други и секоја година така. Јас не сум педагог ама мислам дека воопшто тоа не е добро за децата.Јас за ова многу се бунев во градинката така да нашата група имаше 3 години една негувателка која ги водеше децата уште од јасли.И втората работа е што многу е мал просторот за пресоблекување и облекување на децата, делот кај шкафчињата.Знам дека не е тоа предвидено за 30 деца таму да се средуваат+мнинум 1 родител ама кога знаат од искуство каква е ситуацијата во градинките зошто не ги направат поголеми уште кога се градат.
И јас би сакала линк во пп за групата. благодарам

(Одговор на членот mami2)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
28.2.2013 21:58:31   
Magdalencee

12 деца затруени со салмонела во „Весели цветови“
Дванаесет деца се затруени со бактеријата салмонела во период од 21 до 26 февруари, а сите претходно ги посетувале трите клона во градинката „Весели цветови“ во скопската општина Kисела Вода. Заради труењето, за кое с` уште се утврдува кој е предизвикувачот, Државниот санитарен и здравствен инспекторат вчера ја затвори централната кујна во објектот „Сончоглед“. За децата кои ги посетуваат сите четири клона во оваа градинка храната ќе се обезбеди од друг објект, до добивање на резултатите од земените примероци.

Ова е прв случај на труење на деца со храна во градинка, а инспекторите тврдат дека во јануари градинката била контролирана и дезинфицирана. Kај вработените во градинките, според досегашните анализи, не се најдени бактерии, а се чека што ќе покажат резултатите од работните површини во кујната и од садовите.

Родителите на децата се исплашени, а дел од нив престанале да ги носат децата додека состојбата не се расчисти.

- Kога слушнав дека имало труење, веднаш престанав да ја носам ќерка ми, но дома имам кој да ми ја чува. Но, за неколку дена ќе морам пак да почнам да ја носам, а по ова што се случи, многу сум исплашена. Не знам од што се случи труењето, дај Боже, да не е од градинката, но знам дека вработените мора многу да внимаваат на хигиената - ни изјави една мајка.

Три од затруените 12 деца побарале помош и на Kлиниката за инфективни заболувања, потврдија вчера од Санитарниот и здравствен инспекторат. Со салмонела луѓето може да се заразат ако јадат термички добро необработена храна од животинско потекло, особено јајца. месо, но и од кремови, сладолед и слично. Kај затруените се јавува гадење, повраќање и зголемена телесна температура.

- Ја задолживме ЈДГ„Весели цветови“ во сите чајни кујни во четирите клона, веднаш да се изврши темелно механичко чистење, по кое ќе има дезинфекција од овластена здравствена установа. За да се обезбедат соодветни услови за прием и делење на храната, наложено е во делењето на храната да се вклучат вработените од кујната, кај кои веќе има негативни резултати од копрокултура. ДСЗИ наложи и да се исчистат и дезинфицираат возилата со кои се врши дистрибуција на храна до клоновите - соопштија вчера од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
5.6.2013 16:06:44   
vezilka RR
Денес на 05.06.2013 година во 17.00 часот во ЕУ инфо центарот по иницијативата на родители-
За подобри услови во градинките, ќе се одржи трибина „ЗА ПОДОБРИ УСЛОВИ ВО ГРАДИНКИТЕ-ИНИЦИЈАТИВА НА РОДИТЕЛИ заеднички да ги посочиме проблемите и да изнајдеме соодветни решенија“.

(Одговор на членот Magdalencee)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
6.6.2013 10:47:51   
Yummy Mammy
Eh duri sega go gledam postov, bas mi e krivo!
Bese li nekoj da spodeli iskustvo?

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
6.6.2013 10:52:53   
vezilka RR
Јас не успеав да стигнам, у парламент бевме до касно, ама колку што успеав да разберам, не се појавиле многу родители, што ми го потврдува фактот дека родителите повеќе сакаат да се жалат по нет, отколку навистина да кажат нешто лице, в лице со одговорните. Биле присутни и директоки од градинки..е сега беа планирани првично од Општина Карпош и Оптина Аеродром, кои се биле присутни, не разбрав. И не разбрав дали имало присутни и лица од општините како што било планирано. Една од родителите која беше, си отишла разочарана со впечатокот дека родителите се пасивни.

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
6.6.2013 11:02:23   
JovanaJ
Roditelite ne se pasivni, ne se soglasuvam so ova. Poveke bi rekla se neinformirani.
Koga i kade bilo istaknato ova soopstenie za ovaa inicijativa?
Pa jas ja vidov duri vcera koga ti ja postirase tuka, no sepak na rabota sme i ne sekoj tuku taka moze bas vo toj moment za cas/dva casa da go napusti rabotnoto mesto.
Vtora golema zabeleska bi bila deka vakvi inicijativi se organiziraat na potesno nivo i postemeno. Na nivo na gradinka, pa na gradinki od opstinata pa na kraj od celo Skopje. I datumite za ova da bidat odnapred vidno istaknati i vo gradinkite i po mediumite i veruvam deka sigurno ke ima mnogu pogolem interes.
A ako sakame da pravime nesto kolku da se rece, i samo da kazeme deka roditelite se tie koi nemaat inicijativa a nie (gradinkite) sme tie sto ete sakame da gi podobrime uslovite ama se nema interes, kratko i jasno vadenje od celata situacija.
Znaci ne e do roditelite!

_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
6.6.2013 12:16:04   
Yummy Mammy

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Јас не успеав да стигнам, у парламент бевме до касно, ама колку што успеав да разберам, не се појавиле многу родители, што ми го потврдува фактот дека родителите повеќе сакаат да се жалат по нет, отколку навистина да кажат нешто лице, в лице со одговорните. Биле присутни и директоки од градинки..е сега беа планирани првично од Општина Карпош и Оптина Аеродром, кои се биле присутни, не разбрав. И не разбрав дали имало присутни и лица од општините како што било планирано. Една од родителите која беше, си отишла разочарана со впечатокот дека родителите се пасивни.


Jas mislam deka ova e nekoja pro-forma aktivnost na nekoj proekt. Niti imalo soopstenie, niti mediumska pokrienost, niti izvestuvanje vo gradinkite.
Denes bas odam vo EUD na sostanok i bas ke prasam civa inicijativa bila ovaa i dali ke se povtori.

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
6.6.2013 13:32:21   
deluxe
Јас имав 2 месеци искуство со градинка со А,пред 4 год.и можам да кажам услови-катастрофа.
Прво што ми сметаше беше безбедноста во градинката-вратите ширум отворени,никој никого не контролира,ама не те ни прашува кој си или што бараш.Секој може да ти го земе детето без никој да те идентификува ,што е многу ризично во ова лошо време (педофили и др.),значи А ја земавме сите од дома баби,дедовци јас татко и и нити еднаш не не прашаа кои сте бре луге ?дајте идентификација. Дворот од градинката беше скратен пат за во другата уличка,лугето го користеа за да не заобиколуваат-ужас.
Хигиената =0
глувче имав видено во ходникот кај што си се шетка,а тоа е многу блиску до куњата што значи таму си се хранат,дури и децава ги гледале како си шеткаат глувчињата.И поради една случка(насилство) која ја имав опишано во друга тема,но и поради овие услови ,после 2 месеци одење во градинка решив да ја отпишам ,не ми се ризикувашеuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
6.6.2013 14:52:34   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

Nie zimoska neli odnesovme toplinki,no ne im gi oblekuvale,i mm im spiskal,navodno ucitelkava sakala da im oblekuva ama drugava i bilo maka da gi presoblekuva koga si idele domauser posted image
I mm e kako be taka po cizmi li da sedat cel den,pa aj pocnale da im gi oblekuvaat,ama sega vekje ne,si gi zemavme toplinkite i si sedat po sandali i patiki




ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Како бе Михаела седат со обувки? Зошто така? Зошто ви ги дале топлинките? Па зарем во истата порсторија каде што јадат и по цел ден седнуваат ( на земјја ) и си играат - и со обувките од надвор седат? Во нашава градинка кога влегов на родителска ,ни дадоа оние како кеси врз обувките да ставииме за да не влегуваме така,а не па децава да седат со обувките од надвор и да ја дишат прашината цел ден..Во другиве градинки како е? Михаела,во која градинка е ова?




ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

Da miana bas kako sto napisav,i ete na taa neguvatelka i bilo tesko da gi presoblekuva decata...vo Butel 1 sme,i jas bev izrevoltirana na roditelskata pobaraa da im odneseme od toplinki do pizamki ama nisto od toa,koga vidov deka ne i oblekuvaat pizami na spienje prestanav da im nosam,ama rabotata e sto jas ne ja nosam sabajlecki tuku mm,pa toj kolku moze im spiskuva,ama djabe ako edna nedela se pridrzuvaat kon dogovorenoto a posle toa si teraat po staro..
a toplinkite si gi vrativme bidejki ednas kerkami nemozela da izdrzi pa se izmockala vo gakji,pa se napravila lom,od hulahopcinjata pa i sandalite gi izmokrila,i bidejki bile mokri ja pustile doma po toplinkite,pa taka si gi zadrzav doma,i onaka vekje i se knap




ИЗВОРНА ПОРАКА: @Mila@

Mihaela ke treba seriozno da sednete i na roditelska da se reshi ovoj problem,na shto lici toa po konduri i sandali od nadvor cel den vo gradinka ,tamu igraat jadat spijat i so prashinata i gjubrinjata od nadvor da sedat.Druga rabota e sto decata ke gi naucat deka e normalno i doma da se shetaat so patiki.Kaj nas vo gradinkata se znae red idesh tamu i oblakash obuvki sto se za tamu, vo zima toplinki imashe , a sega koga zatopli mu kupiv sandalki so dupki koi mu se samo za tamu.Ako oni ne sakaat da gi oblakaat ti pred da go dadesh ke mu gi smenish i gotovo.Posle toj sto ke go zeme ke mu oblece obuvki za nadvor.




ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Е сега мене ме потсети да смислам некои летни топлинки за Миа,зошто со овие досегашните сигурно и се потат нозете. Кај нас им облекуваат на сите и пижамки и неколку пати во петок или нема да ми ги вратат или ке ми стават и на некое друго детенце покрај нашите,ама не е страшно ги враќам... Е кај нас нема такви работи,ги мрзело...Срамота,децана да дишат прашини цел ден ,трчаат и јадат таму на исто место..Цт цт цт ... Немам зборови...Имавте ли анкета во градинкиве ?Има и таква тема...Тие анкети одат директно во министерството па може да се пишуваат ваквите работи,па да видиш дали ке ги мрзи после..




ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

Na prasanjeto koga pak ke ima roditelska,ete bas od takvi pricini da si prasame,da vidime sto e do kaj e ,odgovorot bese aaaa ednas godisno imame samo,e sega od septemvri ke vidime kako ke bide...
Mislam deka ne im gi ni mijat racinjata pred jadenje,ova jas licno ne sum videla,tuku mi e kazano od roditel ocevidec,koga iskomentirala za toa,ucitelkata se napravila deka ne ja cula[sm=zmeden.gi
anketi ne sum videla,ama sum ZA kameri da se vovedat...nema tuka nisto strasno,pa i jas nad glavava na rabota imam kamera



ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels

кај нас Михаела овој проблем е решен така што сами си ги облекуваме децата кога ќе стигнеме во градинка и кога ќе си ги земаме и ужасно се нервирам кога ќе видам родители што ги пуштаат дечињата од надвор како влегуваат така си продолжуваат и во занимална.Е ми се допаѓа и што приметив дека учителките и им ги собуваат топлинчињата и кога се внатре оти сега е и топличко и нема потреба да му се варат ножињата по цел ден во обувки




ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

Ama zosto roditelot da im gi oblekuva ???prvo i osnovno toa e nivna rabota,a kako vtoro nema jurija od deca naednas pa da nemoze da postigne,pa fala bogu ne se bebinja pa da trebaat u race da gi drzat pa nemozat da im gi oblecat....detevo moe ide okolu 15 do 8 vo gradinka,i retko da ima guzva pred gol pred vrata,taka da i da nadojdat dve tri decinja odednas ke pricekaat ke sednat na klupata i ke se presoblecat..
neznam sto da kazam,ucitelkata e dobra i sovesna ama e volonter,drugata ima 25 god i i leta pametot (ova sekako ne e opravduvanje),rabota si e rabota,i sega ucitelkava juli i avgust ke ide na prinuden i znak prasanje e dali od septemvri ke ja vratat,i navistina mi e krivo




ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Postovive nasi moze da gi stavat vo - nedostatoci na gradinkite user posted image
Kaj nas znam deka racete gi teraat sami da si gi mijat a nekogas im gi brisat i so maramici vlazni - nosam maramici dva pati godisno po edno golemo pokovanje. Mene mi preci toa sto ne gi brisat posle odenje vo wc,pa na kerkami cesto i se izvalkani gakickite ..Ja ucev kako da se brise sama ( koga mocka uspesno se brise ) megutoa seuste neznae kako dobro da go napravi toa.
Inaku eve kolku da ne sme nadvor od temata - na kerkami denes i oblekov dolna maicka,maicka so kratki rakavi,farmerka,corapki i dukser.




ИЗВОРНА ПОРАКА: Yummy Mammy

E ova prv pat slusam! Mnogu neodgovorno!
A moze li da prasam za koja vozrasna grupa se raboti? Ili ova se slucuva vo site grupi?
Prasuvam zatoa sto kaj nas roditelite voopsto ne vleguvaat vnatre vo gradinkata kaj skafcinjata, toa e strogo zabraneto. Uste od mala grupa koga gi ostavaat decata ucitelkite insistiraat sami da si go najdat svoeto skafce (imaat slikicki) i samo deteto da si se soblece i oblece. Vo hodnikot redovno ima po nekoja ucitelka i ne e bitno koj od koja grupa e, im pomaga na tie deca sto ne mozat. Sakam da kazam, najdobro e deteto da se osamostali od start i da ne mora da ceka na dobra volja na ucitelkata, dali denta ja mrzi ili ne.
No, ako toa im e redovna praktika vo celata gradinka, da se setaat so istite konduri ko nadvor... E togas stvarno mislam deka treba da pratis edno kulturno, no ljuto pismo do Ministerstvo i Opstina. Nekade prethodno pisav, ne se raspravaj so ucitelkite, tuku so direktorkata; ti ako im spiskas, nemas aftoritet vrz niv, no ona ako im spiska, e toa e nesto drugo.





ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

Stanuva zbor za deca od 3 godisna vozrast..







_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
7.6.2013 12:09:37   
Yummy Mammy
ИЗВОРНА ПОРАКА: Yummy Mammy


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Јас не успеав да стигнам, у парламент бевме до касно, ама колку што успеав да разберам, не се појавиле многу родители, што ми го потврдува фактот дека родителите повеќе сакаат да се жалат по нет, отколку навистина да кажат нешто лице, в лице со одговорните. Биле присутни и директоки од градинки..е сега беа планирани првично од Општина Карпош и Оптина Аеродром, кои се биле присутни, не разбрав. И не разбрав дали имало присутни и лица од општините како што било планирано. Една од родителите која беше, си отишла разочарана со впечатокот дека родителите се пасивни.


Jas mislam deka ova e nekoja pro-forma aktivnost na nekoj proekt. Niti imalo soopstenie, niti mediumska pokrienost, niti izvestuvanje vo gradinkite.
Denes bas odam vo EUD na sostanok i bas ke prasam civa inicijativa bila ovaa i dali ke se povtori.


Vcera prasav vo EUD sto bila taa rabota so tribina na tema podobri uslovi vo gradinkite, mi rekoa deka toa bila nekoja grupa na FB koja se organizirala, a vo EUD samo prostorot go iznajmile. Zatoa ne bea vo moznost da mi dadat podetalni informacii, no mi ja dadoa adresata na FB. Pa koj e zainteresiran neka pobara grupa na FB "zapodobriuslovi"

Администратор: Надворешни линкови не се дозволени.

< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 7.6.2013 13:50:32 >


_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
7.6.2013 13:56:18   
vezilka RR
Да, точно е Yammy Mammy, тоа беше иницијативана една група родители, организиррани во една група на ФБ. Но, најпрво тие се организирани родители, загрижени за условите во градинките, кои направија напор, да спроведат граѓанска иницијатива и да се обидат да разговараат со надлежните. Настанот, трибината беше објавена таму каде и се организирани овие родители, на ФБ групата. За жал, не се појавија тие заради кои беше организирана иницијативата, самите родители. И уште еднаш се потврди фактот дека ние мислиме дека некој друг треба да ни ги решава проблемите додека ние удобнмо си седиме во фотељичката, домче или каде и да е.

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
7.6.2013 14:04:17   
Yummy Mammy
Pa iskreno za vakvi nastani treba i malku pogolema publikacija. (Jas konkretno nemav poima ni deka postoi takva grupa na FB.) Oni super sto si se organizirale, ama trebale da pokanat ucesnici ako planirale da diskutiraat. Barem po edno soopstenie do mediumi da pratat po mail sto ne kosta apsolutno nisto; ili soopstenie na vrata vo gradinka kaj sto moze sekoj da vidi, i sugurna sum deka vo sekoja gradinka vo Sk ke se najdat po 2-3 roditeli koi ke dojdat.
Ne se slozuvam deka se site bas tolku pasivni ili zafateni. Problem e neinformiranosta. Vo slucajov organizatorot imal super ideja samo sto ne ja realiziral do kraj, za zal.

p.s. Zatoa sto i nie tuka mozeme da si se organizirame, aj ke pravime tribina, i ke diskutirame. I koj ke dojde? Samo toj sto go znae sajtot i go poset_uva. A target grupata e mnoooogu pogolema nego clenovite na RR ili na FB grupava. Za edna obicna dobrotvorna akcija na RR pa izvestuvaat site informativni sajtovi, a ne pa za edna vakva tribina.

< Поракaта ја уредил Yummy Mammy -- 7.6.2013 14:12:42 >


_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
7.6.2013 14:18:43   
vezilka RR
Групата има 1100 членови, кои бидејќи се членови на групата по дифолт треба да се незадоволни родители, и сите добија покана, а се појавиле 2. Неисе, нема да навлегуваме во нивните организаторски способности, бидејќи не знаеме далли целта им била да дојдат сите родители, или родителите опфатени во нивната група. Муабетот ми беше дека сите ние кои сметаме дека сме незадоволни од нешто во градинкиве можеме и мораме да направиме нешто во врска со тоа, па дури и на индивидуално ниво.

< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 7.6.2013 14:19:54 >

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
18.6.2013 10:56:09   
mommy_angels RR
Вчера кога ја земав ќерка ми од градинка,воспитачката ми рече дека во четврток таа не била на работа,а другата ќе била сама со 13 деца па ако имало кој да ја чува дома да не сме ја носеле user posted image ..... мене некако ова не ми е во ред,ај ваше мислење ?????

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
18.6.2013 11:21:09   
Mihaela 2010
Pa sega koga se godisni odmori decata gi mesaat so drugi grupi i drugi ucitelki taka da ne mi e jasno zosto taka ti rekle..

Inaku nie momentalno se soocuvame so problem bi go narekla ,bidejki ucitelkava bese volonte vekje dve ipol godini navodno nemale pari da ja plakjaat pa znak prasalnik bilo dali od septemv.ke ja vratat...a mnogu sme zadovolni od nejzinata rabota pa sega napisavme edna molba do direktorkata i opstinata so cel da najdat resenie da ja zadrzat,pa ke vidime,jas mislam nisto od toa no ajde da probameuser posted image

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
18.6.2013 11:31:35   
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

Pa sega koga se godisni odmori decata gi mesaat so drugi grupi i drugi ucitelki taka da ne mi e jasno zosto taka ti rekle..



затоа што сака да си тера продолжен викенд, па да не се жали колешката што ќе остане со повеќе деца и сама. user posted image

Ако е муабетот само за четврток, ко што пишува во постот, нема врска со одмори и сл.

< Поракaта ја уредил Viktori -- 18.6.2013 11:35:51 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Dali?
Jana9

Dali ja proslavivte godisninata od matura?

Da (33%)

Ne (67%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!