Bethany
|
Царелија, велкам бек Андрианче, нели ние смо исте со термините? Како ти викаш влезе во девети, јас се некако рачунам тек од следната недела. Денес влегов во 35, а за недела дена во 36? Јас така рачунам. Инаку, супер што не се поправи ни малку, јас веќе и не стапнувам на вага, што е-тоа е И бебушко ти е супер со килажата Женски, јас еве да се "пофалам". Почнав да осеќам болки во нозете и грбот. Сабајлево бев излезена и многу ме болеа нозете и стапалата. Идам и се гегам, со рацете мавам да фатим замах, смешна сум сама на себеси. Мм ме нарече Обеликс, сум го потсетувала на тој лик Давам се од себе да се движам повеќе, да завршувам што е можно повеќе работи, бидејќи гледам дека кога седнам или легнам мака имам после да станам. Ајде још ова недела, па ќе одам кај свекрва ми, она ќе ме гледа. Имам уште месец дена до термин, стварно се мислам како ли ќе се движам понатаму. Конечно земавме и комплетче за изнесување, и мислам дека завршив со работите што се однесуваа до мене, е сега кој од роднините сака нешто да докупе, добредојден е. За овие ситници немаше крај, Колку ме се радува, па ме и исцрпи, а колку само финансии треба за едно дете, лелееее Али, фала Му на Господ што дадел. Ајде пишете, вие до каде стигнавте, како се чувствувате?
|