|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Медиумски натписи во врска со посвојување во РМ
1.4.2011 21:56:55   
Viktori
via: vest

"Интервју со психологот Лина Ќостарова - Унковска
Децата не се предмети за наддавање
Еден од најголемите ризици што ги има новиот правилник за посвојување е што децата посвоеници со ова решение стануваат предмет на висококомпетитивна процедура, за која се прибираат понуди врз база на најмногу освоени поени
Лина Ќостарова - Унковска, директор на Центарот за психосоцијална и кризна акција, е еден од ретките професионалци што посветено и практично се занимаваат со детските права во сите сфери од животот. Таа е и еден од ретките интелектуалци што јавно го крена гласот против новиот правилник за посвојување кој неодамна го претстави Министерството за труд и социјала, што беше и поводот за ова интервју.

Министерството за труд и социјални работи го промовираше новиот правилник за поблиските критериуми и начинот на избор на посвоител по електронски пат, кој предизвика контроверзии во јавноста. Што е најголемиот проблем на овој правилник?
Процедурите на посвојување отсекогаш се соочувале со два основни предизвика: едниот е како да се објективизира постапката во базично квалитативното поле на одлучување, а по повод едно крајно субјективно (лично) животно прашање, како што е посвојувањето дете, а другиот е како да се заштити процесот од коруптивни влијанија и да се донесе најправедна одлука, во најдобриот интерес на детето. Тоа се две поврзани, но различни прашања, и ниту едното од нив не се решава со предложениот правилник, поврзан со електронско (софтверско) решение. Наместо објективноста и непристрасноста да се врзуваат за индивидуалната одговорност, која се потпира, пред сe, на стручноста и професионалниот интегритет во една специфична област на постапување, со правилникот се нуди процедура на проценување на непресметливи поени и рангирања, зад што стојат бројни безимени "стручни" тимови и комисија, и сега софтверот, со што се отвораат уште поголеми можности за манипулации и злоупотреби, со долгорочни негативни последици. Самиот правилник е, всушност, производ на една политика, опседната со електронската технологија, до таа мера што и доделува улога на контролен механизам, без каква било критичност и познавања на полето на примена. Технологијата е само алатка, која може да биде многу опасна во рацете на некомпетентни луѓе, што директно се гледа од правилникот.

Во која смисла негативни последици, дали децата се ставени во ризик и со што?
Еден од најголемите ризици тука е што децата посвоеници, со ова решение стануваат предмет на високо компетитивна процедура, за која се прибираат понуди врз база на најмногу освоени поени. Тоа е апсолутно недопустливо. Постапката на посвојување мора да биде, пред сe, високостручна, праведна, но и добро водена, што значи дека се работи за процес кој содржи низа субјективни процени и одлучувања, затоа што секогаш се работи за конкретното дете и за конкретните родители, а не за кои било. И одлуките секогаш мора да бидат во согласност со најдобриот интерес на тоа дете.
Правилникот не само што не ги почитува правата на детето и на родителите, тој не ја почитува ни еднаквоста меѓу партнерите, меѓу брачната и вонбрачната заедница, а уште помалку правото на самостојно родителство, туку го фаворизира бракот, за сметка на сe друго, па вели: "При изборот на најсоодветен посвоител, приоритет имаат лицата што се во брак, што се државјани на Република Македонија и што се со постојано место на живеење на територијата на Република Македонија". Веќе во наредниот член (19) се прави отстапка од ова правило, која е уште подискриминирачка: "Ако се констатира дека нема заинтересирани посвоители за тоа дете, Центарот ја започнува постапката за избор на посвоител по електронски пат за лица што не живеат на територијата на Република Македонија или за лица што не се државјани на Република Македонија".
Дали сега ова значи дека за децата што никој не ги сака важат други правила, и можеме да ги дадеме кому било? Не е ли тоа етикетирање и дискриминација на овие деца, но и на родителите посвоители, кои затоа што живеат надвор од земјата, ги немаат истите права и смеат да влезат само во вториот "натпреварувачки" круг, и тоа исклучиво за децата кои веќе "испаднале", и нема кој да ги посвои?
Дискриминацијата продолжува понатаму со уште една деперсонализација на процесот на посвојување, така што сега, покрај електронскиот пат, се оди и на дисквалификација на сите оние што имаат какви било очекувања во поглед на детето - "при избор на најсоодветен посвоител, системот нема да ги земе предвид посвоителите што: прифаќаат дете од одредена националност, прифаќаат дете од одреден пол, прифаќаат исклучиво здраво дете, прифаќаат дете на определена возраст, прифаќаат исклучиво бебе (дете на возраст до една година)". Секој родител има право на здраво дете, и да го посака додека е бебе, па дури и правото да се посака дете од определен пол или националност е сосема легитимно. Од друга страна, токму државата за децата со посебни потреби, или на поодмината возраст, или етничка припадност, е таа која треба да изгради дополнителни, стимулативни мерки и континуирана поддршка на потенцијалните родители, во заштити на овие деца од заостанување во постапката на посвојување. Наместо тоа, таа во старт ги дисквалификува родителите.

Со правилникот не се дискриминирани само децата туку и родителите посвоители. Во македонски услови, ќе излезе практично невозможно една двојка со релативно скромни приходи да посвои дете? Како воопшто се врши процената?
Во процена на подобноста за родителство, правилникот отворено ги фаворизира: материјалниот и брачниот статус на родителите, должината на бракот, младоста на сопружниците и годините на чекање. И покрај тоа што овие категории имаат мала поврзаност со капацитетот за родителство, тие носат дури 75 проценти, од вкупно 100-те поени кои треба да се соберат при рангирање на можните родители. На сe друго, како: подготовка и мотивација за родителство, образование, квалитет на живеење, релации со другите и здравјето отпаѓаат 25 отсто. Но, тоа и не е сe. Потенцијалните посвоители се соочуваат и со негативни поени. На пример: "Заради зачувување на бракот", или доколку родителите очекуваат "детето да ги гледа во староста", тие можат да заработат и 10 казнени поени. Чувството на помала вредност кај родителите се казнува, на пример, со минус 0,40 поени, а за родителите што веќе имаат дете, следуваат минус 0,70. Така, тешко добиената предност, родителите уште полесно можат да ја загубат. Со оваа раситнета математика, може да се отиде и чекор понатаму во карикатуралноста, и да се изработи профилот на оптималниот родителски пар посвоители во Македонија. Тоа би бил млад, здрав брачен пар, на возраст до 30 години, со над 10 години брачен стаж, кој живее сам (без родителите), во сопствен стан или куќа од 60 до 120 квадратни метри, со средства за пристоен живот, без други деца во семејството, со време на чекање над 4,5 години. За овие "квалитети", таквиот родителски пар би собрал дури 61,75 поени од можните 100. Доколку живее во град, на мало растојание од амбуланта, школа, и има сопствено возило, имот или деловен простор, со една, две и повеќе викендички, зависно од тоа како се опремени, може да заработи и до 70 поени. И сето тоа, доколку родителите се државјани на Македонија, со живеалиште во земјата, и доколку немаат никакви очекувања во поглед на детето, неговиот пол, возраст, етничка припадност и здравствена состојба.
Најтрагично во целиот овој галиматијас е некоригибилноста на едно вакво дело, верификувано од Министерството за труд и социјална политика, кое не е резултат само на некомпетентноста на неговите креатори туку и на отсуството на елементарна грижа и одговорност кон детето и неговите потреби, и кон потенцијалните родители, како најзначајни ресурси во долгорочното решавање на проблемот на децата без родители во Македонија.

Како да се дизајнира систем за посвојување кој, пред сe, ќе ги заштити децата, а нема да ги дискриминира потенцијалните родители по ниедна основа?
Пред сe, тој треба да се потпира врз правата на детето, но и на родителите, загарантирани со Уставот и со меѓународните документи за детските права, што значи дека секоја политичка одлука и решение, секој член во правилникот и постапувањето по него, мора да се верификуваат согласно најдобриот интерес на детето и на родителот, како директно засегнати страни во процесот на посвојување. Со последното, т.н. електронско решение на Министерството, тие сосема се маргинализирани. Системот на посвојување треба да биде стимулативен, да поттикнува и да охрабрува на посвојување, со јасни очекувања и достижни критериуми, со радикално намалување на времето на чекање, кое во моментот, според Законот за семејството, трае до две и повеќе години. Во пракса, тој сe повеќе личи на тест на издржливост отколку на легална процедура, со која се решава едно клучно прашање за Македонија, а тоа е навременото згрижување на децата без родителска грижа.
Во ниеден момент од оваа процедура, не смее да се заборави алармантната состојба на стотина деца без родители, за кои секој изминат час и ден поминати во институција е данокот кој системот го наплаќа од контото на нивните развојни можности и животни перспективи. Од самото раѓање, психолошките развојни потреби на детето за сигурност, припадност и за допир се критично важни за детскиот развој и преживување, исто колку и задоволувањето на неговите физиолошки потреби за храна и за згрижување. Тие играат пресудна улога во детскиот ментален, социјален и интелектуален развој, и со тоа ги трасираат патот и дострелите на неговиот живот. Во постапката на избирање по електронски пат, детето е сведено на предмет, во референтната рамка на низа предрасуди, стереотипи и незнаење, додека родителот, од надежен и клучен ресурс, се обезвреднува, обесхрабрува и се елиминира, и станува жртва на експериментирање на системот.
Системот на посвојување треба да се потпира на контекстот во кој се спроведува, а тоа значи на обичаите, културата и на позитивните вредности на заедницата, кои се важни за одгледување на децата. Најголемо влијание во градењето на тие вредности кај нас сe уште има социјалниот капитал, а тоа се: семејството, пријателите, училиштето. Тие се најсилните упоришта на социјализацијата и воспитувањето на детето, особено во услови кога материјалните добра се тешко достапни, нестабилни и нерамномерно распределени во општеството. Имаме безброј примери за тоа, во одржливоста на повеќегенерациските семејства, или во функционалните социјални мрежи - вредности на кои им се придава минорно значење во споменатиот правилник, и политики на посвојување.

Каде е излезот од ваквата ситуација?
За една традиционална и осиромашена заедница, каква што е Македонија, најважно е да се дефинираат и определат минимум стандарди за задомување и подигнување на едно дете, и тоа треба да биде појдовната точка при поставувањето критериуми за материјалните, социјалните и за сите други услови, за кои треба да се погрижат идните родители. Притоа, специфичните развојни потреби на детето кое се посвојува, како и условите за нивно задоволување, мора да бидат клучниот фактор при одлучувањето за тоа кое дете ќе се поврзе со кои родители. Тоа е крајно персонализиран процес, кој не може и не смее да му се препушти на безличното одлучување по електронски пат. Дефинирањето на родителската улога и подобноста за родителство, никаде во светот не се потпираат врз психолошки мерења на личноста туку врз процена на родителските капацитети и стратегии за успешно справување со сопствените слабости (на личен план) или со надворешните ограничувања на семејството во моментот и во минатото. Тоа е капиталот со кој се појавува родителот во улогата на посвоител. Притоа, исто така, важна е и процената на неговите капацитети за учење и за промени.

Со години се зборува дека целиот систем за посвојување во земјава е корумпиран и оти, де факто, постои нелегална берза на која за пари може да се посвои дете надвор од процедурата. Сепак, никогаш немало ниту истрага ниту државна акција која ќе ги потврди или демантира ваквите сомнежи. Зошто?
Тоа што во јавноста само се говори, а нема и пријави и спектакуларни акции, зборува за незаинтересираноста на системот за оваа сфера, но и за стравот (кај родителите) да не се загуби тешко добиената предност. Во сферата на чувствителните прашања, како што е посвојувањето, луѓето се плашат да пријават неправилности, а распределбата на моќта, наметната од системот, ја прифаќаат како непроменлива константа.
Корумпираноста е генерален проблем на системот во сите сфери на неговото функционирање, и наивно е да се очекува таа да се решава со воведување нови технологии кои, всушност, само служат како параван за оправдување на одлуките. За надминување на корупцијата, потребно е да се воведе концептот на индивидуална одговорност, кој кај нас речиси и не постои, како и вреднувањето на професионалниот интегритет, кој систематски се нарушува со партиските, и по сите други нелегитимни основи, вработувања и напредувања. Секаде каде што има долги, нејасни и нетранспарентни процедури, водени од некомпетентни луѓе во процесите на одлучување, корупцијата цвета."
Марина Костова

ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

тражи се нови директор





„Врз основа на чл. 101. став 7, од Законот за социјалната заштита- Пречистен текст (Сл.весник на РМ бр.79/09 од 24.6.2009 ) и чл. 24 од Статутот на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца - Битола, Управниот одбор на ЈУ „Дом за доенчиња и мали деца” - Битола распишува
JАВЕН КОНКУРС
за избор на
Директор на ЈУ „Дом за доенчиња и мали деца” - Битола
Кандидатите за Директор на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца - Битола, покрај општите услови предвидени со закон, треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:
- да имаат високо образование, 7/1 степен на стручна подготовка од општествено-хуманитарни науки;
- да има четири години работно искуство по дипломирањето;
- да има подготвена програма за раководење со Установата;
- да не се осудувани за кривични дела на безусловна казна затвор, во траење од најмалку 6 (шест) месеци и за казниво дело, кое го чини неподобен за функцијата.
Кандидатите, апликанти, на овој Јавен конкурс покрај пријавата за учество на истиот потребно е да ги достават и следните документи:
- доказ за бараната школска подготовка (диплома, уверение во оригинал или копија заверена на нотар);
- уверение за државјанство;
- извод од матична книга на родени;
- фотокопија од личната карта и
- уверение за неосудуваност издадено од надлежен орган
- програма за раководење со Установата.
Јавниот конкурс ќе трае 8 (осум) работни дена од последното објавување во еден од двата дневни весници.
Избор од пријавените кандидати ќе изврши Министерот за труд и социјална политика во Владата на РМ.
Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.
Документите по овој Јавен конкурс да се доставуваат на адреса: ЈУ „Дом за доенчиња и мали деца”- Битола, ул. „Васко Каранѓелевски” б.б. Битола, во препорачани пратки или непосредно во архивата на Установата, на спомнатата адреса, во работно време од 8.30 - 16.30 часот, секој работен ден.
За резултатите од извршениот избор кандидатите од овој Јавен конкурс ќе бидат писмено известени на домашната адреса на живеење.
УПРАВЕН ОДБОР
Претседател,
Николче Тасески



Валиден: 11.03.2011

виа добра работа

ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

део од интервју - http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=D8D4854CE99D82429162D908B9AE98E7

„Која е причината што не функционира електронскиот систем за посвојување деца? Очекувањата беа дека со тоа ќе се скрати и времето за да се добие дете, за што сами изјавивте дека се чека по три-четири години?

Се чека и повеќе. Замислете, во услови кога имаш 500-600, па и повеќе родители што аплицираат за посвојување, а на располагање имаш 50-60 деца и кога одлучува човечкиот фактор, тогаш мислам дека е можно да дојде до одредени злоупотреби на службеници во центрите и затоа одлучивме целосно да го менуваме концептот на посвојување. Интересот за посвојување е преголем во однос на децата што можат да бидат посвоени. Затоа обезбедивме електронско посвојување. Во моментот кога го менувавме законот, софтверот беше готов и тестиран, но компанијата што требаше да ни го донира софтверот, одлучи да не ни го даде на користење и се доведовме во незавидна ситуација. По објавувањето на измените и дополнувањата на Законот за семејство со компанијата имавме некои сериозни недоразбирања, па затоа моравме да ја забрзаме постапка за развивање на таков софтвер. За среќа, сега се'''''''' е надминато. Софтверот е тестиран, податоците се внесени од сите центри за социјални работи, правилникот го изготвивме, го усогласивме и сега чекаме да се објави. По објавување на правилникот ќе биде свикана Комисијата за електронско посвојување, која ќе одлучува за најдобрите кандидати од првите пет најдобро рангирани посвоители.



Зошто искрсна проблем со компанијата?

Имавме и друг договор со истата компанија што требаше да развие софтвер во Министерството, кој беше финансиран од Светска банка. Имаше одредени задоцнувања. По препорака на Светска банка бевме обврзани да го раскинеме договорот и на некој начин ни се одмаздија за раскинување на договорот. Затоа одлучија да не ни го дадат софтверот. Но, нека им служи на чест. Нашите експерти деноноќно работеа со вработените и сега софтверот е поставен. Единствено чекаме да се објави правилникот и од тогаш ќе може да стартуваме со електронско посвојување.



Дали сте сигурни дека компјутерот нема да направи грешка при изборот на најдобрите родители? Сепак, тоа е машина што знаете дека може да погреши.

Не се согласувам дека греши. Сепак, таму се внесени податоците и секогаш таа машина ќе ни ги одреди петте најдобро рангирани. Тоа ќе биде многу добро и за мене и за службите во Министерството бидејќи, конечно, еднаш во државава ќе се стави ред во овој дел, кој беше најмногу озборуван за корупција. Очекувам да нема злоупотреби.



Се чини дека странските посвоители полесно доаѓаат до дете?

Симптоматично за мене е што странците посвојуваат исклучиво деца со посебни потреби или од ромска етничка заедница. За мене беше чудно како е можно за тие деца да има интерес токму од странците. Добро би било да се вклучат истражните органи и да проверат каква е фактичката состојба на оние странски државјани што посвоиле деца. Токму тука можеби лежи можноста за злоупотреби од некои службеници. На пример, некое дете да било здраво и право, а да се запише дека тоа има карактеристики на дете со посебни потреби. А кога ќе заврши посвојувањето, за нас тоа е затворен случај.„

......................................................................................
Лута сум и тажна ... 
Мм и јас немамо предрасуда, све што желимо е да станемо родители ... и пуно луге који чекаат немат предрасуда ... Ова мени значи, ако си нормалан, онда имаш предрасуда и ни у сновима не сакаш да посвојиш дете со пп или од друге етничке групе ... па ово е навистина дискриминација
 
драге моје пријателке толико сум тажна, не знам колиоко времена чу све то издржати ...



ИЗВОРНА ПОРАКА: vesna1

Strasno Agnes, kako si igraat so coveckite zivoti. Kako tie deca da se kukli pa mozat da cekaat. Ne mi e jasno neli ednas ve odbrale za posvoiteli, sega ponovo li ke biraat.
Moze sum dosadna, no moe mislenje e deka treba da dignes glama vo mediumi. Inace ke cekas uste 5-6 god. sigurno. Vaka barem javno ke moraat da objasnat koja e pricinata sto tolku cekas vo tvojot slucaj.
Ti posakuva sto pobrzo da gi gusnes tvoite angelcinja.

ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

Весна сега чекамо на одговор од народен правобранител, кој че нас известити што се случива и чекаме на одговор од сло. министертво које исто тако чека одговоре од мк министертво.

Али не разбирам г. минситер Бајрами ... прво што су нам објаснили во центар за социална работа е да странци могу да посвоје само хендикепирана деца и ромска деца. Пошто домашни посвојители не сакат да посвоје тие деца. А сега министер вели „Симптоматично за мене е што странците посвојуваат исклучиво деца со посебни потреби или од ромска етничка заедница„







< Поракaта ја уредил виктори -- 1.4.2011 22:40:11 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.




Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Медиумски натписи во врска со посвојување...
1.4.2011 22:02:34   
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

http://www.youtube.com/watch?v=R0UBSyEvbAo
40 деца од домот за доенциња наскоро ќе бидат посвоени, 13. 1. 2011
ИЗВОРНА ПОРАКА: anedespo

Srcki mali, naskoro ke ja dobijat ljubovta sto ja zasluzuvaat

ИЗВОРНА ПОРАКА: skorpijana

za malite angelcinja ke dobijat dom koj go zasluzuvaat

ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

ИЗВОРНА ПОРАКА: skorpijana

za malite angelcinja ke dobijat dom koj go zasluzuvaat


и јас се многу надам дека наскоро ке добијат дом ...

но прво треба да биде објавен  правилникот за посвојување ...  не е објавен на 25. 1., и не на 31. 1. али се надевам дека биде наскоро ...



_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Медиумски натписи во врска со посвојување...
1.4.2011 22:13:49   
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

Можеби јас лошо разбирам јазикот ама, лоши хигиенски услови, тоа разбирам ...

Жолтица во домот за деца без родители 11 Октомври

можеби некој да објасни дали ова је нека стара или нова вест ...


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Медиумски натписи во врска со посвојување...
1.4.2011 22:15:40   
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77



Статија је на сло јазик, но мислам да се може превести со гоогле ...
пиша о томе како је сло двојка посвојила дјевојчица од 6 месеци во макеоднија 2008 године
дјевојчица е нормална беба која се као кажа нјезина мама у интервјују у ничеме не разликува од остале деце ...

баранје за посвојуванје со слали  во МК 2007 године, а бебу со добили у 2008





ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

eden deo iz statije, moguče netko uradi prevod na mak. jazik

Sa JerneJa Kolar smo pričali o tome kako Je posvojila  šest meseci stara devojčica iz MakedoniJe – dugotrajan  i složen proces.

U SloveniJi ima oko 360 parova, koji čekaju da posvoje dete. Ipak, od želje do posvojitve  je dug i težak put na kojem mnogi ljudi čak i odustanu. U SloveniJi, u jednoj  godinei  uspešno Je izvršeno oko 30 usvaJanja. Među onima koJi su uspeli, kao Jerneja  Kolar. Jeneja i njezin suprig mitja su već oko godinu dana roditelji 20-mesec dana stara Tinkara, simpatičnim devoJka sa crnim očkami ( …).  Otišli su da Je posvoje u MakedoniJi. Međutim, odluka da će tražiti roditeljsko sreću sa usvaJanjem niJe bila jednostavna.


"MoJ muž i ja smo u grupi ljudi koJi na žalost ne mogu da imaJu decu, naravno, prva stvar za koJu smo odlučili da veštačka oplodnja.  Nažalost, ovo Je bio neuspešan i tako da Je bilo neophodno da se Jednog dana sedemo i razgovaramo  o tome kako nastavimo dalje... Posle veoma iskren razgovor smo odlučili da Je vreme da i mi razmišljamo o mogućnosti usvaJanja.  U donošenju te odluke,  su nas od samog početka podržali i naši naJbliži ", počinje svoJu priču Jeneja. U Celju Je poznata i kao predstavnik za odnose sa Javnošću u Institutu Celeia Celju, gde radi.
JerneJina  priča o posvojuvanju  se je srečno završila   u "samo" dve godine, dok neki parovi u usvaJanju dece čekaju više od deceniJe, neki od njih tokom svog života.

Odluka za MakedoniJu
Prvo baranje  za posvajanje  deteta su Jerneja i Mitja  napisali u  novembru 2006 i dostavila jo na centar za socialen rad. (…) Bilo Je potrebno neko vreme, Jer Je njihova uloga niJe bila jedina,  samo da su bili pozvani na razgovor sa psihologom, koJi im Je dodeljen kao sociJalni radnik. Na kraJu  svih razgovora, centar je dao mišljenja da su primjerni posvoitelite. Znali su da u SloveniJi, usvaJanje neće uskoro doći na red, odlučili su da pokušaJu sreću u inostranstvu. "Upoznali smo  samo Jedan par  koji Je dete uspešno posvojio  u SloveniJi, u našoJ zemlji.  U Sloveniji je  prioritet dom-semejstvo, a ne usvaJanje.  Momentalno je  veoma uspešno usvaJanje iz RusiJe, UkraJine i MakedoniJe. I odlučili smo za MakedoniJu Jer smo sreli nekoliko parova koJi su usvojili dete u ovoJ zemlji. Sa njima smo kontaktirali, i čuli različite priče i upoznali mnogo srećne porodice.  To je potverdilo naše uverenje da smo na pravom putu. " kaže  Jerneja Kolar .

"Dobro Jutro imamo dete.."
MakedoniJa Je trenutno Jedina zemlja sa koJom SloveniJa ima potpisan međudržavni sporazum o usvaJanja. OvaJ sporazum bi trebalo da lakše i brže procedure za pokretanje, ali u praksi to niJe tako, kaže  Jerneja ", usvoJilac Je na putu potpuno sam. Centar  izda odluko da si primeran za psvojitelja, Ministarstvo rada i. porodica tada izdaJe u poseban certifikat koJi Je pogodan za međunarodne usvoJilaca,  a odavde par je ostavljen sam za sebe. "
Jerneja i Mitja sta formalni postupak završila  u aprilu 2007 i septembra iste godine  slala baranje za posvojuvanje  u MakedoniJu.  Baranje je da priložite gomilu certifikata i sve  da prevede zvanični tumač za makedonski Jezik. Zatim su čekali godinu dana, do oktobra 2008, kada su dobili obaveštenje od MakedoniJa da imaju dete za njih. Nista znala ne godine ne pola na dete.
"Mi smo spakovali stvari i otišli u MakedoniJu.  Kada smo stigli prvo smo  otišli u centar za socialen rad i odatle u sirotište gde smo  treći novembra 2008 vidili  prvi put devoJčicu. U to vreme imala je šest meseci.. Dali su nam  smo 15 minuta da  odločimo  ili želimo ovu bebu, ali smo se zaljubili na prvi pogled.. Onda smo  sa Tinkaro mesec i pol živjeli u MakedoniJi, i u međuvremenu, morali da dokažemo da smo pogodni roditelji i da se kao porodica snađemo. Sve ovo vreme smo bili nadgledani od  Centra i na kraJu su napisali  izveštaJ o tome kako se  snađemo kao porodica. 19. decembar 2008, svi tri su ponovo u SloveniJi, gde Tinkara Još uvek niJe sasvim naša ... "prvi dana od dana zajedničkog života  opisuJe  Jerneja.

Otmica!?
Tinkara je  stigla u SloveniJu sa privremenim dokumentima, jer je još uvek bila državljanin MakedoniJe. Da Je primila slovenačke dokumente, porodica Je trebala da ide ponovo kroz niz formalnih procedura. U SloveniJi, opet sledi utvrda da su Jerneja i MitJa pogodni roditelji, gde i kako porodica živi ... o tome je Centar u Sloveniji  obaveščao makedonski centar  i ministarstvo. "U Makedoniji radi speciJalna komisiJa za usvaJanje, koJa mora da završni proces, da  dete zapravo postaje vaše dete, da pravno-formalno postaješ roditelj. I opet smo čekali poziv iz Makeodnije.  Jer Tinkara imala je u tom periodu do krajne odluke komisije privremene dokumente i ako bi to steklo prije nego proces završi, bilo bi kao da smo oteli dete.  Prošlog februara, samo smo dobili poziv, da možemo da se vratimo u MakedoniJu, gde smo napravili sve potrebno, da je procedura završila, a zatim je  Tinkara zvanično postala naša ", Jerneja  opisuJe složen proces.(...)

"Činjenica da vložiš zahtev za usvaJanje,  ne znači ništa, to može da potraJe. Godina, ali se ništa ne dešava. Ali ne možete  Jednostavno prestati da se nadate, i ako je potrebno, u toku Jednog dana i pet puta podignite slušalicu i pet puta  kažite  iste stvari, da oni  koJi su  zaduženi znaju  da ste ozbiljni da je vaša želja za usvaJanje zaista toliko jaka. Ovo nikako niJe  garant da čete uspešno posvoiti dete, ali ako  ništa sami ne uradite, neče biti  ništa ", Jerneja Kolar savetuJu parovima koJi čekaJu na usvaJanje.



_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Медиумски натписи во врска со посвојување...
1.4.2011 22:16:46   
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

голема катастрофа ... али конечно истрага, така може да се ситуација еден ден подобри

Што кријат посвојувањата во странство

МВР ќе врши проверка на семејствата во Италија, кои посвоиле деца од земјава

Даниела Трпчевска

МВР ќе ги проверува посвојувањата на деца во странство, со цел да се утврди нивната судбина по заминувањето од земјава. Под лупа ќе се најдат семејства од Италија, кои изминативе години пројавиле интерес и посвоиле деца од Македонија. Индикативно за полицијата било тоа што странските семејства биле заинтересирани за посвојување деца со хендикеп и оние што боледуваат од тешки болести. За да се направат проверки во странство ќе биде побарана помош од италијанската полиција, до која надлежните размислуваат да испратат листа на посвоените деца и на нивните нови семејства.

Началникот на Секторот за борба против трговија со луѓе во МВР, Санде Китанов, пред десетина дена испратил писмо до Министерството за труд и социјална политика со барање да му биде доставена листа на семејствата во Италија, кои во изминатиов период посвоиле деца од земјава. МВР бара податоци за посвоителите и за децата, како и нивните адреси на живеење.

„Полицијата ќе ги проверува семејствата што ги посвоиле децата, каде се наоѓаат и каква е нивната судбина“, вели Китанов. Цел е да се утврди дали постојат можни злоупотреби и дали некои деца место во топол дом и семејство завршиле во канџите на криминални групи.

Според Китанов, малверзациите со децата што се дадени на посвојување во странство се најнеистражена и најсложена работа, која стои како предизвик пред нив. Иако според законот приоритет за посвојување имаат семејства од земјава, сепак, често се случува децата да се посвојуваат во странство, а нивната натамошна судбина натаму не може да се следи.

„Станува збор за потполно посвојување, каде што со новата фамилија се создаваат односи како со раѓање и ние немаме право да бараме увид што се случува натаму во семејството. Земјите во кои се посвоени децата, односно нивните центри за социјална работа ги следат и доколку има индиции за некаква злоупотреба, тие постапуваат соодветно на ситуацијата“, објаснуваат надлежните од Министерството за труд и социјална политика. Во некои земји центрите за социјална работа по посвојувањето редовно ги посетуваат децата, со цел да се утврди дали новите родители добро се грижат за нив.

Надлежните во земјава тврдат дека досега немале повратна информација за можни злоупотреби на деца, кои се посвоени во странство.

„Иако предност при посвојувањето имаат семејства од земјава, на посвојување во странство најчесто се даваат деца за кои нема интерес да бидат вдомени тука. Тоа значи дека за да може едно дете да биде посвоено од страна на странски државјани е потребно сите македонски државјани да се изјаснат дека не го прифаќаат тоа дете во своето семејство. Станува збор за деца со хендикеп, тешки заболувања или наследни болести за кои не се знае кога и во каков облик ќе се појават“, укажуваат во надлежното Министерство.

Ова не е прв случај да се вршат проверки на деца посвојувани во странство. Китанов посочува дека изминатиот период имале заедничка истрага со австриските власти за деца од Кумановско, кои биле посвојувани во семејства во Австрија. Повеќемесечните проверки, сепак, покажале дека станува збор за легална процедура. Децата биле пронајдени во семејствата во кои биле посвоени и не се откриени докази за злоупотреба, иако постоеле сомневања дека се плаќале високи суми пари за посвојување.

Годишно десетина деца добиваат ново семејство и заминуваат од земјава со посвоителите. Најзаинтересирани за посвојување деца се семејства од Словенија, Италија, Германија, Австрија, Швајцарија и од Грција.

Најголем интерес, велат нашите соговорници, има за посвојување бебиња и на деца до тригодишна возраст, а најпресудно за посвоителите се националноста, возраста на детето, здравствената состојба, но и наследните болести во фамилијата. Така што често се случува да не се посвојуваат деца чии родители се тешко болни, па не се знае дали и детето ќе има некоја наследна болест.

Најголем дел од посвојувањата во земјава и во странство се потполни. Потполното посвојување не може да се раскине, со него се создаваат услови како со раѓање, биолошките родители се бришат од изводот на родените и таму се впишува името на посвоителите. За разлика од ова, непотполното посвојување може да се раскине поради различни причини - по барање на детето, на центарот за социјални работи, доколку биолошките родители си го бараат детето назад или, пак, на барање на посвоителите. Кај непотполното посвојување најчесто станува збор за деца што им се даваат на блиски роднини, кои привремено ги земаат на чување.

Кога станува збор за деца посвоени во земјава, следењето на подобноста на семејството трае од четири до шест месеци. Кај странците, пак, е невозможно да се следи семејството, туку се бара од нив комплетна документација, која потоа се доставува до центрите за социјална работа во земјава. Во зависност од тоа дали има деца за посвојување, кои одговараат на бараниот профил, постапката може многу брзо да заврши.

„За странците бараме извештај од нивниот надлежен центар за подобноста, мотивите за посвојување и согласност од државата дали може да посвојат деца од странство. Во некоја од земјите согласноста ја дава судот, а во други, пак, центрите за социјална работа“, објаснуваат од Министерството за труд и социјална политика. Во текот на 2009 година надлежната Комисија има одобрено десет посвојувања во странство. (Д.Т.)


ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

видео

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=57&eventId=11379&page=196

ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

извор: www.sitel.mk.com
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/raste-brojot-na-deca-bez-roditelska-griza-vo-makedonija

"Расте бројот на деца без родителска грижа во Македонија
23.02.2010  

Вкупниот број на деца во домовите за згрижување во Македонија се зголемил во 2009 година за 2.3 проценти во однос на 2008, соопшти денеска Државниот завод за статистика.Според официјалните статистички податоци, вкупниот број на деца во јавните установи за згрижување и воспитание лани изнесувал 22.213.
Податоците на Државниот завод за статистика се однесуваат на 52 јавни установи за згрижување на деца, кои обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој за деца до шестгодишна возраст."

ИЗВОРНА ПОРАКА: beki

Зошто расте бројот надеца во домовите?!Еве зошто.Кога ќе се породи човек и ќе видат дека детето е со висок ризик првиот совет од докторите е детето да се остави во дом , па од таму ќе било згрижено во семејтво.Многу брачни парови се одлучуваат на овој чекор.Јас не знам како не им е жал на докторите да даваат такви совети.Па каде ќе му биде подобро на тоа дете, покрај , сопствената мајка или во некое згрижувачко семејство.

ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

ИЗВОРНА ПОРАКА: beki

Зошто расте бројот надеца во домовите?!Еве зошто.Кога ќе се породи човек и ќе видат дека детето е со висок ризик првиот совет од докторите е детето да се остави во дом , па од таму ќе било згрижено во семејтво.Многу брачни парови се одлучуваат на овој чекор.Јас не знам како не им е жал на докторите да даваат такви совети.Па каде ќе му биде подобро на тоа дете, покрај , сопствената мајка или во некое згрижувачко семејство.



Уффф....то е совет од докторите ???? Моја пријателка има дете со  ДС и прво добила је голему поддршку и информације како и што ... не ми јасно који човек дао би совиет нека оставиш властито дете .. и то доктор  сва деца су големи подарок без разлике, а деца со проблеми, она требају сво лјкубов од родителли и заједнице у којој живе ...
ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

Министерот Бајрами во посета на семејства што згрижуваат деца без родители и родителска грижа
http://www.vlada.mk/?q=node/3616

Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами денеска посети две згрижувачки семејства во скопско Трубарево и Драчево. Во земјава вакви семејства има 140 кои се грижат за 219 деца кои се без родители и родителска грижа. 


- Овие семејства што згрижуваат деца без родители и родителска грижа се навистина хумани и целта на Министерството за труд и социјална политика е во иднина да се развие што повеќе оваа форма на згрижување. Инаку, сите овие семејства добиваат паричен надомест од страна на државата, а висината на надоместокот се движи од 5.000 до 5.800 денари во зависност од возраста на децата, изјави министерот Бајрами.

Како што рече тој, само на територијата на Скопје има регистрирано 42 професионални згрижувачки семејстава во кои моментално се згрижени вкупно 62 деца.

Со најновите измени во Законот за социјална заштита државата за сите овие деца кои што ги напуштаат институциите и згрижувачките семејства, добиваат паричен надоместок од страна на државата во висина од три илјади евра.

Членот на едно од згрижувачките семејства, Лејла Шабановска од село Трубарево рече дека веќе една година згрижуваат две малолетни деца, момче на 12-годишна возраст и девојче на една и пол годишна возраст.

- Порака до сите тие кои се во дилема дали да згрижат деца е да бидат хумани и да го направат тоа. Сакајте ги затоа што тие двојно ќе ви возвратат на вашата љубов, изјави Шабановска.

Другото семејство кое министерот денеска го посети, семејството Тасевски кои згрижуваат деца 26 години и до сега имаат згрижено 25 деца. Тие во моментот се гриажат за две деца со посебни потреби на возраст од 16 и 17 години.

Директорот на Центарот за социјални работи Крсте Малјановски при денешната посета изјави дека покрај големата блискост која со текот на времето се јавува помеѓу семејствата и децата, Министерството во нивните обуки инсистираат да не се создава однос родител-дете.


< Поракaта ја уредил виктори -- 1.4.2011 22:35:37 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Медиумски натписи во врска со посвојување...
1.4.2011 22:37:07   
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

голема катастрофа ... али конечно истрага, така може да се ситуација еден ден подобри

Што кријат посвојувањата во странство

МВР ќе врши проверка на семејствата во Италија, кои посвоиле деца од земјава

Даниела Трпчевска

МВР ќе ги проверува посвојувањата на деца во странство, со цел да се утврди нивната судбина по заминувањето од земјава. Под лупа ќе се најдат семејства од Италија, кои изминативе години пројавиле интерес и посвоиле деца од Македонија. Индикативно за полицијата било тоа што странските семејства биле заинтересирани за посвојување деца со хендикеп и оние што боледуваат од тешки болести. За да се направат проверки во странство ќе биде побарана помош од италијанската полиција, до која надлежните размислуваат да испратат листа на посвоените деца и на нивните нови семејства.

Началникот на Секторот за борба против трговија со луѓе во МВР, Санде Китанов, пред десетина дена испратил писмо до Министерството за труд и социјална политика со барање да му биде доставена листа на семејствата во Италија, кои во изминатиов период посвоиле деца од земјава. МВР бара податоци за посвоителите и за децата, како и нивните адреси на живеење.

„Полицијата ќе ги проверува семејствата што ги посвоиле децата, каде се наоѓаат и каква е нивната судбина“, вели Китанов. Цел е да се утврди дали постојат можни злоупотреби и дали некои деца место во топол дом и семејство завршиле во канџите на криминални групи.

Според Китанов, малверзациите со децата што се дадени на посвојување во странство се најнеистражена и најсложена работа, која стои како предизвик пред нив. Иако според законот приоритет за посвојување имаат семејства од земјава, сепак, често се случува децата да се посвојуваат во странство, а нивната натамошна судбина натаму не може да се следи.

„Станува збор за потполно посвојување, каде што со новата фамилија се создаваат односи како со раѓање и ние немаме право да бараме увид што се случува натаму во семејството. Земјите во кои се посвоени децата, односно нивните центри за социјална работа ги следат и доколку има индиции за некаква злоупотреба, тие постапуваат соодветно на ситуацијата“, објаснуваат надлежните од Министерството за труд и социјална политика. Во некои земји центрите за социјална работа по посвојувањето редовно ги посетуваат децата, со цел да се утврди дали новите родители добро се грижат за нив.

Надлежните во земјава тврдат дека досега немале повратна информација за можни злоупотреби на деца, кои се посвоени во странство.

„Иако предност при посвојувањето имаат семејства од земјава, на посвојување во странство најчесто се даваат деца за кои нема интерес да бидат вдомени тука. Тоа значи дека за да може едно дете да биде посвоено од страна на странски државјани е потребно сите македонски државјани да се изјаснат дека не го прифаќаат тоа дете во своето семејство. Станува збор за деца со хендикеп, тешки заболувања или наследни болести за кои не се знае кога и во каков облик ќе се појават“, укажуваат во надлежното Министерство.

Ова не е прв случај да се вршат проверки на деца посвојувани во странство. Китанов посочува дека изминатиот период имале заедничка истрага со австриските власти за деца од Кумановско, кои биле посвојувани во семејства во Австрија. Повеќемесечните проверки, сепак, покажале дека станува збор за легална процедура. Децата биле пронајдени во семејствата во кои биле посвоени и не се откриени докази за злоупотреба, иако постоеле сомневања дека се плаќале високи суми пари за посвојување.

Годишно десетина деца добиваат ново семејство и заминуваат од земјава со посвоителите. Најзаинтересирани за посвојување деца се семејства од Словенија, Италија, Германија, Австрија, Швајцарија и од Грција.

Најголем интерес, велат нашите соговорници, има за посвојување бебиња и на деца до тригодишна возраст, а најпресудно за посвоителите се националноста, возраста на детето, здравствената состојба, но и наследните болести во фамилијата. Така што често се случува да не се посвојуваат деца чии родители се тешко болни, па не се знае дали и детето ќе има некоја наследна болест.

Најголем дел од посвојувањата во земјава и во странство се потполни. Потполното посвојување не може да се раскине, со него се создаваат услови како со раѓање, биолошките родители се бришат од изводот на родените и таму се впишува името на посвоителите. За разлика од ова, непотполното посвојување може да се раскине поради различни причини - по барање на детето, на центарот за социјални работи, доколку биолошките родители си го бараат детето назад или, пак, на барање на посвоителите. Кај непотполното посвојување најчесто станува збор за деца што им се даваат на блиски роднини, кои привремено ги земаат на чување.

Кога станува збор за деца посвоени во земјава, следењето на подобноста на семејството трае од четири до шест месеци. Кај странците, пак, е невозможно да се следи семејството, туку се бара од нив комплетна документација, која потоа се доставува до центрите за социјална работа во земјава. Во зависност од тоа дали има деца за посвојување, кои одговараат на бараниот профил, постапката може многу брзо да заврши.

„За странците бараме извештај од нивниот надлежен центар за подобноста, мотивите за посвојување и согласност од државата дали може да посвојат деца од странство. Во некоја од земјите согласноста ја дава судот, а во други, пак, центрите за социјална работа“, објаснуваат од Министерството за труд и социјална политика. Во текот на 2009 година надлежната Комисија има одобрено десет посвојувања во странство. (Д.Т.)


ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

видео

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=57&eventId=11379&page=196

ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

извор: www.sitel.mk.com
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/raste-brojot-na-deca-bez-roditelska-griza-vo-makedonija

"Расте бројот на деца без родителска грижа во Македонија
23.02.2010  

Вкупниот број на деца во домовите за згрижување во Македонија се зголемил во 2009 година за 2.3 проценти во однос на 2008, соопшти денеска Државниот завод за статистика.Според официјалните статистички податоци, вкупниот број на деца во јавните установи за згрижување и воспитание лани изнесувал 22.213.
Податоците на Државниот завод за статистика се однесуваат на 52 јавни установи за згрижување на деца, кои обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој за деца до шестгодишна возраст."

ИЗВОРНА ПОРАКА: beki

Зошто расте бројот надеца во домовите?!Еве зошто.Кога ќе се породи човек и ќе видат дека детето е со висок ризик првиот совет од докторите е детето да се остави во дом , па од таму ќе било згрижено во семејтво.Многу брачни парови се одлучуваат на овој чекор.Јас не знам како не им е жал на докторите да даваат такви совети.Па каде ќе му биде подобро на тоа дете, покрај , сопствената мајка или во некое згрижувачко семејство.

ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

ИЗВОРНА ПОРАКА: beki

Зошто расте бројот надеца во домовите?!Еве зошто.Кога ќе се породи човек и ќе видат дека детето е со висок ризик првиот совет од докторите е детето да се остави во дом , па од таму ќе било згрижено во семејтво.Многу брачни парови се одлучуваат на овој чекор.Јас не знам како не им е жал на докторите да даваат такви совети.Па каде ќе му биде подобро на тоа дете, покрај , сопствената мајка или во некое згрижувачко семејство.



Уффф....то е совет од докторите ???? Моја пријателка има дете со  ДС и прво добила је голему поддршку и информације како и што ... не ми јасно који човек дао би совиет нека оставиш властито дете .. и то доктор  сва деца су големи подарок без разлике, а деца со проблеми, она требају сво лјкубов од родителли и заједнице у којој живе ...
ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

Министерот Бајрами во посета на семејства што згрижуваат деца без родители и родителска грижа
http://www.vlada.mk/?q=node/3616

Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами денеска посети две згрижувачки семејства во скопско Трубарево и Драчево. Во земјава вакви семејства има 140 кои се грижат за 219 деца кои се без родители и родителска грижа. 


- Овие семејства што згрижуваат деца без родители и родителска грижа се навистина хумани и целта на Министерството за труд и социјална политика е во иднина да се развие што повеќе оваа форма на згрижување. Инаку, сите овие семејства добиваат паричен надомест од страна на државата, а висината на надоместокот се движи од 5.000 до 5.800 денари во зависност од возраста на децата, изјави министерот Бајрами.

Како што рече тој, само на територијата на Скопје има регистрирано 42 професионални згрижувачки семејстава во кои моментално се згрижени вкупно 62 деца.

Со најновите измени во Законот за социјална заштита државата за сите овие деца кои што ги напуштаат институциите и згрижувачките семејства, добиваат паричен надоместок од страна на државата во висина од три илјади евра.

Членот на едно од згрижувачките семејства, Лејла Шабановска од село Трубарево рече дека веќе една година згрижуваат две малолетни деца, момче на 12-годишна возраст и девојче на една и пол годишна возраст.

- Порака до сите тие кои се во дилема дали да згрижат деца е да бидат хумани и да го направат тоа. Сакајте ги затоа што тие двојно ќе ви возвратат на вашата љубов, изјави Шабановска.

Другото семејство кое министерот денеска го посети, семејството Тасевски кои згрижуваат деца 26 години и до сега имаат згрижено 25 деца. Тие во моментот се гриажат за две деца со посебни потреби на возраст од 16 и 17 години.

Директорот на Центарот за социјални работи Крсте Малјановски при денешната посета изјави дека покрај големата блискост која со текот на времето се јавува помеѓу семејствата и децата, Министерството во нивните обуки инсистираат да не се создава однос родител-дете.


ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

[

Голем интерес на семејства што сакаат да згрижат дете

01.06.2010 - 20:48 |  

Се поголем е интересот на семејства кои сакаат да згрижат деца бидејќи биолошките родители не можат да ги чуваат од различни причини, но нема деца за згрижување.
user posted image

Зорка Саќип повеќе од една година чека дете кое ќе живее кај неа и ќе се грижи за него. Вели дека ова го прави од хуманост но и зошто многу ги сака децата.
- Ги поминав сите обуки и сега чекам да ми донесат дете кое ќе го згрижам - вели Зорка Саќип.
- Ме радува фактот што има запишано семејства, а нема деца, но од друга страна подобро е да живеат во згрижувачки семејста отколку во институции - вели Џељаљ Бајрами, министер за труд и социјала.
Во моментов во земјава 230 деца на чии родители им е одземено родителското право се згрижени во 160 згрижувачки семејства. Арбија Јусуф веќе 7 години чуваат 2 дечиња.
Државата на згрижувачките семејства месечно им помага со 5.000 денари. Денеска со хепенинг во центарот на Скопје беже одбележан денот на згрижувачки семејства.

Александар Динев



_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Медиумски натписи во врска со посвојување...
5.4.2011 9:13:38   
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77





Здраво дете се посвојува за 25 илјади евра
user posted image
Процесот за посвојување трае со години поради што многу кандидати нудат висока сума за да станат родители
Бојан Шашевски


Само оние граѓани што имаат многу длабоки џебови можат да си дозволат да посвојат проверено, здраво и право дете. Зашто, посвојувањето чини од 5.000 до 25.000 евра. Иако има доволно деца за посвојување, а има и доволно кандидати за родителство, листата на чекање постојано брои 350-400 заинтересирани парови за обезбедување топол дом и семејство за децата и новороденчињата сместени во згрижувачките државни домови.

Со вакви податоци вчера излезе Здружението на деца и младинци без родители од детските домови и дом-семејства „Градиме иднина“. Неговиот претседател Илија Јовановиќ укажа на присуство на корупција во сите фази на посвојување.

Процесите за посвојување траат со години, во некои случаи и со децении, поради што многу од кандидатите за родителство се решаваат да и' понудат висока сума на надлежната комисија при Министерството за труд и социјална политика за побрзо и посигурно да дојдат до дете. Токму финансиски исцрпувачкиот процес, како и долгогодишното тапкање во место по приложената апликација, ги демотивираат кандидатите кои навреме не фатиле „врски“, па не е мал бројот на оние што се откажуваат од желбата воопшто да згрижат дете.

По укажувањата на повеќе загрижени граѓани околу ваквите проблематики, присуството на мито и корупција во посвојувачкиот процес и условите на децата без родители, Јовановиќ најави дека на 9 април во Домот за хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ ќе се одржи самоиницијативна средба меѓу кандидатите за посвојување и членовите на „Градиме иднина“. Здружението ја организира средбата со цел да се разменат ставови, мислења, идеи и решенија околу постојната законска регулатива за посвојување.

Јовановиќ ја образложи и идејата за формирање надворешна комисија од страна на Здружението, која би била составена од педагози, социјални работници, правници, адвокати. Таа ќе има задача да ги испита моменталните состојби и проблемите со кои се соочуваат кандидатите за згрижување деца, по што ќе треба да изготви барање до Владата за изменување на Законот за посвојување. Од надлежното министерство ќе се побара да се отвори посебна агенција, која ќе се грижи за посвојување и обезбедување соодветни услови на децата и новороденчињата.

„Грижата и безрезервната љубов што ќе ја дадат новите родители треба да бидат на прво место, а не нивниот материјален, станбен, брачен и психосоцијален статус. Апелирам до надлежните да реагираат и околу биолошките родители кои секојдневно ги малтретираат и тепаат своите деца. На таквите несовесни граѓани треба да им се одземе можноста за родителство и да се воведат поригорозни казни поради претрпените трауми на децата“, рече Јовановиќ, истовремено коментирајќи го новиот Правилник за посвојување на Министерството за труд и социјала, според кој повисоко ќе се бодираат лицата што имаат станови од 120 квадрати.


via: Utrinski vesnik

ИЗВОРНА ПОРАКА: veckasr

ako ako neka ni barat mito samite sme si vinovni zatoa  sto si molcime i ne gi prijavuvame tie sto ni barat mito da odime da gi prijavuvame na nadleznite organi za mito i korupcija nema da bide bas taka 

ИЗВОРНА ПОРАКА: veckasr

ako ako neka ni barat mito samite sme si vinovni zatoa  sto si molcime i ne gi prijavuvame tie sto ni barat mito da odime da gi prijavuvame na nadleznite organi za mito i korupcija nema da bide bas taka 

ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

ИЗВОРНА ПОРАКА: veckasr

ako ako neka ni barat mito samite sme si vinovni zatoa  sto si molcime i ne gi prijavuvame tie sto ni barat mito da odime da gi prijavuvame na nadleznite organi za mito i korupcija nema da bide bas taka 


За жал ова НЕ помогне!!! 
Функционар (државен советник) од мнистертво ставио нам је прашанје - како ние да убедиме КОМИСИЈА дека ние смо најдобри родители, најдобра двојка. Ние сме изјавили дека многу сакаме деца, да смо добри луѓе.
Он вели СИТЕ ВО РЕГИСТЕР се добри луѓе. Зашто да комисија одабере вие?
Ние велиме потоа што ние навистина сме добри луѓе.
Он вели КОМИСИЈА Е МАЛКУ СТАРОМОДНА.
Ние гледаме?????
Он вели ако јас разговарам со комисија и је убједим на прави начин, вие ке добиете деца веч во сабота, ако не разговарам вие никогаш нема да добиете деца од МК (разговор бев во 2010).

Бевме многу тажни, отидовме дома во сло и чекаме ... да дојдеме на ред на правичен начин или никогаш. Убједување на комисија за нас никогаш нема да биде опција.

Потоа информираме надлежните органи што се случило и сега сите се информирани. И ШТО Е РЕЗУЛТАТ? Процедура се враќа на почеток.




ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори


ИЗВОРНА ПОРАКА: veckasr

ako ako neka ni barat mito samite sme si vinovni zatoa  sto si molcime i ne gi prijavuvame tie sto ni barat mito da odime da gi prijavuvame na nadleznite organi za mito i korupcija nema da bide bas taka 


точно така Вецка. Се пријавува во полиција, се местат обележани банкноти или се озвучува. Од тоа никој не избегал. Инаку на рекла казала никој нема ништо да направи.



ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

Да би било толико едноставно ...
замисли вообична брачна двојка која се години боди да добије дете ... медицински испитувања, инјекције, ивф, трансфери ... увјек лоша вест ... потао одлучи дека отвори своје срце за дете које остало без родители ...
нови испитувања од социален работник, оно малко интимности која остане након ивф-а засигурно ке изгубиш код социален работник ...

Статистички неколико од двојки које се во ивф никогаш не добије биолошко дете, некоико од оних одлучи да посвоји ... па ако имају храброст да оде во полиција, да се спротиставе на систем ... нека ... имаат моја целостна поддршка.

Али они луѓе од Мниистертво који потраже пари, који продават деца знају најдобро што значи лјубав кои дете ... знају да надеж последна умире и да сите који чекат дете ќе шуте додека имат барем малку надеж.

Прашајте на тема вештачко оплодување колико жени може да се откажат од својих соништа да еден ден станат мајки. Да одеш во полиција значи да се откажаш од својих соништа. Систем е голем, посвојување е добар бизнис и сите се поврзани. Никогаш нема да добијеш дете.

Ова е психичка тортура која може да се разбере само од страна на оние кој го доживеле.

ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

апсен е 62-годишен трауматолог од Клиниката за трауматологија при Клиничкиот центар во Скопје поради барање на поткуп од 1.000 евра, информираат од Министерството за внатрешни работи.

виа Точка

значи вака се прави, ако се сака да се докаже нешто. И од ова нема бегање. Се друго е ветер и магла. Без доказ нема криминал.

Тоа е право. За емоции не дискутирам. Да не си им во кожа на посвоителите.

ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

или ние сега сме на форум или на суд ... сакав само да појаснам зашто луѓе не трче во полиција ... тоа е се ...

ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

и јас сакав да ти појаснам како се докажува барање мито. Не сме на суд, ама ако веќе сакаме да окривиме некој за барање поткуп, треба да размислиме и да го докажеме тоа. Да не испадне само празни зборови.

ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

Да не испадне само празни зборови.


за жал само празни зборови и скршено срце

ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори


ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

Да не испадне само празни зборови.


за жал само празни зборови и скршено срце


е јеби га... живот, некогаш си моќен, а некогаш си тотално немоќен да направиш нешто.... Ама може има некој од тебе поголем па ќе го смени текот на нештата...


ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

може има некој, надам се да има некој ... но јас требам да живим секој ден со чинјеница да могла би веќе 10 месеци имати деца, ако на питанје како да убједимо комисија имала некој другчији одговор

да би била нека друга особа, која нема граници и може да дава мито онда денес била би мајка ... била би мајка

секој ден  само една мисла, да сум друга особа сега била би мајка

не е лесно да се живи со таа мисла

ИЗВОРНА ПОРАКА: Julie

се надевам дека барем еден од паровите кои се во постапка на посвојување и кои се соочиле со барање на пари од одредени лица, односно купување на дете, ќе бидат доволно храбри да го пријават случајот и да соработуваат со инситуциите за откривање на оние кои продаваат деца. Знам дека сето тоа е тешко и болно за идните посвоители но помислата дека на тој начин ќе помогнат многу деца да бидат посвоени на прав начин а не продадени треба да им даде сила. Сепак треба да сватиме за да надлежните органи превземат нешто потребно е да имаат соработка со правите лица (оние на кои им се побарани пари), потребно е да постојат цврсти и реални докази.

Се до оној момент до кога се шушка, кажува, прекажува, вака било, така било, тешко дека нешто ќе се постигне.

ИЗВОРНА ПОРАКА: misticia

за жал почнав да верувам дека погрешната страна соработува со институциите

а оние кои се прогласени за „фатени“ на овој или оној начин почнав да верувам дека ако не стоеле на патот на некој поголем криминалец од себе си немало да бидат фатени

за жал почнав да се надевам дека агнес ќе се избори да си ги добие децата од македонија пред македонија да ја снема

не верувам дека вакви какви што сме ќе опстоиме долго

дали сум доволно песимист?


ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom

ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77


секој ден  само една мисла, да сум друга особа сега била би мајка



А што ако станеш мајка, а се изгубиш себе си на патот (доколку станеш мајка на тој валкан начин)
Голем човек си ти Агнес !!!
Која е таа „мајка“ што ќе го гледа детето во очи и ќе му ја каже вистината дека го купила за пари


ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

фала Мартинс мам ... али не сум голем човек, само жена која сака да стане мајка ... целта е иста за сите, но пат е различен

и ако добро знам што е дозволено и што није, не можем да престанем да размишлувам, колико блиску бев ...
како може некој да си игра со човечки живот

ИЗВОРНА ПОРАКА: ananikol

ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори


Се пријавува во полиција, се местат обележани банкноти или се озвучува. Од тоа никој не избегал. Инаку на рекла казала никој нема ништо да направи.





Jas vednas ke se izvinam zatoa sto nema da komentiram direktno za temata ama mi padna vo oci komentarot na viktori.
Da objasnam;Edni prijateli plakaat kirija za dukan sekoj mesec 20.000 denari pri toa sto 15.000 mu davaat kesh v race na gazdata a 5.000 mu gi uplakaat preku smetka za gazdata da izbegni danok-se razbira ama na prijatelive ne im odgovara i tie treba da pravadaat kade im odat parite neli?, jas im velam ako vas vi e strav  jas ke prijatam i go napraviv toa.Go dobiv sledniot odgovor;Gospogo,toa se mala suma na pari vo takvi slucaevi ne prevzemame nie nisto.....prijavete vo (neznam koja tocno ) inspekcija.
Se javiv i tamu - nisto..
Taka da se bega i toa kako...A zatajuvanje na danok e navistina seriozna rabota vo evropa ama ete kaj nas neeee.

ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

da, ama e razlicno vo slucajov. Zatajuvanje danok i baranje mito. Ne sum pravnik da ja znam razlikata vo tezinata na krivicnoto delo, ama jas gledam sekojdnevno uapseni lugje za mito. Ne znam na zapad kako e... ama ko sto gledam barem za mito ne e nisto razlicno, razlicna e samo brojkata na nulite vo iznosot...Go fatija, go stavija na ju tjub i ke odgovara. Ne za drugo tuku zatoa sto cel svet go vide. Taka nekako i tuka e.


ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

свугдје има мито, свугдје има корупција ...

но нешто е кад пратиш нешто тако на ТВ а нешто друго е искуство као наше ... дојдев 1000 км далеко во  „земја ваше деце„ како нас убједили и ние глуп и наиван до краја, верували дека луѓе се добри, фер и гриже се за деца ...

лута сум најмногу на себе ... колико наивна бев ...
можеби некој не сака дека зборувам за моето искуство, но јас требам да зборувам само зато да луѓе знаат, да имат информации, да не им се скрши срце као мени




ИЗВОРНА ПОРАКА: veckasr

agnes objavi ja tvojata storija niz mediumite ne molci bidi hrabra kazi se sto kako ti se ima sluceno   nema da bide bas taka ke se prevzemat nekoi merki  zatoa sto i drugi zeni ke doziveat toa neubavo iskustvo kako tvoeto 

ИЗВОРНА ПОРАКА: vesna1

Agnes, ne znaev deka direkno ti pobarale mito. Pa zosto ne otide vo policija ke gi namestea so obelezani pari.
Mila moja mnogu mi e zal za tebe, ne sum videla nekoj tolku resitelen kako tebe, no na zalost izgleda bez da dades pari nisto nema da se sluci. Ili da dignes glama vo mediumi ke se resi. Ne cekaj, ja imas nasata podrska.

ИЗВОРНА ПОРАКА: denim

лута сум најмногу на себе ... колико наивна бев ...
можеби некој не сака дека зборувам за моето искуство, но јас требам да зборувам само зато да луѓе знаат, да имат информации, да не им се скрши срце као мени

Zatoa misla deka pri vakvite sostojbi "borbata" tek zapocnuva i se koristat site raspolozlivi sredstva pri ostvaruvanje na celta, bez pardon... i ubedena sum deka vo site i najzatrueni opstestva koga ke se izvadi prljaviot ves javno, na videlina, pravdata na kraj ke bide zadovolena.

ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

ИЗВОРНА ПОРАКА: vesna1

Agnes, ne znaev deka direkno ti pobarale mito.


нико није споменуо пари ...ставио е само прашанје како ќе ние убједимо комисија дека ние сме најдобри ... а наш одговор бев дека смо добри луѓе ...
потоа процедура застала ... и сега да идем во полиција и кажам, господин ... прашао нас је како ќе убједиме комисија ...


ИЗВОРНА ПОРАКА: veckasr

pa kako ke gi ubedite preku mediumite tuka taka se resavaat problemite samo preku mediumite kratko i jasno ke kazete sto vi seslucuva   oti  cekate mnogu vreme da posvoite dete  da se zabrza postapkata da se otkrie koj se zema mito za da ne stradaat i drugi parovi kako vas agnes znam deka mozete da go storite toa bidejki vie ste silna hrabra i izdrzliva zena  

ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

via:utrinski






Корупцијата ги изеде и посвојувањата

Со години посвојувањето е една од најматните работи, тврдат од здружението „Градиме иднина“

Жаклина Ѓорѓевиќ

Велешанка што живее во Канада поднела документи за посвојување дете од Македонија, но се разочарала кога и' побарале поголема сума пари. Таа кренала раце од намерата да посвои дете и се вратила во Канада, разочарана од ваквиот однос на надлежните институции.

Ова е само еден од случаите што пристигнале на адреса на Здружението на деца и младинци без родители од детските домови и дом-семејства „Градиме иднина“. Претседателот на здружението, Илија Јовановиќ, има сознанија дека, наводно, членови на Комисијата за посвојување барале по 5.000 евра за посвојување дете. Јовановиќ тврди дека има корупција при посвојувањето. Поради тоа, има намера да ги обедини барањата на сите посвоителите на кои им е побарана корупција и да побара средба со премиерот на која тие сами ќе му ги раскажат своите искуства и доживувања додека се обидувале да посвојат дете. Иако, вели тој, и досега дека редовно го известувале за сите скандалозни случаи.

„Со посвојувањата владее мафија, но таа не е отсега, постоеше и порано, и за време на претходните влади“, тврди првиот човек на здружението, Јовановиќ, кој најави дека докрај ќе ја истера правдината со посвојувањата.

Пред извесно време овој човек излезе со тврдење дека за посвојување се бара од пет до 25 илјади евра. Според него, иако има доволно деца за посвојување, како и кандидати за родителство, листата на чекање постојано брои 350-400 заинтересирани парови за обезбедување топол дом и семејство за децата и новороденчињата сместени во згрижувачките државни домови. Процесот на посвојување, според него, трае со години.

Еден од потенцијалните посвоители, кој подолго време сонува да стане родител, е и скопјанец што веќе седум години е на листата на чекање за посвојување.

„Веќе немам нерви да чекам да добијам дете зашто времето ме гази. Постојано ми даваа разни изговори за да ми ја пролонгираат постапката. Ни најавија дека ќе добиеме бројчиња кога ќе почне електронското посвојување, а еве и сега нема ништо од тоа“, вели тој, разочаран што работите кај него се' уште не мрднале од мртва точка.

Самиот министер за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, пред извесно време потврди дека слушнал разни информации околу злоупотребите со посвојувањата и затоа ги повика истражните органи да ги проверат наводите, посебно за посвојувањата во странство.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека сите тврдења за корупција во редовите на Министерството се на ниво на шпекулации, бидејќи досега кај нив никој не пријавил таков случај. Иако, велат оттаму, постојат случаи на можни посвоители што поднеле документи, а потоа ги повлекле, но најчесто поради болест. Надлежните од Министерството тврдат дека електронскиот систем на посвојувања, со кој се сакаше да се избегне субјективниот фактор при одлучувањето, веќе почнал да функционира. Со помош на овој систем во тек на посвојување се десетина деца што веќе се на адаптација кај посвоителите. Одговорните демантираат дека посвоителите ќе добијат посебни бројчиња под кои ќе се водат. Напротив, тврдат дека за нив ќе важат истите бројчиња што ги имале и досега.

Во моментов за посвојување чекаат шеесетина деца, велат од Министерството, а бројот на посвоители е над 300.

ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

агнес ако си решена да одиш до крај и имаш сила и енергија фино лепо врати се кај тој господин и речи му дали тој сеуште може да ја убеди комисијата дека сте добри луѓе...ете сте размислиле и нек иде да ја убеди со толку и толку и толку пари. Разговорот се снима со скриен диктафон, банкнотите одбележани, полиција известена - тоа е тоа што го зборува Виктори...Без докази може да се раскажуваат приказни колку сакаш. Дали ќе ги добиеш децата не знам....ама барем тој што нудел мито ќе биде упасен...Уште подобро ако е тоа фатено на камера....Се додека е на рекла казала само имаш ти и и уште многу други посвоители скршено срце и имаме тажни и осамени деца во дом кои инаку би можеле да бидат посвоени

ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

наш предмет многу е познат зато такав андер кавер бизнис не е опција, се дадевам дека нетко се пронајде који је у позицији да уради нешто тако

ИЗВОРНА ПОРАКА: Julie

Агнес не се согласувам целосно со твојот став, навистина има многу работи кои може да се направат... треба да дојдете тука. Нервозно го пишувам и овој пост, но уште еднаш јавно те молам ДОЈДЕТЕ ТУКА не молчите и не чекајте повеќе!

ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

Јулие фала за твоја поддршка и фала зато што мислиш дека сум доволно силна и храбра, фала за подршка од сите на РР

али на крају јас не молчим целосно... се обратив на институции се обратив на премиер ... зборувам за наше искуство на РР ... али на крајот на денот јас сум она која стои пред празна соба за деца и плаче ... мој живот се промени засекогаш и немам моќ, немам енергија и немам сила да се борим ... дјевојчице се граѓани на РМ и јас сум само еден  странец ... 1 година и 8 месеци чекање да потворно видиш детето те промени засекогаш, не спаваш, не веруваш никоме ... што да кажам, побједили су, скриушили су ме ...

ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

Мислам дека мора да најдеш сила да направиш нешто, баш за девојчињата. Нормално ако сакаш. Отварање теми на РР не верувам дека му значи нешто на некого...Можеби на тебе, се чувствуваш како да правиш нешто, ама верувај Агнес ништо не правиш. На никого не му е гајле што е пишано на форум од некој си ник....
Верувам да скршено срце, море солзи исплакано, ноќи неспиени, ама реално што е направено друго?


ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

проблем е поголем  од мене, сло и мк треба да решават ситуација, до сега јас урадив све што могу ... и ако скрушена сум многу, уште не е крај ... се борим на мојот начин, можеби да није најдобар или најефикасен, али не знам колико луѓе во моја ситуација уопште се бори ... на тај или другчији начин





_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Медиумски натписи во врска со посвојување...
13.6.2011 0:00:02   
siki1
ve citam i mnogu sum razocarana od site ovie raboti sto se slucuvaat vo makedonija.a jas samo sto vlegof tuk da vidam kako se dvizat rabotite kako se stignuva do posvojuvanje na dete,no uste ne pocnata so procedura veke sum isplasena.jas sum veke iscrpena od moite neuspesni ivf i se odlucif za ovaa rabota no eve gledam deka ova bilo mnogu poteska rabota .no zosto stvarno ne mi e jasno kakva e ovaa drzava

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Медиумски натписи во врска со посвојување...
17.8.2011 14:50:25   
blue_blue
И после немало доволно деца за посвојување доволно....Абе ми се гади колку се нечовечни, алчни и одвратни, а ние ништо не можеме да направиме....


За пет месеци во болниците 24 напуштени бебиња
Малолетнички ги оставаат бебињата во родилиште

user posted image

Социјалните работници велат дека жените кои решиле да ги остават своите бебиња не треба да се сметаат за монструми затоа што некои од нив се силувани, други, пак, неуки кои доцна ја забележале бременоста Во последните пет месеци 24 бебиња биле оставени од своите мајки уште во родилиштата.
Според статистиката на здравствените установи во земјава, најголем процент на трудници кои ги оставиле своите бебиња уште во родилиште се млади и немажени девојки. Социјалните работници велат дека жените кои се одлучиле на ваков чекор не треба да бидат жигосани како монструми затоа што некои од нив се неуки, некои, пак, силувани.
Не знаат кој е таткото
Јагода Арсенова од Клиничкиот центар во Скопје вели дека да се биде мајка се подразбира дека таа треба да биде покрај бебето, да се грижи за него. Но, некои жени се затекнати од несаканата бременост од кои било причини, затоа мајката која го остава бебето, секако не е монструм.
- Пред да се породи жена која најавува дека станува збор за несакана бременост или од кои било причини го остава во родилиште, нашите служби работат со идната мајка, разговараме и ја охрабруваме да го задржи бебето. Секогаш детето ~ припаѓа на мајката што го родила. Најчесто тоа им се случува на малолетнички, млади жени, немажени, од внатрешноста на државата, кои биле затекнати од бременоста, студентки. Но, има и случи кога жените се силувани или велат дека не знаат кој е таткото на детето. Тие бебето го имаат како товар и одвај чекаат да го тргнат од себе за да продолжат со животот. Кај нас с` уште постои срам кој ги принудува жените на тој чекор - објаснува социјалниот работник Арсенова.
Таа дополнува дека во последно време се случува мајки кои родиле и четврто или петто дете, од материјални причини да го остават бебето в болница. Вообичаено, станува збор за неуки жени кои бременоста ја забележале доцна. Арсенова вели дека такви случаи порано биле реткост. Мајките ги оставаат и децата со физичка аномалија, а невообичаено е што во таквите случаи татковците повеќе инсистираат да го задржат бебето, забележале лекарите.
„Мајчин дом“ полн со напуштени деца
На одделението за гинекологија и акушерство во Скопје велат дека од јануари до август дури 20 мајки ги оставиле своите деца веднаш по раѓањето. Саша Јовчевски, директор на Клиниката вели дека бројот од 20 деца е релативен оти дел од мајките сепак доаѓаат по своите чеда.
- Мајката која сака од кои било причини да го остави бебето, тоа може да го направи уште во родилиште. Секоја жена што ќе роди ако уште во болница не сака да го види бебето, ние не ~ го даваме. Таа два до три дена по раѓањето може да ја напушти болницата. Одреден период ние го чуваме бебето на одделението со другите новородени деца, во случај мајката да се премисли и да си го земе бебето. Ако мајката, сепак, не се врати по бебето, преку центрите за социјални работи, тоа се носи во дом - вели Арсенова.
Мендух Јегени, директор во родилиштето во Чаир вели дека за разлика од минатите години кога имало по пет деца годишно што ги оставале мајките, за првите шест месеци од годинава засега има само едно напуштено бебе. Во Македонија постои само еден дом кој згрижува напуштени бебиња „Мајчин дом“ во Битола. Од домот велат дека од април до август годинава се згрижени 24 бебиња кои мајките ги оставиле во здравствените установи во родилишта низ земјава.
Наташа Младеновска, директорка во „Мајчин дом“ вели дека тие имаат законска обврска да ги згрижат, да им дадат нега и здравствена заштита на бебињата кои доаѓаат во домот од раѓање, па с` до тригодишна возраст. Во домот постојат посебни простории и за бремени жени кои најавиле оти имаат намера да се откажат од бебето.
- Во домот има услови да се згрижат четири жени. Се згрижуваат кога се во осмиот месец од бременоста и може да останат три месеци откако ќе се породат. За тој период нашите служби од социјални работници и психолози ~ помагаат на мајката да се реши да си го задржи бебето. Во моментот во домот има 62 бебиња или вкупно 101 дете, од нив околу 20 проценти се деца со пречки во развојот - вели Младеновска

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Медиумски натписи во врска со посвојување...
17.8.2011 22:09:28   
temjana
of majkini ubavi user posted image user posted image user posted image nemozam srceto mi se kine koga ke mi tekne na napushtenite dechinja, i kolku e za zal patot do nov tezok

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Медиумски натписи во врска со посвојување...
8.9.2011 10:12:36   
Octavia
Јас ова го прочитав денес и ме допре до срце... Извинете, не е преведено (се надевам нема да е проблем)
(Ова е само делче од приказната за едно успешно посвојување)

I otišli smo. I oni su nas čekali i rekli - znali smo da ćete doći pa smo dogovorili da je idete vidjeti.

Ništa, nikakve riječi ne mogu opisati taj dan, taj sat, taj trenutak. Kad sam podigla svoju kćer, a ona se nasmijala od uha do uha svojim bezubim osmijehom i onda se pripila uz mene i zaspala. Držala sam je satima, utrnule su mi ruke, ramena, leđa... Nešto sam joj mumljala i zibala je, a ona je mirno spavala. Netko me kuckao po ramenu, nudili su me kavom, sokom. Ništa, nikoga nisam čula, čudno su svi govorili tiho, samo su micali ustima i smiješili se. Muž nije govorio. Obavio ju je rukama u mom naručju i osjetila sam kako mu se ramena tresu. A mrvica je sasvim mirno mljacnula i spavala dalje. Niz obrazić su joj tekle naše suze.

Posve sam uvjerena kako duše djece negdje na nebu biraju svoje roditelje. I naša je mrva izabrala nas. Nismo je mogli roditi, čekala je dugo. A onda je našla način da dođe svojoj mami i tati.

Mi nemamo više želja za sebe. Naše su sve želje sada samo za nju, da uspije u životu, da bude sretna i da voli sebe i druge onako kako mi volimo nju.

Jedna Mama

(Одговор на членот temjana)
Непосредна врска до пораките: 11
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Вода за деца.
пеперутка16

Мамички, колку месеци варевте вода за вашите бебиња?